TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нови напади на бунтовниците во Ирак

А1 - 03.07.2004

Петмина припадници на ирачката национална гарда се убиени, а други петмина ранети во денешните напади на бунтовниците врз контролен пункт на полицијата јужно од Багдад, соопштија медицински извори. Американски маринец почина денеска во ирачката провинција Анбар, како последица на повредите здобиени ...

Јордан е подготвен да испрати војници во Ирак

Утрински - 03.07.2004

Ако го побара тоа новата привремена влада во Багдад ЈОРДАН - Јордан ја разгледува можноста да испрати свои војници во Ирак ако го побара тоа новата привремена влада, изјави кралот Абдула. ?Ако Ирачаните побараат помош директно од нас, ќе ни биде многу тешко да ги одбиеме°, изјави тој за програмата ...

Ирак и Авганистан однесоа речиси 1.000 американски војници

Време - 02.07.2004

Најмалку 982 американски војници загинаа од почетокот на воените операции во Авганистан и во Ирак, пишува римскиот весник „Стампа“. Според процените на „Стампа“, во Ирак загинале 855 американски војници, од кои 221 при несреќни случаи или грешка во „пријателски оган“, додека во Авганистан биле ...

Има суверенитет, нема струја

Дневник - 02.07.2004

ПО ПРЕДАВАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ИРАК Се уште не е јасно што добива новата привремена влада на премиерот Алави Ирачанецот Мохамед Џони како залепен седел до телевизорот во дневната соба во својот стан во Багдад и гледал натпревар од Европското првенство во фудбал, и тогаш шанса за гол и...

BCC: „Наместо во Ирак Британија ќе испрати војници во Авганистан“

А1 - 01.07.2004

Британската Влада нема да испрати дополнителен број на вијници во Ирак, но затоа ќе го зајакне своето присуство во составот на силите на НАТО во Авганистан, јави синоќа британската телевизија Би-Би-Си. Британската Влада планираше дополнително да испрати 3.000 војници во Ирак, со цел да се пополни ...

Ирак повторно ја воведе смртната казна

Утрински - 01.07.2004

Веднаш по предавањето на сувереноста во рацете на привремената ирачка влада ДУБАИ - Ирачката привремена влада одлучи повторно да ја воведе смртната казна, а понуди и амнестија за Ирачаните кои не ги извалкале рацете со крвта на своите сограѓани, вчера беше цитиран претседателот Гази ал Јавар.

Македонски командоси ќе ја тренираат новата ирачка армија

Дневник - 01.07.2004

ПО ПРЕДАВАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ИРАК "Волците" веќе девет месеци вршат обука на одредени единици на новата ирачка војска Македонија, најверојатно, ќе го зголеми бројот на свои војници во Ирак, а контингентот ќе добие задача да ги обучува новите ирачки сили за безбедност.

Дипломатски "Бондстил" во Багдад

Утрински - 30.06.2004

Коментар Димитар Чулев Америка ќе ја изгради најголемата амбасада на светот и тоа во Багдад. Фактите дека американските власти по предвременото примопредавање на власта во Багдад, што маркетиншки коинцидираше со истанбулскиот самит на НАТО, најавија изградба на своевиден дипломатски ?Бондстил" со ...

Американецот стрелан,Турците ослободени

Дневник - 30.06.2004

ЗАЛОЖНИЦИ ВО ИРАК Група ирачки терористи пред камери прексиноќа го егзекутирале американскиот војник Кит Маупин, грабнат на 9 април при напад врз воен конвој западно од Багдад, јави МИА. На снимката, емитувана на катарската телевизија "Ал џезира" се гледа како ирачки терорист го застрелува во ...

Ослободени тројцата турски заложници во Ирак

А1 - 29.06.2004

Тројцата турски цивили кои беа заложници на ирачки милитанти денеска се ослободени, објави катарската телевизија Ал Џезира. Ослободувањето на заложниците го потврди и претставник на турското Министерство за надворешни работи.

Британците поделени околу очекувањата од новата ирачка влада

А1 - 29.06.2004

Британците се поделени околу изгледите за успех на новата ирачка влада, објавија денешните лондонски медиуми повикувајќи се на податоците од извршеното испитување на јавното мислење. Повеќе од 45 осто од граѓаните веруваат дека демократската влада на Ирак ќе успее да се справи со предизвикот на ...

