Американските авиони во текот на ноќта исфрлиле три бомби на аеродромот во Кабул, кои предизвикале силни експлозии, јавија агенциите, додавајќи дека врз цели во северниот дел на авганистанскиот главен град паднале најмалку седум проектили.
Австриските медиуми последниве денови се повеќе пишуваат за поврзаноста на шефот на терористичката организација Ал Каида, Осама бин Ладен со Албанците. Весникот „Ди Пресе“ објавува дека први реагирале македонските медуми, веднаш по терористичките напади во САД на 11-ти септември доведувајќи ги ...
Кондолиза Рајс реши дека Американците не треба да чујат се што бин Ладен има да каже ВАШИНГТОН, 13 октомври (Ројтерс) - Администрацијата на Буш во четвртокот од печатените медиуми побара да не ги објавуваат во целост изјавите на Осама бин Ладен и неговите воени лидери тврдејќи дека тие може да ...
АМЕРИКАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ТАЛИБАНЦИТЕ ВО АВГАНИСТАН Повеќе од 200 селани од источниот дел на Авганистан загинаа во завчерашните американски воздушни напади, изјави во Пакистан претставник на талибанските власти, јави Бета. Стотина цивили загинале при нападот врз селото Кадам, а уште толку загинале во ...
Американскиот претседател Џорџ Буш им даде уште една, последна, шанса на Талибанците да го предадат Осама Бин Ладен и да ги избегнат нападите, кои се уште продолжуваат со зголемена жестина. Во текот на ноќта во Кабул се слушале експлозии на секои 10 секунди, а претпоставката е дека американските ...
Најновите напади на американската авијација на Авганистан, како што јавуваат тамошните медиуми, се најжестоки досега. Само во Кабул се слушнале повеќе од 100 детонации. Погодена е и една воена академија на Талибанците. Пакистанската телевизија јави дека талибанската противвоздушна одбрана пружила ...
На Осама бин Ладен нема повеќе да му наметнуваат никакви ограничувања. Тој и неговата организација „Ал Каида" се слободни да прават што сакаат, соопшти владата на Талибанците. Оваа организација во меѓувреме се закани со понатамошни самоубиствени акции со киднапирани авиони.
Главна цел на најновите напади на САД се упориштата на Талибанците во Кандар. Американската авијација ја презела контролата над авганистанскиот воздушен простор и дека најголем дел од авганистанската противавионска одбрана е уништен, изјави американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд.
Кабул, 10 октомври - Четворица Авганистанци, службеници на Обединетите нации загинаа, а еден е повреден за време на прексиноќешните бомбардирања на главниот град на Авганистан, Кабул. Сите петмина работеле на расчистувањето на противтенковски мини во околината на Кабул.
Дубаи, 10 октомври - Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Сауд ал-Фејсал вчера во интервју за Интернет изданието на неделникот "Тајм" изјави дека постојат јасни докази за вмешаноста на Осама бин Ладен во терористичките напади на САД.
ИСЛАМАБАД 10 окомри (Ројтерс) - Авганистанскиот амбасадор во Пакистан Мулах Абдул Салам Заиф вчера изјави дека Талибанците се подготвени да понудат два милиони животи за каузата за независност. Подготвени сме да понудиме повеќе од два милиони мачители за независноста и сувереноста ако е потребно", ...
Исламабад, 10 октомври - Авганистанскиот владеачки талибански режим вчера соопшти дека ќе го брани Авганистан од нападите на американските бомбардери. Во меѓувреме агенцијата "Пакистан њуз" соопшти дека талибанскиот духовен водач Мула Мухамед Омар и Осама бин Ладен се евакуирани со авион од ...
ВТОР ДЕН ОД СОЈУЗНИЧКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ТАЛИБАНЦИТЕ Американските сили прексиноќа ги продолжија воздушните напади врз талибански воени капацитети и терористички бази во Авганистан, јави Ројтерс. За разлика од првиот ден, нападите продолжија и во раните утрински часови, а во нив не учествуваа британски ...
Експлозии на бомби од американско - британските авони и дејство на противоздушна одбрана на Талибанците одекнуваат вечерва во Херат, град на западот на Авганистан. Цел на новиот бран напади е аеродромот односно воздухопловната база на талибанската војска.
Цврстата поддршка на меѓународната антитерорисричка коалиција најавија сите балкански држави залагајќи се за тесна и континуирана соработка со сите меѓународни институции кои се борат против тероризмот и организираниот криминал, иако тоа би можело да ги доведе во прашање и поединци и структури на ...
Продолжувањето на воздушните напади врз Авганистан, реакциите на запад и во муслиманските земји, како и веројатната авганистанска хуманитарна криза бидејќи Пакистан не ги отвори границите за бегалците се теми што денеска ги исполнуваат британските весници.
Четворица работници на Обединетите Нации, експерти за деминирање загинале во вчерашните напади на американските и британските сили врз главниот град на Авганистан, Кабул. Еден проектил испукан од американски авиони или британски подморници ја погодил канцеларијата на техничките советници во ...
