TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Џемаили исплашен оти му се пишманат сведоците за „Бачило“

Утрински - 06.05.2006

Еден од клучните сведоци делумно го променил исказот пред полицијата и Обвинителството Во новата изјава потпишав дека по барање на Иснифарис Џемаили издадов потврда за бројчената состојба на стадото овци БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Полицијата и Јавното обвинителство вршат притисок и со уцени и закани се ...

Ветеринарот признал дека го фалсификувал „Бачило“

Време - 06.05.2006

ПО ДЕВЕТ ЧАСА РАСПИТ И БЕЗ АДВОКАТ Мери Јордановска Муамет Арифи, сопственикот на ветеринарната станица „Еуровет“ од селото Камењане, кој наводно ги прегледувал овците на Иснифарис Џемаили, завчера пред полицијата и обвинителите признал дека никогаш не вршел преглед и дека потврдата што ја издал ...

Ветеринар издал лажни потврди за бачилото

Дневник - 06.05.2006

Иснифарис Џемаили набавил лажни потврди за бројот на добитокот што го поседувал уште два месеца пред да се случи настанот за кој подоцна ја тужеше државата и зеде отштета од околу 730 илјади евра. Ова било утврдено од исказите на ветеринарот во истрагата за случајот „Бачило“.

Ветеринарот дал уверение на жими мајка

Вечер Прес - 06.05.2006

Иснифарис пред две недели тврдеше дека овчарството е нивна семејна традиција, која трае веќе 1000 години и дека неговата школа во животот е токму тоа. Но, најверојатно, епилогот од истрагата на Јавното обвинителство ќе покаже дека овчарството, сепак, е нов бизнис во семејството на Иснифарис.

Случајот „бачило“ добива нови димензии

А1 - 05.05.2006

Кој му врши притисок на ветеринарот кој ги броел овците на Џемаили? Полицијата или овчарот. Откако вчера пред истражните органи признал дека лажел и издал фалсификат документи, денеска тој се пишмани. Тврди изјавата ја дал под притисок и со закани дека ќе му ја одземат лиценцата.

Врховниот суд ќе ја оценува одговорноста на судиите во "Бачило"

Утрински - 05.05.2006

НАЈАВА За 11 мај е закажана Општа седница на Врховниот суд, на која во полн состав судиите ќе одлучуваат околу одговорноста на судијката Снежана Попчевска во "случајот Бачило". Судиите од Граѓанскиот оддел на Врховниот суд беа меѓу првите кои излегоа во јавноста со многу забелешки околу начинот на ...

Жртвени овци

Време - 05.05.2006

МЕРИ ЈОРДАНОВСКА Јас сум жртвено јагне за случајот „Бачило“, вчера се правдаше судијката Снежана Попчевска. Само не одговори - чија жртва е таа? Не била единствениот виновник - кои се другите? Таа постапувала совесно - кој не постапувал како што треба? Не била вплеткана во организиран криминал - ...

Овчарот Џемаили го присилил ветеринарот од Камењане да му напише потврда имал 4.000 овци

Канал5 - 05.05.2006

Иснифарис Џемаили го присилил ветеринарот Мухамед Арифи од Камењане да му напише потврда дека пред гранатирањето на Бачилото му вакцинирал над 4.000 овци. Таа потврда овчарот ја приложил во доказната документација за наплата на нематеријална штета.

Попчевска се чувствува како жртвено јагне за "случајот Бачило"

Утрински - 05.05.2006

Судијката што пресуди отштета од 730.000 евра тврди оти постапувала совесно и стручно Попчевска: Судот во својата работа не пропушти ниту едно дејствие. Пропустите се кај другите органи кои имале право на дејствија, но не презеле ништо БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ "Се чувствувам како жртвено јагне, посочена ...

Попчевска не сака да биде жртвено јагне

Дневник - 05.05.2006

Тужениот не поднесе барање за ревизија на меѓупресудата, ниту на крајот ја обжали пресудата, вели судијката Снежана Попчевска Без основа сум посочена како жртвено јагне и жигосана како несовесен и нестручен судија што прави грешки и во работата, со што ми се прави штета на угледот, рече вчера ...

Јас сум жртвено јагне за случајот „Бачило“

Време - 05.05.2006

СЕ ОГЛАСИ СУДИЈКАТА СНЕЖАНА ПОПЧЕВСКА Без основа бев прогласена за жртвено јагне и за единствен виновник во случајот „Бачило“, изјави вчера судијката Снежана Попчевска, која го водеше спорниот случај, за кој државата плати отштета од 727.000 евра.

„Бачилото“ е судско фијаско

Макфакс - 05.05.2006

(Време) – четврток, 20.04.2006 Врховниот суд вчера целосно ги негираше сите досегашни наоди за случајот „Бачило“ и изрази најголем сомнеж досега дека настанот е исконструиран и дека воопшто се случил. Граѓанскиот оддел на Врховниот суд се сомнева во целата постапка за случајот: од начинот на ...

