TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поштенската марка со Тоше Проески почнува да се печати од следната недела

Канал5 - 02.12.2007

Идната недела започнува печатењето на поштенската марка со Тоше Проески, потврдија првите луѓе од Македонска пошта. Скопската печатница Скен Поинт се организира – ќе се работи во неколку смени за да се постигне за една недела да бидат испечатени еден милион марки со ликот на Тоше.

Тоше личност на годината во Хрватска

Макфакс - 02.12.2007

Загреб Македонскиот пејач Тоше Проески е личност на годината во изборот на хрватскиот интернет портал Дневник.хр. За Тоше гласале убедливи 48 проценти од вкупно 21.025 читатели на хрватскиот портал, кои учествувале во анкетата.

Холивуд бил заинтересиран да сними филм за Тоше

Утрински - 01.12.2007

Талент Неофицијално преговорите за филм се водат преку „Аворд продукција“ и нивните партнери Приказната врзана за вонсерискиот талент на Тоше Проески и одгласите по неговата трагична смрт низ цела Европа (информациите на светските портали, како и текстовите во реномираните „Тајмс“ и „Гардијан ) ...

Македонка настрада во близина на местото каде што загина Тоше Проески

Макфакс - 01.12.2007

Загреб Македонската државјанка Вера Михајлова загина ноќеска на автопатот Загреб-Липовац, во близина на Нова Градишка, на само два километра од местото каде што на 16 октомври загина Тоше Проески. Според хрватската полиција, до несреќата дошло кога 19-годишен македонски државјанин, кој управувал со ...

Хуманоста најважен сегмент од животот на Тоше

Утрински - 30.11.2007

МАГАЗИН: Хуманост За своите хумани дела Тоше беше награден со статуета „Мајка Тереза“, која на последниот концерт на 5 октомври на Градски стадион и' ја подари на својата мајка Доменика Проески беше голем хуманитарец, лек за болка и патила на многу деца и, воопшто, на луѓе од најразлична возраст ...

ТВ-дебатата „Бисери“ ја огорчи јавноста

Утрински - 30.11.2007

Огромен е бројот на реакции, писма и мејлови што вчера пристигнаа во нашата редакција Вчера мејлот на „Утрински весник“ буквално беше преплавен со писма и реакции на гледачите кои завчера ја следеа емисијата „Бисери“ на Анета Кочишки.

Човек со топ де ла топ вокал

Утрински - 30.11.2007

МАГАЗИН: Сцена Тоше Проески за Александар Масевски беше и остана човек со вонсериски гласовни можности ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА На 16 октомври, утрото кога трагично загина нашата поп-икона Тоше Проески, неговиот колега, музичарот Александар Масевски, леташе за Амстердам.

Обвинителството бара истрага против возачот на Тоше

Дневник - 30.11.2007

НА ТОШЕ Осомничениот Георгиески пред хрватските органи изјавил дека не се сеќава на ништо оти бил во шок Скопското обвинителство побара од судот да отвори истрага за тешката сообраќајна несреќа во која загина познатиот македонски пејач Тоше Проески.

„Бисери“ го зацрнија новинарството

Дневник - 30.11.2007

Односот на новинарите во телевизиското соочување со Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, од вчера е под жестока критика и осуда од јавноста Срамота, мизерија, приземност, неписменост, некултура, скандал.... Ова беа само дел од реакциите на гледачите по прексиноќешното емитување на ...

Нашат љубов беше чиста како солза

Вест - 30.11.2007

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ: АНДРИЈАНА БУДИМИР ЗА НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ СО ТОШЕ Кога ми рече дека сака да дојде кај мене во Шпанија не можев да поверувам зашто знаев колку се плаши од авиони. Јас го чекав на аеродром. И кога се симна како никогаш да не сме биле разделени.

На пресот за Тоше новинарите се изрезилија

Утрински - 30.11.2007

ЕДИТОРИЈАЛ БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА На првата и, според најавите, последна официјална средба на медиумите со Лилјана Петровиќ, по несреќното утро на 16 октомври кога трагично загина македонската мегаѕвезда Тоше Проески, за жал, малку дознавме за последната ноќ на балканскиот миленик, за неговите планови ...

Во Крушево засадено дрво во чест на Тоше

А1 - 29.11.2007

Во спомен на ликот и делото на Тоше, вчера во основното училиште „Никола Карев“ во Крушево, каде учеше и самиот тој, беше засадено црешово дрво. Дрвото го засади внукот на Тоше, Кристијан, заедно со неговиот чичко и амбасадорите на Норвешка и САД, неговите учители, меѓу кои бил и чичкото Атанас, ...