Кабул, 9 октомври - "Америка е исполнета со страв. Она што Америка денеска го доживува ние го чувствувавме со години", изјави завжера саудискиот терорист Осама бин Ладен во обраќањето преку арапската телевизија Ал-Џазеира, за кое не се знае кога е снимено, односно дали пред или по нападот на САД ...
ЛОНДОН, 9 октомври (Ројтерс) - Британија вчера изјави дека се подготви за долга војна во Авганистан и за ризикот од одмазднички напади во откако им се придружи на САД во првиот ракетен напад на Осама бин Ладен и неговите талибански заштници.
ИСЛАМАБАД, 9 октомври (Ројтерс) - Кабинетот на авганистанското талибанско движење вчера донесе одлука да пружи отпор на воздушниот напад предводен од САД. Портпаролот на талибанската влада соопшти дека на вонредната средба на кабинетот што се одржа во Кабул исто така беше одлучено да се зајакнат ...
Завчера во 18 часот и 20 минути здружените американско-британски сили започнаа напади врз цели на талибанските сили во Авганистан кој му дава засолниШте на саудискиот дисидент осама бин ладен,... Завчера во 18 часот и 20 минути здружените американско-британски сили започнаа напади врз цели на ...
ЕРУСАЛИМ, 9 октомври (Ројтерс) - Еден висок официјален претставник на Палестина вчера по американската воздушна кампања против Авганистан изјави дека Палестинците го одбиле обидот на Осама бин Ладен своите следни напади против САД да ги поврзе со нивната кауза.
БИН ЛАДЕН се заколна Веднаш откако првите крстосувачки проектили паднаа врз Кабул, катарската телевизија Ал Џезера објави снимено интервју на саудискиот терорист Осама бин Ладен, јави Ројтерс. Бин Ладен се закани дека откако го нападнале Авганистан, САД повеќе нема да имаат мир.
РЕАКЦИИ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ АВГАНИСТАН Во неколку пакистански градови вчера избија силни антиамерикански демонстрации, а најлошо е во Куета и во Пешевар Светот различно реагираше на американските и британските напади врз талибанското движење во Авганистан и врз базите на Осама бин Ладен, јави Ројтерс.
Коментар - Митко Билјаноски Со канонада врз камповите на Осама бин Ладен и неговите заштитници - талибанците, Американците завчера ја почнаа најавуваната војна против тероризмот. Првата голема војна во третиот милениум има многу специфичен и чувствителен карактер.
ПРВА ФАЗА ОД СОЈУЗНИЧКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ТАЛИБАНЦИТЕ - Според авганистански извори, при бомбардирањето загинале дваесетина цивили - Главна цел на првата фаза од акцијата е создавање воен баланс во Авганистан - Опозициските сили најавија дека ќе го освојат Кабул за неколку дена Соединетите Американски ...
„Германија им дава безрезервна поддршка на САД во нивната акција против „терористичките цели“ во Авганистан“, изјави германскиот канцелар Герхард Шредер, кој во синоќешното соопштение уште еднаш ја потенцираше „германската безгранична солидарност со САД“.
Американските напади врз Авганистан предизвикаа илјадници луѓе да ги напуштат градовите Кабул, Кандахар, Џалалабад плашејќи се од дополнителни американски воздушни напади. До сега, според информациите на УНХЦР во соседните земји на Авганистан, Пакистан и Иран, се наоѓаат над 3.500.000 бегалци.
Приврзаниците на Осама бин Ладен од мрежата „Ал Каида” во борбата против САД се подготвуваат да отворат фронт и на Балканот, пишува весникот „Московски новости”, повикувајќи се на израелски разузнавачки извори. Според истите извори, вториот човек на „Ал Каида”, Аиман Ал Зауахири веќе наредил ...
Америка и Британија започнаа серија нови напади, а талибанската влада и по синоќешниот фијаско се уште цврсто ги држи своите позиции и не отстапува од својот став за непредавање на Осама бин Ладен. Талибански официјални лица ја опишаа акцијата како страшен терористички напад, но не известија за ...
Македонскиот претседател денеска изрази „целосна и безрезервна поддршка" за нападите што ги презедоа САД против целите во Авганистан, квалификувајќи го тоа како „право на делување во самоодбрана и акција како дел од борбата против тероризмот и сите оние што го поддржуваат".
Талибанците распоредија 8000 војска на границата со Узбекистан ЏАБАЛ-УС-САРАЈ- инистерпот за надворешни работи на опозиционата Северна алијанса на Авганстан вчера рече дека САД ќе го нападне Авганистан од воздух најверјатно за неколку часа.
ЦИА И ФБИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Голем проблем, според ЦИА, е тоа што организацијата Ал Каеда на Бин Ладен ги менува своите тактики и нема "свој" препознатлив начин на напаѓање Американските агенции ФБИ и ЦИА го предупредиле Конгресот дека не само што можат да се очекуваат нови терористички напади врз ...