TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Џемаили имал две сметки во извозно-кредитна банка

А1 - 03.12.2006

По трагата на парите. А1 од извори во истрагата дознава оти Иснифарис Џемаили имал две сметки во извозно-кредитна банка. Едната му била штедна книшка, другата тековна сметка. На овие сметки биле префрлени 727.000 евра од Министерството за одбрана како отштета за неговото бачило.

Адвокатите на притворените за „Бачило“ поднесоа жалби

А1 - 03.12.2006

Адвокатите на десетмината од аферата „Бачило“, кои синоќа завршија во притвор, веќе поднесоа жалби до кривичниот судски совет. Бараат овчарот, нотарите, екс директорката на катастарот да бидат ослободени. Одредениот притвор, тврдат адвокатите за А1, нема основа, ниту, пак, се исполнети законските ...

Јанкуловска не кажа дали го знае мозокот на бачилото

Канал5 - 03.12.2006

Полициската истрага во случајот Бачило и денационализација е фокусирана на лоцирање на мозокот на операцијата. Од МВР повторуваат дека криминалниот круг не е затворен со притворените 10-мина актери и потрагата по екс заменик-министерот Сашо Андоновски.

Џемаили, Стојменовиќ, Ракочевиќ и осуммина други завршија во притвор

А1 - 02.12.2006

19-мината приведени, судот го напуштија ноќеска час и половина по полноќ. Но не си заминаа сите дома. 10 од нив завршија во притвор. Во истражниот затвор Шутка 30 дена ќе останат, овчарот Иснифарис Џемаили, нотарите Никола Стојменовиќ и Гордана Ракочевиќ, адвокатката Ленче Димчевска, екс ...

Судијката на инфузија

Вест - 02.12.2006

ПО 48 ЧАСА БОРБА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ Истражната судијка Катица Јовановска 48 часа без престан работела во судот. Прво била цела вечер дежурана, а потоа почнала со испрашување на приведените 20 осомничени за случаите "бачило" и денационализција на плацеви во Скопје, кое траело 24 часа бе ...

Се повеќе кандидати за заштитени сведоци

Време - 02.12.2006

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА НА ИСТРАЖНИТЕ ОРГАНИ Мери Јордановска Голем број осомничени во завчерашната полициска акција „Бачило“ бараат да станат заштитени сведоци, да ги оддадат тајните што ги знаат за двете афери со перење пари и измами, а со тоа да бидат повлечени обвиненијата против нив.

По 34 часа распит во судот, 11 луѓе во притвор за случаите „Бачило“ и „Криминална денационализација“

Канал5 - 02.12.2006

Притвор за 11 луѓе осомничени за злоупотреби, затајување данок и перење пари во случаите ,,Бачило,, и ,,Криминална денационализација,, со раскрчмување на државно земјиште во центарот на Скопје. Ова е одлуката на истражната судијка Катица Јовановска од Основниот суд Скопје 1 пред која 34 часа ...

Десет лица од уапсените во случајот „Бачило“ завршија во притвор

Макфакс - 02.12.2006

Скопје Десет лица од уапсените 19, во големата полициска акција „Бачило“ се задржани во притвор а другите се пуштени да се бранат од слобода. Како што јавуваат електронските медиуми, ваква одлука донесе утрината истражниот суд во Скопје по дводневниот маратонски распит на осомничените.

Гордана Ракочевиќ последна од 19-те за распит

А1 - 01.12.2006

При крај е испрашувањетп за 19-те приведени за двете големи афери „Бачило“ и денационализирано земјиште. Нотарката Гордана Ракочевиќ, која ги заверувала нотарските договори, е последна од приведените за распит во полициската акција.

Уапсените се товарат за перење пари, измама и злоупотреба

Вест - 01.12.2006

Иснифарис Џемаили, овчарот од Камењане, бил уапсен завчераноќ во неговиот дом во селото. Во апсењето учествувале припадници на специјалните единици и тамошната полиција по што тој бил префрлен од Тетово во полициската станица во Автокоманда.

Деветнаесет актери од „Бачило“ изградиле пирамида вредна 5 милиони евра

Време - 01.12.2006

ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРИВЕДЕНИ ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО АВТОКОМАНДА Мери Јордановска Огнен Чанчаревиќ Деветнаесет поранешни судии, директори, нотари, адвокати, членови на владини комисии, пензионери, работници и еден овчар вчера беа приведени во полициска станица во акцијата „Бачило“.

Уапсени 20, ќе се апсат уште многу

Вест - 01.12.2006

МВР ВО АКЦИЈА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ Меѓу уапсените има поранешни судии, нотари, директори, адвокати, поранешни членови на второстепени владини комисии, пензионери, работници и невработени, сите вмешани во аферата Бачило и во денационализацијата на атрактивни градежни плацови во Скоп Во ...

