Втората по големина партија во Владата на Сали Бериша, Републиканската партија ја напушти Владата поради трагедијата кај Грдец и оставката на министерот за одбрана Фатмир Медиу, кој е претседател на партијата. Највисоките тела на партијата одлучија да го замрзнат учеството во Владата до моментот ...
Екс командантот на КФОР, Фабио Мини, веднаш по несреќата во Грдец не ја исклучи можноста дека станува збор за саботажа. Сега албанското јавно обвинителство не ја исклучува можноста за терористички акт, чиј биланс до сега се 22 жртви, над 300 повредени и повеќе од 4200 целосно или делумно разрушени ...
Повеќе илјади приврзаници на опозицијата учествуваа во масовниот протест наречен „Марш на молкот“, што синоќа се одржа во Тирана, по повод трагедија во Грдец. Со свеќи во рака и без партиски знамиња, предводен од лидерите на опозиционите партии Еди Рама и Илир Мета, маршот се одвиваше низ ...
Албанскиот премиер Сали Бериша призна дека трагедијата во Грдец извадила на виделина големи пропусти на Владата во многу правци и инситуции, јави дописникот на МИА од Тирана. На седницата на Кризниот штаб, со кој раководи Бериша, тој ветил темелни промени и реформи кои ќе бидат реализирани во ...
Премиерот Бериша конечно призна дека трагедијата во Грдец извадила на виделина големи пропусти на Владата во многу правци и институции, ветувајќи темелни промени и реформи кои ќе биделе реализирани во соработка со опозицијата.
Притвор на неодредено време му е одреден на Михаил Делѓорѓи, сопственик на фабриката за демонтирање на муниција во Грдец. Иста мерка е одредена и за директорот на фирмата „Меиуко“ Или Пинари и директорот на фабриката во Грдец Дритан Минџоли.
Една од малкуте преживеани работници, која во критичниот момент била во воениот магацин во селото Грдец, тврди дека бројот на загинатите во оваа катастрофа е далеку поголем од тој што официјално се кажува. Тука имаше над сто работници. Има многу повеќе мртви отколку што тврдат властите.
Албанија официјално побара помош од американските институции околу истрагата за големата трагедија предизвикана од експлозијата во воениот магазин во Грдец. За таа цел, Јавниот Обвинител на Албанија Ина Рама се обрати официјално до САД со барање стручни лица на ФБИ да се вклучат во истрагата.
ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ ЛИЦА Албанија вчера прогласи Ден на жалост, додека бројот на загинати во саботните експлозии во воениот магацин крај селото Грдец во Албанија се зголеми на 20 лица, јавува МИА. Се уште не е јасна судбината на многумина работници и селани од околните села кои се ...
Албанската полиција вчера уапси тројца осомничени за експлозијата на воениот магацин во местото Грдец, кај Тирана, јави МИА. Уапсени се директорот на фирмата „МЕИКО“ Или Пинари, Михал Делијорѓи, првиот човек на фирмата „Алба Демил“, која вршела демонтирање на муницијата во воениот магацин, и ...
Бројката на загинати во експлозијата во воениот магацин во Тирана се искачи на 20. Властите стравуваат дека ова не е конечна бројка и дека бројот на загинатите ќе биде поголем, бидејќи се уште не се знае судбината на многу работници и жители од селото кои се водат како исчезнати.
Бројот на загинатите се искачи на 15, тешко повредени над 300 лица Тирана – Жителите на градот Вора, во чија близина се наоѓа селото Грдец каде викендов дојде до експлозија во магацин за оружје вчера започнаа масовен протест.
ПО НЕСРЕЌАТА ВО ДЕПОТО ЗА МУНИЦИЈА ТИРАНА, 18 март (Ројтерс) - Албанскиот министер за одбрана Фатмир Медиу вчера поднесе оставка по несреќата во депото за муниција. Спасувачките екипи вчера најдоа тело на дете во близина на местото на масовните експлозиите во депото во близина на Тира ТИРАНА, 18 ...
