Државата нема да плаќа никакви трошоци за одржување на имотите на министрите во странство. Издвојувањето надоместок од буџетот за приватни намени ќе значи ексклузивно право само за одредена група функционери. На тој начин одржувањето на неподвижниот имот во странство ќе биде на товар на граѓаните.
Уставниот суд донесе одлука дека Владата не смее да дава пари за одржување на имотите на министрите во странство. Одлуката за укинување на членот од Законот за извршувањето на буџетот веќе е во сила.Според судот, незаконски е Владата да им ги надоместува трошоците на министрите и на функционерите.
УСТАВНИОТ СУД ЈА УКИНА ЗАКОНСКАТА ОДРЕДБА На министрите со имоти во странство нема веќе да им се плаќа за да ги одржуваат. Така одлучил Уставниот суд уште на 17 септември, а одлуката е објавена во последниот "Службен весник" од 8 октомври.
Уставниот суд пресече- Владата не смее да дава пари за одржување на имотите на министрите во странство. Одлуката за укинување на членот од законот за извршување на Буџетот веќе е на сила. Според судот, незаконски е Владата да им ги надоместува трошоците на министрите.