Парите на Џемаили користени за малверзации со земјиште

Утрински - 01.12.2006

Полицијата тврди дека го открила патот на парите во аферата „Денационализација“ Исти пари и актери ги поврзуваат двете најголеми афери годинава – „Бачило“ и „Денационализација“. Парите кои ги дала државата како отштета за бачилото на Иснифарис Џемаили завршиле во повеќе раце и со нив биле направени ...

Приведен овчарот Џемаили и 24 актери во аферите „Бачило“ и „Денационализација“

Утрински - 01.12.2006

Приведените се товарат за перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување и измама ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА ЉУБИША СТАНКОВСИЌ Со големата полициска акција за приведување на инволвираните во случаите „Бачило“ и „Денационализација“, која започна во раните утрински часови, се приведени 24 лица.

Се бара „мозокот“ на аферата од 5 милиони евра

Дневник - 01.12.2006

Неколкумина од приведените се понудиле да бидат заштитени сведоци Деветнаесет лица, меѓу кои судии, директори, адвокати, нотари, поранешни членови на второстепени комисии и овчарот Иснифарис Џемаили, вчера рано изутрината биле приведени во полициска станица и пред истражните органи.

ЏЕМАИЛИ И ОБВИНЕТИТЕ ОД БАЧИЛО ЧЕКААТ ОДЛУКА ЗА ПРИТВОР -СУДИЈКАТА ЗАВРШИ НА ИНФУЗИЈА

Канал5 - 01.12.2006

Дваесет и пет часа до овој момент трае распитот во Скопскиот суд еден на 19 те приведени за случајот Бачило. Дваесет и пет часа до овој момент трае распитот во Скопскиот суд еден на 19 те приведени за случајот Бачило . Судијката Катица Јовановска ќе го има последниот збор колкумина од нив ќе се ...

Се чека одлуката на Судот за уапсените од „Бачило“

Макфакс - 01.12.2006

Скопје Одлуката на надлежниот истражен Суд за уапсените 19 лица во полициската акција наречена „Бачило“, се чека вечерва во Скопје. Повеќе од 20 часа трае распитот на осомничените од страна на истражни судии, кои ќе решат дали и кои од осомничените ќе бидат под мерката притвор, а на кои ќе им биде ...

Полициска метла заигра за бачилата

Вечер Прес - 01.12.2006

Директорот за јавна безбедност во МВР рече дека акцијата била успешно спроведена, но оти сепак целта се уште не била остварена бидејќи мозокот на овие криминални активности допрва треба да биде фатен Адвокати, нотари, судии, овчари, пензионери, членови на владини комисии од бившата власт и ...

Како се одлевале милионите евра од државната каса?

А1 - 30.11.2006

Кој е патот на парите? Како се одлевале милионите евра од државната каса и каде завршиле? Се почнало од отштетата која ја побарал Иснифарис Џемаили за бачилото, кое воопшто не било гранатирано. Овците наводно ги броел потпоручникот на МВР Душан Стојановски. И тој е уапсен.

Полицијата бара притвор за Џемаили и останатите приведени

А1 - 30.11.2006

Со својата овчарска гуна и стапот, Иснифарис Џемаили околу 15 часот и 30 минути беше изнесен пред полициската станица во Автокоманда, каде цели 14 часа беше испрашуван под сомнение за измама и перење на пари. Не беше ослободен, туку однесен пред истражен судија.

Судот ќе бара одговорност од Попчевска

Дневник - 30.11.2006

Судијката Снежана Попчевска беше прозвана за досудувањето на околу 727.000 евра отштета на Иснифарис Џемаили за добиток уништен во 2001 година Врховниот суд ќе побара од новиот Судски совет да ја утврди одговорноста на судијката Снежана Попчевска за постапувањето во случајот „Бачило“, најави вчера ...

Приведени 20-тина поранешни судии, адвокати, нотари со овчарот Џемаили го измислиле случајот Бачило

Канал5 - 30.11.2006

Актерите во аферите Бачило и купување Денационализиран имот во Скопје на полициско сослушување и пред истражен судија. МВР открила дека двете афери се поврзани преку главните протагонисти- судии, адвокати, нотари. Актерите во аферите Бачило и купување Денационализиран имот во Скопје на полициско ...

Судијката Попчевска на распит во УЈП

Време - 29.11.2006

ЗА ПРИЛИВОТ НА 38.000 ЕВРА Судијката Снежана Попчевска идната недела ќе оди на распит во Управата за јавни приходи, за да се утврди потеклото на 38.000 евра што легнале на нејзината сметка во ноември 2004 година, четири месеци по донесувањето на пресудата за случајот „Бачило“.