Конвојот со дваесетина возила вчера помина седум километри. ДОЈРАН - По седумдневен престој во меѓуграничниот простор кај Стар Дојран, вчера изутрина околу девет часот стартуваше специјалниот превоз на гасната турбина за топланата „Скопје - Север“. Конвојот со дваесетина возила долг 500 метри вчера помина седум километри.
Алелуја! Тргна големиот товар од Стар Дојран кон Скопје. Деловите за гасната турбина тешка 600 тони, откако една недела окапаа од чекање на меѓуграничниот премин, го започнаа патот полн со предизвици кој треба да го изодат во наредните 20 дена. Специфичниот товар, кој беше најавен како најголем тест за источната магистрала, уште не влезен во земјава, за малку ќе се сопнеше уште на првата препрека.
Од меѓуграничниот простор Стар Дојран вчера конечно тргна конвојот со товарот тежок 600 тони. На почетокот претставниците на турскиот транспортер „Анатолија логистик“ изјавија дека сите царински формалности биле завршени и се надеваат дека патот долг 200 километри ќе го поминат без проблеми.
Специјалниот транспорт (вонредниот превоз) од страна на фирмата "Анатолија Логистик" од Турција, денес во 08.00 часот, ќе започне со движење од Паркинг плацот пред “ Гранд Хотел“ Стар Дојран и ќе се движи по регионалниот пат се до крстосницата со Валандово Струмица, соопштуваат од МВР.
Денеска околу девет часот од меѓуграничниот простор кај Стар Дојран,конечно тргна конвојот со товарот тежок близу 600 тони кон Скопје. На стартот, претставниците на турскиот транспортер „Анатолија логистик“ изјавија дека сите царински формалности биле завршени и се надеваат дека патот долг 200 километри ќе го поминат без проблеми.
Гасната турбина се' уште ја чека ЦЕМТ дозволата за транспорт од Турција. Дозвола за транспорт е причина зошто гасната турбина од 600 тони цела недела окапа на царинскиот терминал во Стар Дојран. Засега не се знае кога тешкиот конвој ќе го почне патот низ Македонија со крајна дестинација Скопје. Транспортерите од Турција се надеваат дека документот ќе го добијат уште денес.
Конвојот со деловите за скопската гасна централа утрово го напушти граничниот премин Стар Дојран. Колоната од шест камиони специјализирани за транспорт на товари со екстремна тежина познати како возови со полициска придружба буквално го блокираа патот од граничниот премин до Нов Дојран. - Не можеме да го блокираме сообраќајот цел ден.
Гасната турбина, тешка 600 тони, според најавите, денеска треба да тргне по утврдената маршрута од Стар Дојран до Скопје. Товарот завчера заглави на меѓуграничниот премин затоа што македонската царина побара дозвола за превоз од трета држава, а турската фирма „Анатолија логистик“ ја немаше набавено. - Царинските власти на граничниот премин Стар Дојран бараат оригинален документ.
Гасната турбина денес ќе го почне своето патување за Скопје Гасната турбина за топланата Скопје-Север денеска ќе ја започне маршрутата од Стар Дојран до Скопје. Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, турската компанија „Анатолиа логистикс“ ја обезбедила потребната документација и дозволи околу опремата за топланата и со тоа ќе запопочне транспортот по трасата Стар Дојран до Скопје ...
Транспортот за опремата наменет за топланата Скопје Север која се наоѓа на македонско-грчката граница, ќе започне денеска во 8 часот по трасата за која јавноста веќе е информирана отккао турската компанија „Анатолија Лоцистикс“ ја обезбеди потребната документација и дозволи за опремата, соопшти МВР.
Почна транспортот на гасната турбина. Конвојот со гасната турбина тешка над 500 тони, која треба да се вгради во првата гасна централа ТЕ-ТО во земјава, вчераутро, по подолго чекање, тргна кон Скопје. Ивица Секованиќ, директор на компанијата ТЕ-ТО, која е задолжена за изградба на овој енергетски објект, вели дека товарот ќе преноќи кај Нов Дојран, а денеска ќе го продолжи патот кон Струмица.
Гасната турбина тешка 600 тони ни утрово не ја започна маршутата кон Скопје. Царинските власти од граничниот премин Стар Дојран, сега бараат оригинал од документот кој луѓето од турската фирма “Анатолија логистик“ им го доставија. По два залудно потрошени дена Турците сфатија дека документ мора тие да го обезбедат, а не македонското министерство за транспорт и врски како што претходно изјавуваа.
Чудото товар тежок 600 тони и вчера остана заглавен на меѓуграничниот простор кај Стар Дојран. Петте камиони натоварени со генератори не можат да ја поминат границата затоа што македонската царина од турскиот транспортер „Анатолија логистик“ бара дозвола за превоз од трета држава. Според надлежните, тие требало да го обезбедат документот од турските власти.
Tурскиот транспортер не достави дозвола за превоз на товарот тежок 600 тони. СТАР ДОЈРАН - И по една недела откако пристигна во меѓуграничниот простор кај Стар Дојран, никако да започне транспортот на гасната турбина тешка близу 600 тони, наменета за потребите на новата гасна централа во „Скопје-Север“.
Турската компанија „Анатолиа Логистик" ја обезбеди потребната документација и дозволи околу опремата наменета за топланата Скопје-Север па утре во осум (08.00) часот ќе започне транспортот на опремата по трасата за која јавноста веќе е информирана. Истовремено тоа ќе значи воведување посебен сообраќаен режим по делниците по кој што ке се врши транспортот.
Транспорт на големата гасна турбина, тешка 600 тони, не е започнат. Камионите со товарот неможат да ја поминат царината на граничниот премин Стар Дојран. Надлежните им бараат документ на претставниците на турската фирма „Анадолија логистик“, кои се задолжени за транспортот. Според нив тој документ, којшто им го бара царината, треба да им го издаде Министерството за транспорт и врски.
