Со истрели од огнено оружје од сите страни, еуфорично, Албанците во Скопје пред споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија ја дочекаа независноста на Косово. На прославата, која ја организираше ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети побара македонската Влада да го признае Косово.
Големата европска четворка Британија, Франција, Германија и Италија се очекува да го признаат Косово. Остануваат Кипар, Грција, Шпанија, Романија, Словачка, тие се против. Поделеноста на 27-те земји на Унијата, сепак, се очекува да се надмине, утре на министерскиот состанок да се донесе заедничка ...
Во автомобили со развеани знамиња или пеш, дел од македонските граѓани со албанско етничко потекло на граничниот премин Блаце кон Косово. Во Приштина ќе ја прославуваат независноста на Косово. Одат на еден ден, велат, за да се дел од славеничката атмосфера која ја чекале.
Се уште се слави во Тетово. Голем концерт на градскиот плоштад со повеќе музички групи, организиран од тетовската локална самоуправа. Низ градот кружат автомобили со вклучени сирени и со развиорени знамиња. „Од една страна, ова е втор роденден на целата албанска нација на Балканот и пошироко, а од ...
Првиот контингент од 50 припадници на мисијата на ЕУ на Косово ЕУЛЕКС пристигна денеска во Приштина. Цивилно - полициската мисија на ЕУ, која ќе брои околу 2,000 членови, во јуни треба целосно да ја замени мисијата на ОН, УНМИК.
Еден час откако Косово еднострано прогласи независност, српскиот премиер Воислав Коштуница и се обрати на нацијата. Србија ќе ги поништи сите документи со кои на нејзина територија се создава лажна држава. Создавањето на оваа лажна држава е завршен чин на политиката која е на сцена од 1999 година.
„Нова ера за Косово“, „Парламентот во Приштина прогласи независност“. Ова се првичните информации кои овде во САД ги објавуваат големите национални телевизиски мрежи, без премногу детали за американската публика. Претседателот Џорџ Буш од африканската турнеја се осврна на косовската независност.
Признавањето на косовската независност ќе биде спроведено во три фази, тврдат европски дипломати. Словенија, Австрија, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Данска, Белгија, Луксембург, Финска, како и уште неколку други влијателни европски земји ќе ја признаат самостојноста на Косово.
Како што и се очекуваше, Косово денеска ја прогласи својата независност. „Денес, на 17 февруари 2008-ма, граѓаните преку нивните пратеници ја изразија својата волја за независна, демократска и суверена држава Косово“, изјави Јакуп Красниќи, претседател на Собрание.
Русија ја отфрли независноста на Косово и побара итна седница на Советот за безбедност на ОН. Русија целосно ги поддржува оправданите барања на Србија, да се воспостави територијална целовитост на државата, соопшти руското МНР.
Сиромашниот протекторат на Обединетите Нации со 2,2 милиони жители и мнозинско албанско население се реши на отцепување од Србија. По 500 години турско владеење и речиси 100 години во рамките на Србија и различни облици на Југославија Косово сака да стане држава и нација.
Албанија со големо интересирање го дочека денот на прогласување на независноста на Косово. Веднаш се огласи претседателот Топи, според кого, денеска се поправа една неправда врз грбот на Албанците. Премиерот Сали Бериша изјави дека Албанија ќе има добри односи со Србија и дека денеска започнува ...
САД и сојузниците ќе ги вложат сите напори за да не дозволат да дојде до насилство на Косово, изјави денеска американскиот претседател Џорџ Буш. Дар ес Салам, 17 февруари (МИА) - САД и сојузниците ќе ги вложат сите напори за да не дозволат да дојде до насилство на Косово, изјави денеска ...
Со автомобили, дури и пешки, со развиорени знамиња и покрај температурата под нула, бројни Албанци од Македонија заминаа на Косово преку граничните премини Блаце и Јажинце за да ја слават независноста. Со автомобили, дури и пешки, со развиорени знамиња и покрај температурата под нула, бројни ...
