TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Можна ли е коалиција меѓу Бучковски и Груевски?

А1 - 21.05.2006

Постизборните комбинаторики ги ставија во ист кош и Бучковски и Груевски. Можна ли е коалиција меѓу првите три партии на речиси сите рејтинг листи, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ? И Груевски и Бучковски енергично ја демантираат можноста од меѓусебно коалицирање.

Бучковски: Груевски нека лета во облаци, ќе тресне на 5 јули

Канал5 - 20.05.2006

Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски денеска од Охрид му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и натаму да остане со својата самобендисаност во облаци и оти на 5 јули ќе тресне од земја. Охрид, 20 мај (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија ...

Новинарите ја победија власта во фудбал

А1 - 19.05.2006

Активна игра и вистинска борба до самиот крај. Екипата на позицијата против спортските новинари. Резултат 3:1, политичарите поразени од новинарите. Голот на позицијата го бранеше премиерот и поранешен ракометен голман Владо Бучковски.

Разузнавачи им се нудат предизборно на партиите

Утрински - 19.05.2006

Премиерот, МВР и опозициската ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека разузнувачите го користат предизборието за профит Борис Георгиевски Домашни разузнавачи од најразличен калибар го користат предизборието во земјава за личен профит, промоција или пазар со политичките партии.

Ние имаме кредибилитет да им ветиме на земјоделците

Време - 18.05.2006

И НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПРИЛЕП Ветувањата на премиерот за исплата на премијата на тутунот не е единствениот случај каде тој ветува и не остварува. Целиот мандат ветува и не остварува. Тоа му е имиџ исто како што правеше и неговиот претходник Црвенковски, рече меѓу другото Никола Груевски во изјавата ...

Бучко понуди, а Никола прифати дуел во Кривогаштани!

Вест - 18.05.2006

"Не знам што треба да направиме Никола Груевски да го прифати дуелот, му порача претседателот на СДСМ, Владо Бучковски, на главниот противник на претстојните парламентарни избори, завчеравечер од Кривогаштани. Веројатно чека подобри времиња, а од овие кога се познати програмите подобри нема.

Премијата - на две рати

Време - 18.05.2006

БУЧКОВСКИ ЗА ТУТУНАРИТЕ Во јуни ќе биде исплатена првата половина од ветените средства за премија на тутунопроизводителите, а до крајот на септември ќе биде исплатена следната рата, соопшти премиерот Владо Бучковски при завчерашната посета на општината Кривогаштани и Тополчани.

ТВ-дуелот ќе биде за време на кампањата

Утрински - 18.05.2006

Премиерот упорен во желбата да излезе на мегдан во четири очи со Груевски Шефот на пратеничката група на СДСМ, не се согласува со ставот на Црвенковски дека со законските измени се "декриминализира службената злоупотреба и се прави чекор назад во борбата со корупцијата" БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ На ...

Во јуни пари за тутунарите

Дневник - 18.05.2006

Владата во јуни ќе прави ребаланс на буџетот на Министерството за земјоделство за да им ја исплати ветената помош на тутунарите. Ова завчера го соопшти премиерот Владо Бучковски, при посетата на Прилеп и на Кривогаштани, јави МИА.

Груевски прифати дуел со Бучковски

Дневник - 18.05.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера во Прилеп рече дека прифаќа дуел со Владо Бучковски, но откако ќе почне кампањата. Претседателот на СДСМ при завчерашната посета на Прилеп и Кривогаштани повторно го повика Груевски на предизборен телевизиски дуел, со оценка дека дел од граѓаните сакаат ...

БУЧКОВСКИ ГО МОЛИ ГРУЕВСКИ ЗА ДУЕЛ

Вечер - 18.05.2006

Иако официјално кампањата се уште не е почната, премиерот Владо Бучковски е упорен да го седне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на предизборен ТВ дуел. Бучковски веќе неколку пати го повика лидерот на опозицијата јавно да се соочат пред граѓаните, а тоа го повтори и завчера во прилепското ...

Тутунарите ќе ги добијат ветените стимулации

Вечер - 18.05.2006

Владата во јуни ќе направи ребаланс на буџетот на Министерството за земјоделство за да се исплатат ветените стимулации за тутунарите, најави премиерот Владо Бучковски. Според него, Владата се одлучила на ваков чекор бидејќи собраните пари од продажбата на цигарите во април не се доволни за да се ...

Бучковски и Груевски со различни ставови околу предизборните рејтинзи

А1 - 17.05.2006

Денеска Груевски во Прилеп, а вчера Бучковски во Кривогаштани и Тополчани со различни убедувања, колкав им е рејтингот меѓу гласачите во четвртата изборна единица. Бучковски и овој пат не обелодени дали тој или Радмила Шеќеринска ќе бидат први на листата, но смета дека се доближи до рејтингот на ...