Емитувана снимка од стрелање на американски војник

А1 - 29.06.2004

Катарската телевизија Ал Џезира синоќа емитуваше видео снимка на која се гледа како група ирачки екстремисти го стрелаат американскиот војник Кит Маупин, киднапиран на 9 април оваа година, при напад врз конвој на Армијата на САД западно од Багдад.

Ирак доби суверенитет два дена порано

Вест - 29.06.2004

БАГДАД, 29 јуни, (Ројтерс) - САД вчера и го предадоа суверенитетот на преодната ирачка влада два дена порано од очекуваното со цел да ги спречат герилските напади, и тоа со ненадејна церемонија која формално и стави крај на 14-месечната окупација.

Македонија ќе ја „гради“ ирачката армија

Време - 29.06.2004

БУЧКОВСКИ ВО ИСТАНБУЛ Македонија е подготвена како партнер на САД и партиципиент во мултинационалната антитерористичка коалиција да се вклучи во развивањето и изградбата на армијата на Ирак, по преземањето на власта од Ирачаните.

САД предвреме им го вратија Ирак на Ирачаните

Време - 29.06.2004

ПРЕДАВАЊЕ НА ИРАЧКИОТ СУВЕРЕНИТЕТ Сојузничката администрација, предводена од САД, повеќе не раководи со Ирак. Од вчера ирачката Влада повторно има суверенитет над земјата, а американскиот управник Пол Бремер си замина, по кратка церемонија со ирачкиот премиер Ијад Алави, два дена пред очекуваното ...

САД ја предадоа сувереноста во рацете на Ирачаните

Утрински - 29.06.2004

Два дена пред предвидениот термин извршен трансфер на власта во Багдад На новата власт и се забранува да донесува долгорочни политички одлуки и нема да ја има контролата над повеќе од 160.000 странски војници кои ќе останат во Ирак Соединетите Американски Држави и формално ја предадоа власта во ...

Заврши окупацијата на Ирак

Дневник - 29.06.2004

ДВА ДЕНА ПОРАНО ОД НАЈАВЕНИОТ ДАТУМ Целта на предвременото предавање на власта било да се спречат терористички напади, какви што веројатно биле планирани за најавената церемонија на 30 јуни Американскиот администратор на Ирак вчера изутрината неочекувано ја предаде власта на привремените ирачки ...

Македонија подготвена да се вклучи во обновата на армијата на Ирак

А1 - 28.06.2004

Македонија е подготвена како партнер на САД и партиципиент во мултинационалната антитерористичка коалиција да се вклучи во развивањето и изградбата на Армијата на Ирак, по денешното преземање на власта од страна на Ирачаните.

Блер скептик околу вклучувањето на НАТО во Ирак

А1 - 28.06.2004

Британскиот премиер Тони Блер се надева на „мал успех“ од Самитот на НАТО што се одржува во Истанбул, кога станува збор за вклучувањето на Алијансата во активностите во Ирак и за засилување на нејзината улога во Авганистан, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на извори од владиниот Кабинет.

Предвремено предавање на власта во Ирак

А1 - 28.06.2004

Коалиционите сили во Ирак утрово и ја предадоа власта во земјата на привремената ирачка Влада. Предавањето се случи во 10, 26 часот по локално време. во т.н. зелена зона во Багдад 2 дена порано од предвидениот краен рок 30 јуни.

Две автомобил-бомби убија 23 лица во градот Хила

Утрински - 28.06.2004

Три дена пред предавањето на власта во среда, Ирак погоден од ново насилство Привремениот премиер Ијад Алави планира да понуди амнестија за оние кои се спротивставуваат на американската окупација „од очај" БАГДАД - Две автомобил-бомби експлодираа во Ирак при што се стравува дека загинаа 23 лица, ...

Предвремено предавање на власта во Ирак

Канал5 - 28.06.2004

Коалиционите сили во Ирак утрово и ја предадоа власта во земјата на привремената ирачка Влада. Предавањето се случи во 10, 26 часот по локално време. во т.н. зелена зона во Багдад 2 дена порано од предвидениот краен рок 30 јуни.

Македонија подготвена да се вклучи во обновата на армијата на Ирак

Канал5 - 28.06.2004

Македонија е подготвена како партнер на САД и партиципиент во мултинационалната антитерористичка коалиција да се вклучи во развивањето и изградбата на Армијата на Ирак, по денешното преземање на власта од страна на Ирачаните.