TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЏОРЏ БУШ БАРА ПОМОШ

Канал5 - 13.09.2003

Џорџ Буш уште еднаш ја повика меѓународната заедница да се вклучи во изградбата на повоен Ирак. Слободните држави не можат да останат неутрални во борбата меѓу цивилизацијата и хаосот. Време е другите да се присоединат кон нас.

Париз, Берлин и Москва со нова спогодба за Ирак

Вест - 12.09.2003

ЊУЈОРК, 12 септември, - Франција, Германија и Русија им предложија на САД спогодба за Ирак во чии рамки овие земји би го прифатиле американското воено водство, а американската цивилна контрола во Ирак ќе се намали во корист на Ирачаните и Обединетите нации .

Извештајот за Ирак ќе ја запечати кариерата на Хун?

Утрински - 12.09.2003

Објавен клучниот извештај на Велика Британија за Ирак ЛОНДОН - Влијателен комитет на Велика Британија објави клучен извештај за начинот на кој владата се справи со случајот за војна во Ирак. Се очекува извештајот да ја утврди кариерата на секретарот за одбрана, Џеф Хун, бидејќи информациите ...

САД не ја намалуваат улогата во Ирак

А1 - 11.09.2003

САД ги отфрлија предлозите на Франција и на Германија за намалување на улогата на американската администрација во Ирак и забрзувањето на предавањето на власта во Ирак на ирачките политичари. „Ни советуваат дека единственото што треба да го направиме е уште утре да најдеме некој случаен Ирачанец и ...

Еден загинат, 53 повредени во последниот напад врз силите на САД

Утрински - 11.09.2003

Пет напади со автомобили бомби за пет недели во Ирак БАГДАД - Во петтиот напад со автомобил бомба во Ирак за пет недели, загина едно лице, а 53 се повредени, меѓу кои и шестмина припадници на американското Министерство за одбрана, во северниот град Арбил, соопшти вчера американската војска.

Еден Ирачанец убиен, 41 повреден во експлозија во Ирак

А1 - 10.09.2003

Најмалку еден Ирачанец е убиен, а 41 лице се ранети, меѓу кои и шестмина членови на американското Министерство за одбрана, во синоќешната експлозија на автомобил-бомба во курдскиот град Ербил во северен Ирак, потврди денеска американски воен претставник.

Дипломатска победа на Ирачкиот совет

Утрински - 10.09.2003

Пополнето испразнетото место на Ирак во Арапската лига. Вашингтон притиска во ОН КАИРО - Владејачкиот совет на Ирак, именуван од САД, вчера направи голем чекор кон меѓународната легитимност, кога неговиот делегат го зазеде празното место на Ирак на министерскиот состанок на Арапската лига.

Нови британски војници во Ирак

Утрински - 10.09.2003

дополнување Околу 1.200 британски војници дополнително ќе бидат испратени во Ирак во наредните недели, најави секретарот за одбрана Џеф Хун. Откако беше потврдена информацијата за дополнителното распоредување, Даунинг стрит брзо инсистираше дека тоа не е "автоматска реакција" на неодамнешните ...

Резервистите осудени на една година потење во Ирак

Дневник - 10.09.2003

СО ОДЛУКА НА ПЕНТАГОН Американската армија наредила илјадници припадници на резервниот состав и на Националната гарда што беа мобилизирани за Ирачката војна да останат во Ирак цела година, јави Ројтерс. Во Ирак има околу 5.000 резервисти и 3.000 гардисти што веќе отслужиле меѓу еден и шест месеци и ...

На САД им треба помош во Ирак

Капитал - 10.09.2003

Дали е можна пресвртница во стабилизирачката мисија во Ирак? На САД им треба помош во Ирак Задачата за обнова на Ирак е осаменичка и фрустрирачка за САД и за ннивните британски сојузници. Зошто Вашингтон не може или не сака да го придобие преостанатиот дел од светот за таа цел Ричард ...

Легализација на воениот удар врз Ирак

Капитал - 10.09.2003

Советот за безбедност едногласно усвои резолуција во која од Ирак се бара безусловно да овозможи инспекција на капацитетите за производство на оружјеЛегализација на воениот удар врз ИракАмериканскиот претседател Џорџ Буш ја спроведува политиката на неговата земја за Ирак согласно максимата: Со ...

Буш од конгресот ќе побара уште 87 милијарди долари за Ирак

Вест - 09.09.2003

Маринците во акција за апсење на приврзаници на Садам во неговиот роден град Тикрит Вашингтон, 9 септември (АП) - Претседателот на САД Џорџ Буш во неделното обраќање до нацијата објави дека од Конгресот ќе побара дополнителни 87 милијарди долари за финансирање на американските сили во Ирак.

Британија праќа уште 1.200 војници во Ирак

Вест - 09.09.2003

Лондон, 9 септември (АП) - Британската Влада одлучи да испрати уште 1.200 војници во Ирак, како засилување на постојниот контигент што се наоѓа во Басра и во јужните регионот на земјата, по симнувањето на поранешниот режим на Садам Хусеин, соопшти вчера Даунинг Стрит.

Буш бара помош од меѓународната заедница

Утрински - 09.09.2003

Прво обраќање на американскиот лидер откако прогласи победа во Ирак ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека Ирак "сега е централен фронт" во глобалната војна против тероризмот, и ги повика другите држави да придонесат во тие напори со пари и со војска.

За Ирак се троши како за Виетнам

Утрински - 09.09.2003

Според УСА тудеј ВАШИНГТОН - Месечната сметка за американските воени мисии во Ирак и во Авганистан сега им конкурираат на трошоците на Пентагон за време на Виетнамската војна, покажаа податоците од Министерството за одбрана. Пентагон троши речиси пет милијарди долари месечно во Ирак и во ...

Буш им порача на американските војници да се навикнат на Ирак

Дневник - 09.09.2003

ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ САД најавија 87 милијарди долари за обнова на Ирак и Авганистан, а претседателот Џорџ В. Буш им порача на војниците дека мора да ја добијат битката во Ирак и да бидат подготвени на жртви Американскиот претседател Џорџ В.