Законот за полиција влегува во собраниска процедура

Време - 17.05.2006

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ НАЈАВИ Не очекувам поголеми проблеми со донесувањето на законот за полиција, кој ќе биде пуштен во собраниска процедура до крајот на мај, изјави вчера премиерот Владо Бучковски. - Имаме јасна намера законот да го изгласа новиот парламент во септември и тоа да биде првиот тест за ...

ДУИ нема да ја купи Поштенска, се трага по светски бренд

Време - 17.05.2006

БУЧКОВСКИ И ПОПОВСКИ ВЕТУВААТ ИНВЕСТИЦИИ Нема никакви инволвирања на партии во бизнисот на банкарите, а ДУИ нема намера да ја купи Поштенска, изјави вчера премиерот Владо Бучковски. Според него, по пропаѓањето на преговорите со холандската ИНГ за влез во Поштенска, интерес за неа покажале три ...

Генерациска средба во Стенче

Вест - 17.05.2006

Премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски завчера попладнето на одбележувањето на црковно-народниот празник Свети Атанасиј - летен, во тетовското село Стенче, на Сува Гора, родниот крај на неговата мајка Крстана, се сретна со својот дедо 92 годишниот Вангел и со другите жители на селото.

На Бучко му е шубе да каже кој сака да ја купи "Поштенска банка"

Вест - 17.05.2006

ПРЕМИЕРСКО СУЕВЕРИЕ На премиерот Владо Бучковски му е шубе да каже кои компании се заинтересирани за "Поштенска банка", бидејќи, како што рече, процесот со ИНГ бил воден премногу транспарентно и завршил без успех. Тој ги премолчи имињата на заинтересираните и само информираше дека по пропаѓањето на ...

Преку селски слави до 40 мандати

Време - 17.05.2006

БУЧКОВСКИ ВО ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Носителот на изборната листа на СДСМ, Јани Макрадули, доби задача да освои три пратенички мандати во шестата изборна единица, а за да ја заврши таа работа, ќе мора да дојде на сите селски слави во Тетовско до 5 јули, изјави премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски, кој ...

За Поштенска банка се заинтересирани три банки

Утрински - 17.05.2006

БУЧКОВСКИ Три кандидати се заинтересирани за Поштенска банка, изјави вчера премиерот Владо Бучковски, не сакајќи притоа да ги обелодени нивните имиња. Тој негираше дека судбината на Поштенска банка може да биде предмет на политички пазарења, истакнувајќи ја во преден план улогата на Народна банка ...

Информатиката ја зголемува транспарентноста на Владата

Утрински - 17.05.2006

Презентирани информатички решенија за проектот е-Влада Владата се определи за масовна примена на информатичката технологија во сите институции со цел да постигне поголема транспарентност, зголемена продуктивност и видлива ефикасност, истакна премиерот Владо Бучковски на отворањето на презентацијата ...

Бучковски го промовира проектот е-Влада

Дневник - 17.05.2006

Премиерот најави дека годинава првпат спроведувањето на електронска влада ќе се финансирана од буџетот Поголема транспарентност, зголемена продуктивност и видлива ефикасност на државната управа и администрација. Тоа се придобивките што премиерот Владо Бучковски очекува да ги имаат државата и ...

Поповски најави продажба на две банки

Дневник - 17.05.2006

Министерот за финансии Никола Поповски е уверен дека во наредните шест до 12 месеци во банкарскиот сектор ќе влезе голем странски капитал. - Според мојата прогноза, идните големи странски инвестиции, покрај во енергетскиот и во телекомуникацискиот сектор поради приватизацијата на државниот капитал, ...

Неопределените ќе го сменат СДСМ

Дневник - 17.05.2006

Неопределените гласачи го донесоа СДСМ на власт и тие сега ќе го сменат поради лажните ветувања, корупцијата, сиромаштијата, невработеност, е одговорот на Груевски на изјавите на премиерот Владо Бучковски дека СДСМ очекува неопределените гласачи да му ја донесат победата.

Бучковски: Во јуни ребаланс на буџетот на Министерството за земјоделство за исплата на тутунарите

Канал5 - 17.05.2006

Премиерот Владо Бучковски при синоќешната посета на Прилеп и Кривогаштани најави дека во јуни ќе биде направен ребаланс на буџетот на Министерството за земјоделство за да им се исплати ветената помош на тутунарите. Прилеп/Кривогаштани, 17 мај (МИА) - Премиерот Владо Бучковски при синоќешната посета ...