Обвинителство ќе иницира постапка против возачот на Тоше Проески

Утрински - 29.11.2007

Случај Возачот Ѓорѓи Ѓорѓевски, најверојатно, ќе одговара за тешки дела против безбедноста во сообраќајот Скопското обвинителство најавува дека ќе бидат извршени и дополнителни вештачења за несреќата во Хрватска ЉУБИША СТАНКОВИЌ Скопското Основно јавно обвинителство ќе иницира постапка против ...

Засадена цреша во спомен на Тоше

Време - 29.11.2007

ВО ДВОРОТ НА ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО КРУШЕВО Црешово дрво во чест и спомен на Тоше Проески, во дворот на ОУ „Никола Карев“ во Крушево, засадија вчера американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ, норвешкиот амбасадор Карл Виби, вицепремиерот Живко Јанкулоски, градоначалничката Лефкија Гажоска и внукот ...

Возачот на туарегот во кој загина Тоше возел пребрзо не држел растојание

Канал5 - 29.11.2007

Не паметам ништо, е кратката изјава на возачот на џипот Ѓорѓи Георгиевски содржана во хрватското досие за сообраќајката на Тоше до кое дојде Канал 5. Менаџерката Лилјана Петровиќ пред хрватскиот истражен судија изјавила дека спиела кога удриле во камионот и дека не знае ништо.

Цреша за Тоше

Вест - 29.11.2007

ВО ДВОРОТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ НА МЕГАSВЕЗДАТА ВО КРУШЕВО Основното училиште "Никола Карев" од КруШево од вчера е во ново руво - со обновена фасада и со нови алуминумски прозорци и врати, благодарение на Проектот на за основно образование на УСАИД , македонската Влада, мировниот корпус, ...

Цреша за Тоше

Вечер Прес - 29.11.2007

Црешово дрво е засадено во дворот на училиштето Никола Каревв во Крушево, каде нашата најголема музичка ѕвезда, Тоше Проески, го завршил основното образование. Вицепремиерот Живко Јанкуловски, норвешкиот амбасадор Карл Биди и амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ, со црешата засадена во чест на ...

Обвинителството го доби случајот „Проески“

Дневник - 28.11.2007

Министерството за правда му го предало на Јавното обвинителство предметот испратен од Хрватска за кривично гонење на возачот Ѓорѓи Георгиески, осомничен за предизвикување на сообраќајката во која загина Тоше Проески, соопштија од Министерството.

Во Крушево отворено реновираното училиште во кое учел Тоше Проески

Канал5 - 28.11.2007

Реновирано е основното училиште “Никола Карев“ во Крушево, во кое учел Тоше Проески. 63 000 евра се донирани од УСАИД, Норвешката влада и Секретаријатот за евроинтеграции. Помеѓу блиските луѓе на Тоше, на свеченоста присуствуваше и Соња Здравевска, учителката од која тој ги научил буквите, бројките ...

Антонија Шола му посвети песна на Тоше

Вест - 28.11.2007

Хрватската поп-пејачка Антонија Шола и ја посвети својата нова песна "Ангелу" на трагично починатата мегаsвезда Тоше Проески. Песната е на македонски јазик, а Владо Јаневски го направи аранжманот. Со хрватската верзија на песната, таа настапи на годи Хрватската поп-пејачка Антонија Шола и ја ...

Г.г. Стефан: Тоше заслужува почит од Црквата

Вест - 28.11.2007

ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МЕГАSВЕЗДАТА ЗА СВЕТЕЦ "Никој однапред не може да каже за некого дали ќе биде прогласен или не за светител. Треба да помине време и она што Црквата треба да го има за оценување треба да го направи", изјави вчера во Струмица поглаварот н "Никој ...

Љиља не признава долгови кон Македонија

Вест - 28.11.2007

МЕНАЏЕРКАТА НА ТОШЕ КОНТРА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ Иако од 30 септември 2006, од кога Тоше е одјавен од "Фајнал кат.Т. продукција", го нема во евиденцијата ниту на Фондот за пензиско ни во Фондот за здравствено осигурување, менаџерката Петровиќ тврди дека тој имал осигурување во Велика Британија што ...

Тоше ја заслужува почитта на МПЦ но е рано да биде светител

Утрински - 28.11.2007

Сите треба да бидеме загрижени за нискиот наталитет, истакна поглаварот Стефан СТРУМИЦА - Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и нашиот народ за сето она што го направи за неговите кратки години, изјави поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, вчера во Струмица.

