ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПИТА СЕ Протестот на жителите на Визбегово против изградбата на прифатилиштето за азиланти од вчера е во мирување, информираат од месната заедница. Оттаму велат дека граѓаните се уште размислувале дали поддршка за запирање на изградбата на кампот да побараат и од политичките партии.
ЗА ДА ЈА СПРЕЧАТ ИЗГРАДБАТА НА КАМПОТ ЗА АЗИЛАНТИ Жителите на Визбегово ќе побараат помош од политичките партии за да ја спречат изградбата на прифатилиштето за азиланти во атарот на нивното село, најавуваат од месната заедница.
Случајот со изградбата на прифатен камп добива политички димензии Жителите на Визбегово завчера одлучија дефинитивно да останат на ставот дека се против изградбата на прифатниот камп за азиланти. И покрај вчерашниот неуспешен обид за блокада, најавуваат дека и во текот на денешниот ден ќе се обидат ...
СКОПЈЕ Жителите на Визбегово не можат да се договорат дали се за или против изградбата на прифатниот центар за баратели на азил во атарот на селото. Тие имаат поделени мислења за тоа дали ќе продолжат со блокадите на градилиштето.
Визбеговци никако да се договорат. Не најдоа заедничко решение ниту на последниот состанок што завчеравечер се одржа во Месната заедница, на кој од вкупно 2500 жители, присуствуваа само педесетина. -Уште еднаш ги разгледавме сите опции и се обидовме да ги ставивме на кантар нашите и предлозите на ...
Во Визбегово денеска нема блокади, ниту протести против изградбата на азилантскиот камп. Жителите синоќа не успеаја да се договорат дали и како ќе го продолжат протестот. Признаваат дека самите се виновни за неуспешните блокади. „Би ве прашал сите вас дали штрајкуваме или не. Прво тоа да го решиме.
ПРЕДЛОГОТ НА ШЕЌЕРИНСКА ГИ ПОДЕЛИ ВИЗБЕГОВЦИ Мими Шушлеска Визбеговци се поделија околу идејата на вицепремиерката Радмила Шеќеринска тие да се согласат со изградбата на прифатилиштето за азиланти во нивното село, а за возврат да добијат канализација.
Блокади вчера немаше, визбеговци допрва ќе одлучуваат што ќе преземат понатаму Полициското обезбедување од 4 часот утрината го спречило населението да се организира на повторни блокади ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Во Визбегово вчера немаше блокади.
во СКОПСКО визбегово Со полициска интервенција жителите на скопското село Визбегово вчераутро биле спречени да постават блокади на приодите кон селото. Полицајците се заканувале дека ќе ги приведат тие што ќе го блокираат градилиштето, тврди месното население.
По неколкудневните протести против изградбата на кампот за азиланти и еден ден по состанокот со вицепремиерката Радмила Шеќеринска, приодите во Визбегово вчера беа слободни. Барикадите што вчераутро беа поставени, беа растерани од полицијата.
Сеуште не е донесена конечна одлука. Во месната заедница вечерва не дојдоа претставниците од МВР и од Министерството за социјала. Само жителите и градоначалникот на општина Бутел вечерва разговараа за тоа дали ќе продолжат утре блокадите или не.
ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА ШЕЌЕРИНСКА ГИ УБЕДУВА ВИЗБЕГОВЦИ ДА ДОЗВОЛАТ ДА СЕ ГРАДИ КАМПОТ ЗА АЗИЛАНТИ На вчерашната средба вицепремиерката Шеќеринска се обидела да објасни дека нема време да се бара нова локација за кампот за азиланти, зашто ако тој не почне да се гради до Нова година, ќе пропадна два ...
СРЕДБА ЗА АЗИЛАНТСКИОТ КАМП Владата нема време да бара нова локација на која ќе се гради прифатилиштето за азиланти, бидејќи парите добиени како донација мора да се искористат. Во спротивно, тие ќе бидат повлечени, им рекла на вчерашната средба вицепремиерката Радмила Шеќеринска на претставниците ...
Средбата на жители на Визбегово и вицепремиерката Шеќеринска заврши без конечен договор Населението синоќа требаше да се сретне со претставници од Министерството за труд и од Одделението за азил при МВР ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Вчерашната две и полчасовна средба меѓу претставници од селото Визбегово, ...