Работниците биле ангажирани во демонтирање на десетте тони муниција во магацинот, нивен транспорт и чистење Бројот на жртвите од катастрофалната експлозија на воениот магацин во селото Грдец, во близина на Тирана, порасна на петнаесет-мина луѓе, а во критична здравствена состојба состојба се' уште ...
Никој не знае да објасни зошто детонацијата е почувствувана со голем интензитет кај нас Билјана Ангеловска Експлозијата во военото депо во Грдец, во близината на Тирана, засега не предизвика никаква радијациска реакција во нашава држава.
Поради големата несреќа во воениот магацин во селото Грдец, албанската Влада денешниот ден го прогласи за ден на национална жалост. Како што јави дописникот на МИА од Тирана Во 12 часот на пладне ќе се одржи едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите, а на сите државни институции знамињата ...
ПО КАТАСТРОФАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО АЛБАНИЈА Државната обвинителка на Албанија, Ина Рама, изјави дека истражните органи не ја исклучуваат верзијата саботната експлозија во магацините со муниција во Грдец крај Тирана да е криминален акт, соопшти албанската агенција АНА.
Државниот обвинител на Албанија Ина Рама изјави дека истражните органи не ја исклучуваат можноста експлозијата во магацинот во Гердец крај Тирана, да е криминален акт, соопшти албанската агенција АТА. "Формиран е истражен тим од обвинители, полицијаци и експерти кои ќе ја истражуваат трагедијата и ...
Министерот за одбрана на Албанија, Фатмир Медиу, денеска поднесе оставка на функцијата, јави албанската агенција АТА. Оставката Медиу му ја доставил на албанскиот премиер Сали Бериша. Албанската Влада потврди дека министерот за одбрана Фатмир Медиу поднел оставка.
Експлозијата создаде кратери, некои со дијаметар од 50 метри и длабочина од 20 метри ТИРАНА - Околу 400 албански војници вчера ги пребаруваа остатоците во потрага по преживеани по големата експлозија на муниција што уништи воено депо и при што загинаа најмалку девет лица.
КАТАСТРОФАЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЛИЗИНА НА ТИРАНА Најмалку десет лица загинаа, а околу 250 лица се повредени при серија експлозии на магацин со оружје во селото Гердец, на 10 километри северно од главниот град на Албанија, Тирана, а се стравува дека при расчистувањето на урнатините ќе бидат пронајдени ...
Расте бројот на жртвите од експлозијата во селото Грдец. Официјално загинати 15, повредени над триста. Од кратер на експлозијата извадени се четири јагленосани тела на тројца мажи и една жена. Над илјада припадници на полициските и армиските специјални сили , со 149 возила и три хеликоптери ја ...
ПО ПОЖАРОТ ВО АЛБАНИЈА Триста и педесет единици крв, голем број лекови, претежно антибиотици, најпотребен медицински материјал беа испорачани од Македонија за настраданите во експлозиите во Албанија. Владата изрази жалење за несреќата и ги стави на располагање сите расположливи средства за помош на ...
ГЕРДЕЦ, Албанија, 17 март (Ројтерс) - Околу 400 албански војници вчера пребаруваа урнатини во потрага по преживеани од огромната експлозија на муниција која уништи воена база и уби најмалку шест луѓе. ГЕРДЕЦ, Албанија, 17 март (Ројтерс) - Околу 400 албански војници вчера пребаруваа урнатини во ...
Направени се неколку кратери, а некои се со дијаметар од 50 метри и длабоки се дваесетина метри Илјада припадници на албанската армија вчера ги прекопуваа урнатините, во потрага по преживеани од огромната експлозија на муниција што ја разурна воената база и во која загинаа најмалку осум, а ...
Светските медиуми и агенции пренесуваат различни информации околу саботната катастрофа за видот на оружјето кое експлодирало, точниот број на мртви, повредени и исчезнати во трагедијата близу магацинот за оружје на албанската армија во Гердец Од час на час се золемува бројката на загинати и ...