Наградата за најдобра интерпретација ќе се вика „Тоше Проески“

Време - 28.11.2007

СОВЕТОТ НА „ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ“ ОДЛУЧИ Наградата за најдобра интерпретација на фестивалот „Охридски трубадури“ од наредната година ќе вика „Тоше Проески“. Вака одлучи советот на интернационалниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури“, на својот последен состанок.

Стартува истрагата за смртта на Тоше

Вест - 28.11.2007

ДОСИЕТО ЗА ЗАГИНУВАЊЕТО НА БАЛКАНСКАТА ПОП-SВЕЗДА ВО ОБВИНИТЕЛСТВО Целата документација за сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески, која беше добиена од хрватските власти и се преведуваше неколку дена во Министерството за правда, вчера била испратена до скопското Обвинителство.

„Тоше Проески“, награда за интерпретација на „Охрид фест“

Утрински - 28.11.2007

Советот на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури“ на својот последен состанок одлучи од наредната година наградата за најдобра интерпретација на фестивалот да се вика „Тоше Проески“. Тоше Проески својот прв забележителен настап го имаше токму на фестивалот „Охридски ...

Љиљана ништо не памети

Вест - 28.11.2007

Во сите свои изјави по смртта на Тоше, Љиљана Петровиќ како најголем проблем ги посочува македонските медиуми. Таа тврди дека медиумите не го сакале и не го поддржувале Тоше и поради тоа бил многу разочаран и постојано барал новинарите да му помогнат.

Петровиќ_ Тоше беше 5,5 години среќен со мене

Утрински - 28.11.2007

Средбата со новинарите на Петровиќ ќе се емитува вечерва во емисијата „Бисери“ на А1 Од вчерашната прес-конференција на менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ КАТЕРИНА ШЕКЕРОВСКА „Јас сум овде, никаде не одам, никаде не бегам, немам што да кријам и не чувствувам никаква грижа на совест.

Антонија Шола му посвети песна на Тоше

Утрински - 28.11.2007

Популарната хрватска пејачка и актерка Антонија Шола деновиве престојуваше во Македонија поради 40-дневниот помен на Тоше. Ова беше и можност да ја промовира песната „Ангелу“ што ја испеа на македонски јазик, а му ја посвети на својот голем пријател и колега.

Предметот за Тоше кај Обвинителството

Утрински - 28.11.2007

Предметот за истрагата околу сообраќајната несреќа во која загина македонската поп-икона Тоше Проески, конечно, стигна во скопското Јавно обвинителство. Хрватските власти минатиот вторник го испратија „досието Проески“ во македонското Министерство за правда, каде што предметот се преведуваше.

Прерано е да се прогласи за светител

Дневник - 28.11.2007

Црквата допрва ќе анализира дали Тоше Проески може да биде прогласен за светител, но нема дилема дека бил голем хуманист и верник . - Прогласувањето светител во православната црква се врши според востановена процедура и критериуми и никој однапред не може да каже дали некој ќе биде прогласен за ...

„Латиница“ посветена и на харизмата на Тоше

Утрински - 28.11.2007

Македонската поп-икона се најде во одбраното друштво на Тито, Иво Санадер и Јован Павле Втори Емисијата на Денис Латин е исклучително гледана и во Македонија Култната емисија „Латиница“ на Хрватската радио-телевизија, чиј автор е Денис Латин, во понеделникот вечерта со исклучително внимание беше ...

Не се мешав во приватниот живот на Тоше

Дневник - 28.11.2007

Имаше една љубов од тинејџерските денови и често се среќаваше со неа особено кога беше незадоволен , вели Петровиќ Таа се' уште стои крај прозорецот за да види дали гори светлото во собата на Тоше. И се случува да го сврти неговиот телефонски број за да го праша дали е гладен или за да му каже ...

Антонија Шола со песна на македонски

Дневник - 28.11.2007

Популарната хрватска пејачка и актерка Антонија Шола, која му беше и блиска соработничка и пријателка на Тоше Проески, во студиото на Радио Бубамара ја промовира новата песна „Ангелу“, која ја пее на македонски јазик и која му ја посвети на трагично загинатиот пејач.

Ѓорѓевски ќе одговара за смртта на Тоше?

Време - 28.11.2007

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ПОТЕГ Јавното обвинителство ќе одлучи дали ќе го прифати заклучокот на хрватските истражни органи и дали ќе поведе кривична постапка против Ѓоре Ѓорѓевски поради предизвикување на сообраќајната незгода во која загина Тоше Проески.

Песна за Ангелот и вечната инспирација

Вечер Прес - 28.11.2007

Антонија Шола, хрватската пејачка и актерка која кај нас е позната по мошне плодната соработка со Тоше, деновиве направи нова песна. Темата со наслов "Ангелу" е испеана на македонски јазик, а Антонија ја направи во чест на Тоше.