АЗИЛАНТСКИОТ КАМП, СЕПАК, ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ВИЗБЕГОВО Владата останува на ставот дека прифатниот центар за баратели на азил треба да се изгради во Визбегово и не размислува за нова локација, и покрај блокадите на месното население.
По два дена блокади камионите на „Гранит“ кој го градат прифатилиштето за азиланти во село Визбегово слободно одат до градилиштето. Блокади денеска немаше но визбеговци уште не одлучиле дали ќе ја дозволат изградбата или ќе повторно ќе блокираат.
Вечерва има кавга помеѓу жителите на Визбегово и претставниците на МВР и Социјала. Визбеговци се лути на своите претставници, кои денес имаа состанок со вицепремиерката Шеќеринска. Најмногу се лути - зошто нивните претставници вечерва донеле претставници од министерствата.
И по два часа преговори, жителите на Визбегово и вицепремиерката Шеќеринска не се договорија. Изградбата на азилантскиот камп и натаму е стопирана, блокадите остануваат. Кој ќе попушти - Владата или визбеговци, ќе се знае вечерва по средбата меѓу претставници на МВР и Министерството за социјала со ...
ИЗГРАДБАТА НА КАМПОТ ЗА АЗИЛАНТИ ГО РАЗДВИЖИ СЕЛОТО Жителите на Визбегово со мотокултиватори, трактори и други земјоделски машини вчера од раните утрински часови блокираа три улички во селото и ги спречија градежниците од „Гранит“ за да дојдат до локацијата на која почна да се гради кампот за ...
ВИЗБЕГОВЦИ НЕ САКААТ КАМП ЗА АЗИЛАНТИ СРЕДЕ СЕЛО Жителите се закануваат дека селото ќе остане блокирано се додека Владата не најде друго решение за кампот за азиланти Дваесетина жители од скопско Визбегово вчера ги блокираа приодите до нивното село, во знак на протест против идејата на ...
Месното население ги блокираше приодите кон селото со жив штит и трактори Визбеговци најавуваат секојдневни блокади и бараат Министерството да најде нова локација за изградба на прифатниот центар Трактори, бали од сено и жив штит од месното население на сите влезови во Визбегово вчера ги ...
нездоволство поради ИЗГРАДБАТА НА АЗИЛАНТСКИОТ КАМП во скопско Децата од скопското село Визбегово вчера не отидоа на училиште бидејќи со своите родители од шест часот утрото беа на блокадите на двата влеза во селото. Визбеговци ги блокираа влезовите со трактори и автомобили, револтирани од ...
Даница Тунтевска Блокадите и протестите во скопско Визбегово поради изградбата на азилантскиот камп ја фрлија во вода тезата дека "молчењето е злато" и практично покажаа оти "ќутенката" на Владата единствено резултира со револт и со незадоволство кај граѓаните.
Да не се гради камп за азиланти во Визбегово – ова барање штрајкувачкиот одбор на селото денеска го пренесе и во Владата. Визбеговци на чело со градоначалникот на Бутел повеќе од два часа разговараа со потпретседателката на Владата Радмила Шеќеринска.
Скопје Вицепремиерката Радмила Шеќеринска претпладнево треба да оствари средба со жителите на скопско Визбегово, кои и денеска, втор ден по ред, со блокади на патиштата не дозволуваат да продолжи изградбата на кампот за азиланти.
Сите приоди кон скопско Визбегово од утрово се блокирани. Жителите не дозволуваат да продолжи изградбата на азилантскиот камп во нивното село. Владата одлучи тука да изгради две згради во кои ќе ги сместува странските државјани кои ќе добијат азил во Македонија.
ОД ДЕНЕСКА Жителите на скопската населба Визбегово денеска ќе протестираат пред локацијата на која во петокот со полициско обезбедување беа удрени темелите на прифатниот центар за баратели на азил. Вака одлучиле претставниците на Штрајкувачкиот одбор на саботната средба, на која присуствувале голем ...
Со блокади визбеговци денеска го продолжија протестот против изградбата на камп за азиланти во нивното село. Од седум часот утрината блокирани се сите приоди кон селото и не се пропуштаат камионите на „Гранит“ кој треба да градат на локацијата.
Со блокади на сите приоди и околни патишта, Визбеговци ќе се борат против изградбата на кампот за азиланти во селото. Оваа одлука едногласно беше донесена на завчерашниот состанок на месното население на кој присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски.