TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Отворен тендерот за 912 лека на рецепт

Дневник - 20.10.2007

Во трката за набавка на 912 вида лекови на меѓународниот јавен повик што го распиша Фондот за здравство учествуваат 27 веледрогерии. Понудите биле отворени вчера, во присуство на овластени лица од сите доставувачи што влегле во втората фаза на тендерот.

Се очекува големо намалување на цените на лековите

Време - 20.10.2007

ОТВОРЕНИ ПОНУДИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ТЕНДЕР Понудената цена ќе биде пресудна за тоа која од 27 веледрогерии, ќе може да набавува 912-те лека од позитивната листа. Во Фондот за здравствено осигурување вчера беа отворени понудите за лековите од листата.

Отворен Меѓународниот тендер за набавка на лекови

А1 - 19.10.2007

Цената, а не квалитетот е основниот услов за 27-те компании кои понудија свои лекови на Меѓународниот тендер. Во Фондот денеска беа отворени понудите. Над 900 препарати ќе се најдат на тендерот, од кои 56 се од новата позитивна листа на лекови. Ќе бидат избрани оние кои ќе понудат најевтини лекови.

ФЗОМ: Почна отворањето на понудите на тендерот за лекови

Канал5 - 19.10.2007

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) информира дека денеска во присуство на овластени лица од кандидатите почна отворањето на понудите од Меѓународниот ограничен повик за набавка на лекови од листата лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ и кои се издаваат во примарната и болничката ...