Награда за интерпретација Тоше Проески на Охрид - фест

Вечер Прес - 28.11.2007

Наградата за најдобра интерпретација на Интернационалниот музички фестивал "Охрид фест - охридски трубадури" од следната година ќе се вика "Тоше Проески", вака одлучи Советот на фестивалот на последениот состанок. Тоше Проески својот прв забележителен настап го имаше токму на овој фестивал во 1998 ...

Случајот Тоше во Обвинителство

Вечер Прес - 28.11.2007

Документацијата за сообраќајната незгода во која животот го загуби македонската поп икона Тоше Проески е пратено до скопското Јавно обвинителство. Министерството за правда откако ја преведе до Обвинителство ја достави документацијата од Хрватска.

Предметот против возачот на Тоше во Обвинителството

А1 - 27.11.2007

Министерството за правда до Обвинителство ја достави документацијата од Хрватска за кривично гонење на Ѓорѓи Ѓорѓевски, осомничен за предизвикување на сообраќајката, во која што загина Тоше Проески. Ѓорѓевски се сомничи за сторено кривично дело против безбедноста на сообраќајот „предизвикување ...

Родителите на Тоше се за изградба на црква, а не за гробница

Утрински - 27.11.2007

Тоше не можеше без нас, ниту, пак, ние можеме без него, им рекол таткото Никола на великодостоинствениците Билјана Јовановска На гробиштата на Гумење, веднаш до вечното почивалиште на Тоше Проески, многу извесно е дека ќе биде изградена мала црква.

Пчели за праведна душа на Тоше

Утрински - 27.11.2007

Според верувањето во Прилепско-крушевскиот регион, на 40. ден од упокојувањето на праведната душа секогаш се појавуваат пчели Четириесетдневниот помен за упокојување на душата на мегаѕвездата Тоше Проески во саботата го претвори Крушево во место на масовно поклонение.

Предметот за Тоше деновиве ќе му биде предаден на обвинителот

Утрински - 27.11.2007

Предметот за сообраќајката во која загина Тоше Проески се преведува и деновиве ќе биде предаден до надлежниот јавен обвинител за натамошно постапување, информираше вчера министерот за правда, Михајло Маневски. Хрватските власти го доставија предметот минатата недела, откако неколку недели ја ...

Неговата кариера ми беше живот, а не бизнис

Дневник - 27.11.2007

Никогаш нема да заборавам дека никој изминативе пет и пол години не застана зад нас, вели Петровиќ Во секој агол во нејзиниот дом фотографии на Тоше. Вели дека преку нив, во миговите на најголема тага, разговара со него. Најчесто го прашува зошто не ја зел со него, а потоа себеси: „Која е мојата ...

Македонија безусловно го сакаше Тоше

Утрински - 27.11.2007

„Ситните минливи интереси“ што ги наметнува животот не значат дека „Македонците не знаеја колку е голем Тоше“ Секогаш за концертите на Тоше се бараше билет повеќе. Tоа сведочи за големата љубов на неговите фанови Јасминка Павловска Би било цинично кога би се обиделе да и' најдеме мерка на тагата.

Предметот за Тоше се уште се преведува

Вечер Прес - 27.11.2007

Се уште се преведуваат списите за несреќата во која животот го загуби поп-ѕвездата Тоше Проески. Министерот за правда Михајло Маневски демантираше дека предметот веќе се наоѓа во рацете на скопското Јавно обвиниелство. Се преведува документацијата и деновиве ќе биде предадена до надлежниот Јавен ...

Не знаевте колку е голем Тоше!

Време - 26.11.2007

ЛИЛЈАНА ПЕТРОВИЌ ГИ ИСКАРА НОВИНАРИТЕ Многу ви забележувам особено вам, на медиумите. Не знаевте колку е Тоше голем. Требаше да го загубите за да го разберете тоа, изјави Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше, откако се одржа поменот на Тоше во Крушево.

По Тоше, за мене не постои музика

Дневник - 26.11.2007

Тоше не сакаше да има професионален возач. Не му требаше ни обезбедување. Можете ли да помислите дека мутребаше обезбедување на човек што делеше толку многу љубов? Менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, која ја преживеа трагичната несреќа на 16 октомври, кај Нова Градишка, се изолира од ...