Бучковски повторно го повика Груевски на дуел

Канал5 - 17.05.2006

Претседателот на СДСМ и премиер Владо Бучковски при синоќешната посета на Прилеп и Кривогаштани повторно го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на предизборен телевизиски дуел. Прилеп/Кривогаштани, 17 мај (МИА) - Претседателот на СДСМ и премиер Владо Бучковски при синоќешната посета на ...

Груевски го прифаќа дуелот со премиерот Бучковски

Канал5 - 17.05.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска промовирајќи ја изборната програма Преродба во 100 чекори во Прилеп изјави дека ќе го прифати дуелот со премиерот Владо Бучковски, но оти не може да претпостави што е тоа што тој ќе може да го каже, ако, како што рече се знае дека власта нема ништо ...

Криминалците сакаат банка, Бучковски не сака да се урочи

Вечер - 17.05.2006

По пропаѓањето на преговорите за влез на холандската ИНГ во "Поштенска банка" и по информациите дека криминалните структури од ДУИ преку министрите во Владата сакаат да го преземат управувањето со Банката, премиерот Владо Бучковски тврди дека се дезинформација намерите на неговите министри.

Бучковски: Границата кон Косово е техничко прашање

А1 - 16.05.2006

По средбата со косовскиот премиер Чеку, границата со Косово е терен на кој премиерот Бучковски тврди дека цврсто гази. По сите досегашни изјави и неколкукратното заладување на односите со Приштина, сега Бучковски тврди: таму нема проблем.

Презентација на информатички решенија е-Влада за современа Македонија

Канал5 - 16.05.2006

Македонската Влада се определи за масовна примена на информатичката технологија во сите институции со цел да постигне поголема транспарентност, зголемена продуктивност и видлива ефикасност, истакна премиерот Владо Бучковски. Скопје, 16 мај (МИА) - Македонската Влада се определи за масовна примена ...

Бучковски: Законот за полиција во собраниска процедура до крајот на мај

Канал5 - 16.05.2006

Премиерот Владо Бучковски денеска изјави дека не очекува поголеми проблеми околу донесувањето на законот за полиција, кој, како што најави, ќе биде пуштен во собраниска процедура до крајот на мај. Скопје, 16 мај (МИА) - Премиерот Владо Бучковски денеска изјави дека не очекува поголеми проблеми ...

Бучковски делеше решенија за станови за бранителите

Време - 15.05.2006

ВЛАДИНА ЕКИПА ВО БИТОЛА Премиерот Владо Бучковски во придружба на министерот Владо Поповски додели 4 решенија за станови на семејствата на бранителите и 22 стана на носители на станарско право по основа на денационализација. Јавното претпријатие за стопанисување со станбен простор за оваа намена ...

СДСМ во лов по неопределени

Време - 15.05.2006

СТРУМИЦА За СДСМ е важно да се доближи до неопределените гласачи, бидејќи на овие избори тие ќе го дадат победникот, изјави Владо Бучковски, претседателот на СДСМ, по вчерашниот состанок на централниот изборен штаб на оваа партија со општинските штабови од четвртата изборна единица во струмичко ...

Груевски убеден дека спречил мрачни сценарија од СДСМ

Утрински - 15.05.2006

Премерот и лидерот на опозицијата во саботата престојуваа во градот на конзулите БИТОЛА - Доаѓањето на Бучковски во Битола се совпадна со презентацијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерите на власта и на опозицијата разменија остри зборови во градот на конзулите.

Неопределените избирачи ќе го решат победникот

Утрински - 15.05.2006

Бучковски ја промовира програмата во Струмица Струмица - "Програмата што ја промовираме под мотото "Економија, едукација, Европа" наидува на сериозна поддршка кај нашите членови и симпатизери, но најбитно за нас е да се доближиме до неопределените граѓани, бидејќи тие ќе бидат оние што треба да ја ...

Власта делеше станови, опозицијата ветувања

Дневник - 15.05.2006

Делењето станови два месеца пред изборите не претставува предизборна кампања, смета премиерот Бучковски Пет години по трагичната смрт на четворицата македонски бранители кај Вејце, премиерот Бучковски на нивните семејства во саботата им ги врачи клучевите од новите станови.

Изборите ќе ги решат неопределените

Дневник - 15.05.2006

Веруваме дека со 50 проекти што ќе ги промовираме на 1 јуни, а кои планираме да ги реализираме од 2006 до 2010 година, ќе успееме да ја освоиме довербата на неопределените гласачи, кои ќе бидат клучни на овие избори, изјави вчера во Струмица лидерот на СДСМ, Владо Бучковски.

Бучковски VS Црвенковски

Вечер - 15.05.2006

1. Демаркацијата на границата во делот на Косово, беше доволна причина Бранко и Бучко да ги откопаат воените секири. Претседателот како партнер за демаркацијата го гледа Белград, премиерот Приштина. За Црвенковски границата е државна, за Бучковски административна.