TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

10 мртви во автомобил-бомба во Басра, полициски час во Багдад

Вест - 24.06.2006

БАГДАД, 24 јуни (Ројтерс) - Автомобил-бомба уби 10 луѓе во Басра, вториот град по големина во Ирак, а владата воведе полициски час во главниот град откако шиитските милитанти се судрија со ирачките и американските сили во централен Багдад.

Забрана за движење на луѓе и возила

Утрински - 24.06.2006

Багдад БАГДАД - Ирачката влада од вчера воведе полициски час од 14 до 6 часот денес, забранувајќи го на тој начин движењето на луѓе и возила, објави државната телевизија. Веќе постои забрана за сообраќај во Багдад во периодот од 11 до 15 часот.

Двајца ирачки полицајци загинаа во бомбашки напад

Канал5 - 24.06.2006

Двајца ирачки полицајци загинале, а тројца се ранети во експлозија на бомба, што се случила во моментот кога полициската патрола поминувала низ еден од шиитските квартали во Багдад Багдад, 24 јуни (МИА) - Двајца ирачки полицајци загинале, а тројца се ранети во експлозија на бомба, што се случила во ...

Прогласена вонредна состојба во Багдад

А1 - 23.06.2006

Ирачката Влада денеска прогласи вонредна состојба во Багдад откако во кварт во центарот на градот избувнаа судири, соопшти кабинетот на ирачкиот премиер Нури ал Малики. Во соопштението не се наведени детали за прогласувањето вонредна состојба.

Ирачката војска најде тела на грабнати работници

Вест - 23.06.2006

БАГДАД, 23 јуни (Ројтерс) - Ирачки војници вчера рекоа дека нашле неколку тела во насилно подрачје северно од Багдад каде претходниот ден работници од фабрика биле грабнати од милитанти. Полицијата и владата даваат контрадикторни изјави за тоа како дошло до грабнувањата и колку луѓе се вмешани.

Прогласена вонредна состојба во Багдад

Канал5 - 23.06.2006

Ирачката Влада денеска прогласи вонредна состојба во Багдад откако во кварт во центарот на градот избувнаа судири, соопшти кабинетот на ирачкиот премиер Нури ал Малики. Багдад, 23 јуни (МИА) - Ирачката Влада денеска прогласи вонредна состојба во Багдад откако во кварт во центарот на градот избувнаа ...

Најдени телата на киднапираните американски војници

Вест - 21.06.2006

БАГДАД, 21 јуни (Ројтерс) - Двајцата американски војници кои минатата недела исчезнаа јужно од Багдад се убиени, а нивните тела најдени во област во која група поврзана со ал Каеда вели дека ги киднапирала, соопшти вчера претставник на ирачкото министерство за одбрана.

Тајна разгледеница од Багдад

Време - 21.06.2006

Британскиот печат објави таен допис од амбасадорот на САД во Ирак испратен до државната секретарка Кондолиза Рајс, во кој се зборува за опасноста од паравојските и дека главниот град Багдад е во хаос. Оцената на амбасадорот на САД Залмај Кализад, испратена до Стејт департментот на 6 јуни, се ...

Најмалку седум лица загинаа при експлозија во Багдад

А1 - 20.06.2006

Најмалку седум лица загинаа, а 18 се повредени денеска во експлозија на автомобил-бомба што се случи на еден пазар во Багдад. Бомбата експлодирала во време кога маса луѓе купувале на пазарот во источниот дел на Багдад, Џамили, сооптши локалната полиција.

Ирачката Ал Каеда држи 4 Руси и двајца американски војници

Вест - 20.06.2006

ДУБАИ, 20 јуни (Ројтерс) - Група поврзана со ал Каеда вчера рече дека киднапирала двајца американски војници во близина на Јусуфија, во изјава пратена на Интернет. Истата група соопшти и дека држи четворица руски "дипломати" во заложништво и и даде на Москва рок од 48 часа да ги повлече своите сили ...

11 загинати во Ирак

А1 - 19.06.2006

Најмалку 11 Ирачани се убиени денеска во Ирак, од кои четири во напад со автомобил-бомба во Багдад, каде се распоредени значителни сили на безбедност. Според локални полициски извори, четири цивили се убиени, а осум се повредени во напад во Вазиријахи, северен Багдад.

Грабнати 10 работници од пекарница

Дневник - 19.06.2006

Вооружена група вчера киднапирала 10 работници од пекарница во шиитско предградие на Багдад, јави МИА. - Очевидци тврдат дека напаѓачите пристигнале со два автомобила, влегле во пекарницата во северниот кварт Казимиј и киднапирала 10 работници - изјави полицискиот полковник Мухамед Кајун.

Киднапирани 10 пекари во Багдад

Вест - 19.06.2006

Багдад, 19 јуни (Ројтерс) - Десет вработени во една пекара во шиитско предградие на Багдад, биле киднапирани вчера од вооружена банда, соопшти полицијата, додавајќи дека во текот на саботната вечер во градот биле пронајдени тела на десет мажи со прострелни рани и траги од мачење.

Серија убиства и киднапирања

Вечер Прес - 19.06.2006

Најмалку 32 лица загинаа, а околу 80 се повредени вчера во пет експлозии во Багдад. Дванаесет лица загинаа, меѓу кои и деца, при експлозија на автомобил-бомба во југозападниот кварт Маалеф во Багдад, соопшти ирачката полиција.