Незавршените формалности и сообраќајка причини зошто товарот не тргна за Скопје. СТАР ДОЈРАН - Најавениот транспорт на товарот тежок близу 600 тони вчера не можеше да тргне од меѓуграничниот простор кај Стар Дојран. Незавршените царински формалности и сообраќајката на два камиона беа причините поради кои петте камиони-влекачи, натоварени со гасна турбина, ротор со сечила и термален блок останаа ...
Специјален транспорт на големата гасна турбина, тешка околу 500 тони, што требаше да започне вчера по регионалниот пат Нов Дојран-Валандово, ќе започне денеска, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според истиот извор, до одложување на транспортот дошло поради незавршени административни работи на преминот Стар Дојран и на една сообраќајна несреќа на патот по кој требаше да се одвива ...
Специјален конвој со делови тешки 600 тони за потребите на топланата што се гради во Скопје не тргна од граничниот премин Стар Дојран. Иако почетокот беше планиран за утрото во 6:30 часот, тргнувањето е одложено за утре. „Првата причина зошто не се тргна според планираното се царинските формалности и сообраќајната несреќа, која се случи меѓу Стар и Нов Дојран“, изјави Јан Питер, претставник на ...
Источната магистрала пред најголем предизвик досега. Ќе го издржи ли транспортот на товарот тежок близу 600 тони, три пати поголем од носивоста на некој од вкупно 80-на мостови на патот од Стар Дојран преку Струмица, Радовиш, Штип, Велес, до Скопје?. Мостовите за кои анализите покажале дека нема да го издржат товарот ќе бидат засилени.
Специјален транспорт на големата гасна турбина, тешка околу 500 тони, започне денеска по регионалниот пат Нов Дојран-Валандово. Сообраќајот на регионалниот пат Нов Дојран – Валандово ќе биде етапно затворен и тоа почнувајќи од 08,30 часот до 17,00 часот. Најавено е дека транспортот до Скопје ќе трае околу 20 дена и ќе се одвива исклучиво преку ден и само во денови со добра видливост.
Специјален транспорт на големата гасна турбина, тешка околу 500 тони, треба да започне денеска по регионалниот пат Нов Дојран-Валандово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според истиот извор, до одложување на транспортот може да дојде единствено ако не бидат обезбедени сите неопходни мерења и потребни дозволи.
Специјален конвој со делови тешки над 550 тони за потребите на топланата што се гради во Скопје денеска тргнува од граничниот премин Стар Дојран. Автомотосојузот на Македонија со соопштение ги предупреди возачите дека од шест часот и 30 минути утрово неколку камиони-влекачи натоварени со многу тешка опрема дваесетина дена ќе патуваат од Дојран до Скопје.
Тие ќе возат со околу 10 километри на час, само дење и по нормална видливост, поминувајќи преку Валандово - Струмица - Радовиш - Штип - Велес - Скопје. Во моментот кога камионите ќе поминуваат, полицијата ќе ги блокира сите споредни патишта и крстосници.
Опремата за гасната централа во Скопје остана заглавена на граничниот премин Стар Дојран, поради сообраќајната незгода што се случи помеѓу два товарни камиона. Специјалниот транспорт на гасните турбини, тешки над 500 тона, кои треба да се вградат во првата гасната централа Те-То што се гради во Скопје, вчера уште при првиот ден од најавениот старт наиде на проблеми.
Утре започнува транспортот на турбината тешка 600 тони потребите на топланата Скопје-Север. Со пет камиони влекачи за 20 дена товарот треба да помине 200 километри од Стар Дојран преку Струмица, Радовиш, Штип, Велес, па се до Скопје. Не е исклучена можноста, ваквата динамика на движење да предизвика хаос во сообраќајот на источната магистрала.
Во наредните 20 дена од Дојран кон Скопје ќе се транспортира гасна турбина. СТАР ДОЈРАН - Југоисточната магистрала од Стар Дојран до Скопје од утре е пред најголемиот предизвик што воопшто го имала досега. Треба да издржи товар од близу 600 тони.
Скопје, 17 ноември (МИА) - Специјален конвој со делови тешки над 550 тони за потребите на топланата што се гради во Скопје утре треба да тргне од граничниот премин Стар Дојран. До Скопје треба да се транспортираат генератор долг 44,5 метри, широк 3,86 и висок 5,27 метри, ротор со сечила со должина од 40,8 и ширина од 4,3 метри и термален блок долг 32,5, широк 5,40 и висок 4,20 метри.
Специјален конвој со делови тешки над 550 тони за потребите на топланата што се гради во Скопје утре треба да тргне од граничниот премин Стар Дојран. До Скопје треба да се транспортираат генератор долг 44,5 метри, широк 3,86 и висок 5,27 метри, ротор со сечила со должина од 40,8 и ширина од 4,3 метри и термален блок долг 32,5, широк 5,40 и висок 4,20 метри.
Во петокот на меѓуграничниот простор пристигна елементот од 176 тони натоварен на приколка со 22 оски, а во текот на викендот требаше да се групираат и преостанатите четири елементи тешки 120, 95, 83 и 82 тони. Ова е најголема операција од ваков тип досега реализирана во Македонија со оглед на големината на товарот кој што ќе биде транспортиран.
Секторот за сообраќајни работи при МВР, ќе започне со асистенција за безбедно спроведување на вонреден превоз на релација од ГП „Стар Дојран“ до Скопје, преку Дојран, Струмица, Радовиш, Штип и Велес. Ова е најголема операција од ваков тип досега, што ќе се реализира во Македонија, со оглед на големината на товарот што ќе биде транспортиран, соопштува МВР.