Владата почнува постапка за одговорност на Зоја Лега

Макфакс - 05.05.2006

(Време) – петок, 21.04.2006 Владата ќе почне постапка за утврдување одговорност на јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска за случајот „Бачило“, заклучи Владата на вчерашната седница и побара да се испитаат сите можности за да се повтори судската постапка.

Бачилото падна на Врховен

Макфакс - 05.05.2006

(Дневник) – четврток, 20.04.2006 Незаконска отштетата од 720.000 евра што ја плати државата Процесот за случајот „Бачило“ бил неправилен од почетокот до крајот, утврди Врховниот суд и побара Републичкиот судски совет да побара одговорност од судијата што го водел предметот.

Бучковски бара жртвено јагне

Макфакс - 05.05.2006

(Дневник) – сабота, 22.04.2006 Обвинителството идната недела ќе покрене кривична постапка против вмешани во случајот За случајот „Бачило“ не знаев се' до присилната исплата на отштета од сметката на Министерството за одбрана, изјави вчера премиерот Владо Бучковски за исплатата на 720 илјади евра за ...

Прчевски и Џанго против „Бачило“

Макфакс - 05.05.2006

(Време) – сабота, 22.04.2006 Јавниот обвинител Александар Прчевски и Љубомир Михајловски Џанго, министер за внатрешни работи, вчера почнаа заеднички да работат на расчистување на случајот „Бачило“ и да ја утврдуваат одговорноста кај сите инволвирани страни.

Организиран криминал во "Бачило"

Макфакс - 05.05.2006

(Утрински весник) – петок, 21.04.2006 Владата вчера ги разгледуваше фактите околу исплатата на отштетата од 720.000 евра Владата на вчерашната седница ги задолжи надлежните институции да ги испитаат сите можности за повторување на судската постапка во „случајот Бачило“ поради сомневање дека ...

Јавната правобранителка ќе реферира пред министрите за „случајот Бачило“

Макфакс - 05.05.2006

(Утрински весник) – понеделник, 17.04.2006 Случајот со бачилото на овчарот Иснифарис Џемаили добива нов тек Уредниците на националните печатени и електронски медиуми го прогласија "Бачило" за најматен настан во март Жаклина ЃорЃевиЌ Јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска, која досега ја ...

Не знам зошто сум жртвено јагне!

Вечер Прес - 05.05.2006

- Без основ сум посочена како единствен виновник во случајот "Бачило". Не знам зошто сум жртвено јагне. Постапував совесно, без повреда на законот и немам пропуст во работата. Ова само го нарушува мојот углед и угледот на моето семејство, вели во своја одбрана судијката Снежана Попчевска, која го ...

Попчевска не сака да биде жртвено јагне за „Бачило“

А1 - 04.05.2006

Проговори судијката Снежана Попчевска. Ја раскажа својата верзија за „Бачило“. Не сака да биде единствениот виновник и жртвеното јагне. Попчевска со себе се обидува да ги повлече и другите инволвирани. Вината ја лоцира кај тројцата судии во Апелациониот суд, кои не нашле замерки на нејзината ...

Попчевска: Јас во случајот сум жртвено јагне затоа што сите активности кои ги презедов се законски

Канал5 - 04.05.2006

Постапив законски. Не сум корумпирана. Немав политички притисок- се огласи судијката Снежана Попчевска од скопска единица, надлежна за случајот Бачило. Се повика на законот и ја оправда пресудата за исплатените 730 илјади евра отштета за Иснифарис Џемаили. Постапив законски. Не сум корумпирана.

Муратовска-Николовска ја потврдила меѓупресудата за умрените овци

Вечер Прес - 04.05.2006

Апелационата судијка, Виолета Муратовска-Николовска ја потврдила меѓупресудата на Основниот суд Скопје 1 за случајот "Бачило". Иако Врховниот суд посочи дека во жалбата на Јавното правобранителство во која било наведено дека фактичката состојба не е потполно утврдена, судот ја прифатил ...

Иснифарис Џемаили за првомајските празници дал исказ за обвинителството

Канал5 - 03.05.2006

Зошто муницијата на Иснифарис Џемаили не е предмет на истрага? Овчарот јавно ги покажуваше остатоците од куршумите за кои тврдеше дека се муниција на армиското вооружување. Зошто муницијата на Иснифарис Џемаили не е предмет на истрага? Овчарот јавно ги покажуваше остатоците од куршумите за кои ...

Овчарот Иснифарис ќе се кандидира за пратеник

Време - 01.05.2006

ОТКАКО ВИДЕ ДЕКА МУ ОДИ СО ДРЖАВНИ ПАРИ Иван Блажевски Иснифарис Џамаили, стопанот на бомбардираното бачило на Шар Планина, за кое државата му исплати над 720.000 евра, на парламентарните избори ќе се кандидира за пратеник во македонското собрание.

Зошто овчарот Џемаили треба да биде премиер на Македонија

Време - 01.05.2006

ЗОРАН АНДОНОВСКИ Дури нема ни потреба да се објаснува што направи човекот-овчар досега, како игра, како го развива бизнисот, како менаџира новинари и новинарски екипи, судии, правобранители, адвокати, вештаци и истражители. Просто е зашеметувачки како лицето со епски стас и речиси титовска фигура ...