Заштитениот сведок на Обвинителството вчера на продолжението од судењето на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во Хаг рече дека во текот на конфликтот во 2001 година, во многу случаи, полициските единици биле ставани под команда на АРМ.
Заштитениот сведок на Хашкото обвинителство на вчерашното продолжение од судењето беше испрашуван за борбите што ги воделе безбедносните сили со ОНА во околината на Ваксинце и Слупчане. Сведокот, чиј псевдоним е М 056, предводел полициска единица во конфликтот во 2001 година.
Поранешен припадник на специјалните безбедносни сили под псевдонимот М-56 вчера одговараше на прашањата на Обвинителството на судењето против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски во Хаг. Првпат од почетокот на судењето, сведокот целосно беше заштитен, односно не можеше да се чуе ниту неговиот глас, ...
Полицискиот припадник што сведочи со скриен идентитет пред Хашкиот суд, на вчерашното продолжение на судскиот процес изјави дека било пукано кон полицискиот пункт познат како „Кинески ѕид“ од три до четири куќи од Љуботен. - Тврдам дека од куќите се пукаше кон нас со автоматски пушки.
Претходните седум дена во Хашкиот трибунал сведочеа уште три лица повикани од Обвинителството Заштитениот сведок со псевдоним М-053 вчера во судницата на Хашкиот трибунал сведочеше за полициската акција во Љуботен, на процесот против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски.
Сведокот на Обвинителството со заштитен идентитет на вчерашното продолжение на судскиот процес во Хаг, потврди дека на 13 август 2001 година го видел поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во близина на Љуботен. Сведокот во 2001 година бил полициски припадник.
Сведокот на Хашкото обвинителство Веби Бајрами, на вчерашното продолжение на судскиот процес против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, изјави дека на 13 август 2001 година бил тепан од полицајци на патот од Љуботен до полициската станица во Мирковци.