Андријана Будимир се скри од новинарите

Вест - 26.11.2007

Познатата ракометарка Андријана Будимир завчера не се појави на гробиштата во Крушево додека траеше парастосот за 40 дена од загинувањето на мегаsвездата Тоше Проески Будимир ја сретнавме попладнето на паркинг крај патот Прилеп - Крушево, неколку часа по завршувањето на поменот, откако на гробот на ...

Компјутерот најден во туарегот откри уште 5 музички спота на Тоше за кои никој не знаел

Канал5 - 26.11.2007

Неочекувано постхумно збогатување на штедрата вокална и видео ризница на големиот Тоше. На 25-ти јануари родениот ден на Тоше, неговите обожаватели ќе го добијат неговиот неемитуван спот „Кристијан“, реши семејството Проески, откако синоќа го декодираа неговиот миникомпјутер, што го пронајдоа ...

Илјадници молитви за душата на Тоше Проески

Дневник - 26.11.2007

Тоше беше нашиот ангел, ни подари многу љубов, беше хуманист и го заслужи рајот, беше молитвата на околу 10.000 луѓе што дојдоа на 40-дневниот помен за трагично загинатата пејачка ѕвезда Илјадници луѓе од Македонија и од повеќе балкански земји со солзи во очите и со голема тага, во саботата дојдоа ...

Лилјана Петровиќ_ Тоше беше целиот мој живот

Утрински - 26.11.2007

ПРЕНЕСЕНО Meнаџерката завчера даде интервју за хрватската ТВ Нова Се сеќавате ли на тоа кобно утро на 16 октомври? - Се сеќавам дека Тоше ми го прераскажуваше своето последно интервју, ама не ми кажа дека таму ме нарекол втора мајка. Тоа го дознав потоа.

Спиев за време на несреќата

Утрински - 26.11.2007

Во кусото интервју за македонските медиуми Лилјана Петровиќ не крие дека и' е лута на овдешната седма сила Лилјана Петровиќ завчера во Крушево дојде во друштво со хрватски новинари. Тие и' беа заштита од овдешните – македонски, од кои менаџерката е разочарана.

Сонцето и ѕвездата се основа на проектот за вечниот дом на Тоше

Утрински - 26.11.2007

Во гробницата од проектот на ателје „Ајвар“ е планирано и место за личните работи на починатиот музичар КАТЕРИНА БОГОЕВА Архитектонското ателје „Ајвар“ од Скопје кое го изработи и донираше проектот за идното спомен-обележје и гробницата на Тоше Проески, што, според најавите, треба да почне да се ...

Тоше живееше со Бога и за Бога

Време - 26.11.2007

ЧЕТИРИЕСЕТ ТАЖНИ ДЕНА БЕЗ ТОШЕ ПРОЕСКИ „Каде си сине убав, каде си чедо мило?“, низ лелек прашуваа родителите на Тоше Проески, кои заедно со уште стотици скршени од болка негови роднини, пријатели и обожаватели пред два дена во Крушево ги одбележаа 40-те дена од трагичната смрт на мегаѕвездата.

Македонците не знаеја колку е голем Тоше

Вест - 26.11.2007

ПРЕЗЕМЕНО: ЛИЛЈАНА ПЕТРОВИЌ ЗА ХРВАТСКАТА ТВ "НОВА" Пред несреќата Тоше ја прашал Лилја: "Дали ти сонуваше нешто?". Настапот на Тоше на Евровизија направил големи загуби во фирмата на менаџерката и затоа данокот го плаќала на рати Менаџерката на Тоше Проевски првото интервју по неговото загинување ...

Четириесетдневен помен за македонската поп икона

Утрински - 26.11.2007

Во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа литургија за упокојување на душата на Тоше Проески КРУШЕВО - Обединети во болката, тагата, непреболот, во саботата во родното Крушево се собраа илјадници почитувачи и обожаватели на Тоше Проески, кои дојдоа за да присуствуваат на ...

Не е веќе веќе важно што јас зборувам

Вечер Прес - 26.11.2007

Пред 40 дена патуваше заедно со Тоше и ја преживеа стравичната несреќа. Во склад со македонските религиски обичаи молчеше. Иако во изминатиов период многумина ја прозиваа, таа молчеше ... Ексклузивно за Нова ТВ - Љиљана Петровиќ На што се сеќавате тоа кобно утро кога се случи несреќата? Петровиќ: ...

Тагата по Тоше не стивнува

Вечер Прес - 26.11.2007

На местото на солзите и воздишките на Гумење, во градот на тагата Крушево уште еднаш сите се помолија за упокоение на душата на Тоше Проески. Крушево уште еднаш и се поклони на легендата. Еднаква тага и на одбележувањето 40. дена од смртта на Тоше, кој трагично го загуби животот во сообраќајна ...