СОБРАНИЕ на РМ Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни работи Хари Костов, поради "секојдневните убиства и бомбашки напади во земјава", но и поради неговиот некоректен однос кон "лавовите", кон резервистите и кон роднините на загинатите бранители.
Драматична кавга меѓу министерот за полиција и опозицијата Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера му објави "војна" на министерот Хари Костов. До напнатата ситуација дојде на собраниската седница за пратенички прашања, кога на прашање од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за приведувањето на полицискиот генерал Горан ...
„Немам намера да дадам оставка на функцијата која ја извршувам, но на пратениците не им го оспорувам правото да покренат интерпелација пред Собранието доколку сметаат дека таа е оправдана“, изјави министерот Хари Костов, одговарајќи на пратенички прашања на денешната собраниска седница.
Коментар - Бранко Ѓорѓевски МВР и Владата попуштија и по двонеделниот штрајк со глад на 170 припадници на "лавовите" ветија дека ќе ги вработуваат на испразнетите места во безбедносните структури. Но, изгледа дека во овој момент беше најважно да заврши нивната агонија.
ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ СО ГЛАД ПРЕД МВР Претставниците на единицата за брзи интервенции "Лавови" постигнале договор околу нивното вработување на завчерашната средба со министерот за внатрешни работи Хари Костов, по што го прекинале штрајкот со глад пред зградата на МВР.
штраЈк пред министерството за внатрешни работи Министерот за внатрешни работи Хари Костов вчера доцна попладне се сретнал со претставници на припадници на единицата за брзи интервенции "Лавови" кои веќе половина месец штрајкуваат со глад пред зградата на МВР.
На тринаесеттиот ден од штрајкот со глад пред МВР Претставници на 170-те поранешни припадници на Единицата за брзи интервенции "Лавови" на 13. ден од штрајкот со глад пред МВР имаа одвоени средби со претседателот на државата, Борис Трајковски, и со министерот за внатрешни работи, Хари Костов.
„Штрајкот со глад го прекинавме поради напредокот во разговорите за нашето вработување“ изјави Биљана Николовска, поранешна припадничка на лавовите. По денешните тричасовни разговори помеѓу штрајкувачите и раководните луѓе на МВР меѓу кои и министерот Хари Костов.
МИНИСТЕРОТ КОСТОВ КАТЕГОРИЧЕН "Лавовите" кои штрајкуваат со глад пред зградата на МВР нема да бидат вработени бидејќи во преговорите меѓу претставниците на единицата и власта, не било предвидено такво нешто. Ова го изнесе министерот за внатрешни работи Хари Костов на вчерашната прес-конференција и ...
МВР ЗА АПСЕЊЕТО НА стоЈков МВР ги отфрли обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека апсењето на поранешниот командант на "лавовите" Горан Стојков е политички мотивиран процес и "уште едно понижување кон бранителите". Не сакајќи да го именува Стојков поради правото на презумпција, министерот Хари ...
Според Хари Костов, министер за внатрешни работи Во Министерството за внатрешни работи немало повеќе да се примаат на работа експрипадници на веќе расформираната единица за брза интервенција "Лавови". Ваквиот став на Министерството вчера министерот Хари Костов го образложи со фактот дека, согласно ...
Поранешниот генерал на „Лавовите“ Горан Стојков е осомничен бидејќи со други три лица успеал преку фиктивни документи за набавка на муниција да ја оштети касата на МВР за 28 милиони денари, тврди министерот за внатрешни работи Хари Костов.
ПО ПРИТВОРАЊЕТО НА ПОРАНЕШНИОТ КОМАНДАНТ НА "ЛАВОВИТЕ" Се праќа загрижувачка и страшна порака до идните генерации дека оној што си ги брани татковината и домот е непожелен и ќе биде казнет, а оној кој дезертирал или убивал бранители ќе биде награден, предупреди ...
Опозицијата со остра осуда за апсењето на полицискиот генерал Горан Стојков Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Ганка Самоиловска-Цветанова, вчера упати остра осуда по повод апсењето на полицискиот генерал Горан Стојков. "Генерал Горан Стојков е човек со особени заслуги и придонес за Македонија", рече ...