Бучковски и Груевски ги привршуваат работите за официјалниот старт на предизборната кампања, без разлика дали изборите ќе бидат јули или септември. Се гради стратегијата и се договараат коалициите со кои ќе се излезе пред граѓаните. Настапот на Груевски барем засега е традиционален .
Оваа година ќе биде клучна за Македонија. Изборите, однесувањето на политичките субјекти, развојот на настаните во врска со случајот "Ел Масри" и исполнувањето на домашните задачи од ави-то на Европската комисија во голема мера ќе ја одредат натамошната судбина на македонските аспирации за членство ...
Познати носителите на изборните листи на власта и на опозицијата за парламентарните избори? Владејачката коалиција од Првата до Шестата изборна единица ќе ја претставуваат Владо Бучковски, Ристо Пенов, Никола Поповски, Радмила Шекеринска, Илинка Митрева и Оливер Спасовски.
КАКО СЕ ФИНАНСИРААТ ПАРТИИТЕ И КАМПАЊИТЕ Партиите не сакаат да ги објават имињата на фирмите што ги финансираат нивните кампањи, зашто така ќе се откријат најголемите бизнис-врски во државата, тврдат експертите. Според нив, тука лежи најголемата политичка корупција, бидејќи се вратат милиони дадени ...
СПОРЕД ПРЕМИЕРОТ Премиерот Владо Бучковски вели дека мора да се регулира начинот на финансирање на изборните кампањи. - Таа глава недостасува во изборниот законик. Ако овој проблем го регулираме тука, ќе треба да го прифатиме амандманот на ВМРО-НП за одредување на носителот на субјективитет кај ...
КАДРОВСКИ ИГРИ ЗА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ Сашо Кокаланов - Татјана Поповска Само за изборната "единица" двете најголеми партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат сигурен "пик" за носител на изборната листа, за сите други допрва ќе има внатрепартиски, а потоа и меѓукоалициски договарања и преговарања.
Премиерот вчера одговараше на повеќе новинарски прашања Идеално време е во текот на јули или август да се формира новата влада, кога сите се на одмор, а веќе од 1 септември да почне да работи новиот владин кабинет Жаклина Ѓорѓевиќ ВМРО-Народна Ве обвини дека преговарате со ВМРО-ДПМНЕ околу датумот ...
"Владата има попаметни работи отколку да влегува во шемата на опозицијата и да лицитира со датум за избори", вели премиерот Владо Бучковски. Според него, за да се дојде во фаза за разговори за датум, претходно треба да се завршат работите што Македонија ги презеде како обврска од статусот кандидат ...
ПАРТИИТЕ САМО СО ДЕКЛАРАТИВНИ ЗАЛОЖБИ Партиите декларативно се согласуваат дека треба да се донесе законско решение со кое тие треба да објават како ја плаќаат изборната кампања и кои им се донатори, но немаат конкретен предлог и чекаат Владата да го направи тоа.
ПОМИНА ПРВАТА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНИКОТ На работ на кворумот, но со поддршка и од власта и од опозицијата, вчера во Собранието помина првичната верзија на новиот изборен законик. По речиси една недела расправа, пратениците заклучија дека има потреба од нова изборна регулатива и ја задолжија Владата да ...
Собранието на Македонија ја изгласа првата фаза од изборното законодавство КАТИЦА ЧАНГОВА Пратениците од власта и од опозицијата се залагаат за чисти партиски и изборни сметки. Тие ќе инсистираат на поцврсти и на посилни законски механизми против какви било злоупотреби и манипулации во изборни цели.
ВМРО-НАРОДНА ОБВИНУВА ВМРО-Народна бара премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да престанат да се пазарат и да бијат битка за поделба на влијанието врз изборните органи, како и да не лицитираат со датумот за изборите.
И власта и опозицијата гласаа за законот за избори во првата фаза. За ваквото единство образложението е дека има потреба од него. Но, за крајниот производ кој се очекува да биде донесен на почетокот на март, најавуваат предлози на кои жестоко ќе инсистирале да бидат дел од законот.
Додека партиите и натаму го ставаат судството во своите комбинации за изборите Судиите рекле дека не сакаат да му бидат алиби на никого и да бидат обележувани како приврзаници на партии од власта или од опозицијата и оти треба да се спречи нивната натамошна политизација Гордана Дувњак Судиите никој ...
Ерван ФУЕРЕ КАЈ АНТИКОРУПЦИСКАТА Нелегалното финансирање на политичките партии, особено на предизборните кампањи мора да се санкционира и да се спречи. Затоа е важно тоа прецизно да се регулира со изборниот законик, а државните органи, меѓународниот фактор и антикорупциската комисија внимателно да ...
Фуере ја помести политичката расправа за изборниот закон- откако јавно се посомнева во финансирањето на изборните кампањи , денеска сите партии се согласија ова да се регулира во новиот изборен закон - да ги откријат донаторите и да објават од каде се парите за скапите кампањи.
Сите досегашни разговори за постигнување консензус за изборното законодавство имаат круцијално значење. Го советувавме премиерот да ги ангажира сите политички партии во постигнувањето политички консензус што ќе биде гаранција за фер и демократски избори, но и гаранција дека изборните резултати ќе ...
Европретставникот Ерван Фуере бара транспарентност во работата на политичките партии, особено во финансирањето на изборните кампањи. По средбата со Антикорупциската комисија, Фуере ја праќа пораката - и на ова поле Европа очекува највисоки стандарди.
Како се финансираат скапите изборни кампањи на партиите? Колку од тие пари се валкани и можни ли се чисти избори, какви што бара Европската унија, со нечисти партиски сметки? За ова денеска кај Антикорупциската комисија се интересирал европретставникот Ерван Фуере.