Со усвојувањето на дневниот ред, косовскиот Парламент ја почна итната свечена седница. Прва точка на дневниот ред е декларацијата за независност на Косово, а втора точка се државните симболи - грбот и знамето. Приштина, 17 февруари (МИА) - Со усвојувањето на дневниот ред, косовскиот Парламент ја ...
Претседателот на косовската Влада Хашим Тачи најави дека денеска, заедно со претседателот на Косово и претседателот на Парламентот ќе одлучи за времето и датумот за прогласување независност на Косово. Приштина, 17 февруари (МИА) - Претседателот на косовската Влада Хашим Тачи најави дека денеска, ...
Владата на Србија ќе ги поништи сите документи со кои на територијата на Србија се создава лажна држава, изјави премиерот Коштуница откако косовскиот парламент во Приштина ја прогласи Независноста на Kосово. Владата на Србија ќе ги поништи сите документи со кои на територијата на Србија се создава ...
На денот на самопрогласувањето на независност на Косово, македонските Албанци историчари се потсетуваа на патот до независноста. Тие се едногласни дека благодарение на големите сили кои увиделе дека тоа е услов за стабилноста на регионот косово станува независно.
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу оцени дека реалноста на Косово нема да биде променета со независноста. Виена, 17 февруари (МИА) - Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу оцени дека реалноста на Косово нема да биде променета со независноста. - Не не очекува рај ден после независноста...
Иако според очекувањата властите на Косово овој викенд ќе прогласат независност, се помалку е веројатно дека Европа ќе даде единствена поддршка, оценуваат високи функционери и дипломати во регионот, а пренесува дневникот „Лос Анџелес тајмс“ (ЛАТ).
Даночни последици, како резултат на енергетска нестабилност како негативен ефект, експанзија на Македонската Берза како придобивка. Вака деловната заедница и економските експерти ја анализираат независноста на Косово и последиците на економските односи во регионот.
Косово прогласи независност. Попладнево на специјална седница косовскиот парламент ја усвои декларацијата за независна држава. Зад независно Косово застанаа сите парламентарци освен шестмината пратеници Срби. Косово прогласи независност.
Косовскиот премиер Хашим Тачи побара одржување итна седница на Парламентот на која ќе се разговара за декларацијата за прогласување независност на Косово. Приштина, 17 февруари (МИА) - Косовскиот премиер Хашим Тачи побара одржување итна седница на Парламентот на која ќе се разговара за ...
„Сите сценарија се можни и се зависи од тоа како ќе се менаџираат односите меѓу државите“, изјави во интервјуто за А1 д-р Билјана Ванковска, универзитетски професор. Дали со Косово ставаме крај на конфликтите на Балканот? За жал, Балканот имаше историја и пред Југославија.
Србија е на нозе пред утрешното еднострано прогласување на независноста на Косово. Властите во Белград се свесни дека немаат начин да ја спречат одлуката на властите во Приштина и затоа силите ги насочуваат кон правното поништување на едностраната независност.
Косово и Албанија ќе се обединат само во Европската Унија, изјави албанскиот претседател Сали Бериша во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Бериша вели дека Тирана ќе го помага независно Косово во случај Србија да воведе економска блокада, истакнувајќи дека на Приштина ...
Историските околности како да си поигруваат со Балканот. Дисолуцијата на Југославија започна со нападот на ЈНА врз Словенија и прогласување на независноста на Дежелата. Тогашниот млад и бунтовен Јанша, денеска во улога на словенечки премиер, ќе треба да ја признае независноста на Косово, но ...
Европската Унија синоќа го одобри испраќањето на околу 2.000 полицајци и правници на Косово во рамките на мисијата ЕУЛЕКС, јавија западните медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Мисијата доби зелено светло еден ден пред за утре најавеното прогласување независност на Косово.
Утре Косово ќе ја прогласи независноста. Индиректно одлуката ја потврди и премиерот Хашим Тачи. „Утрешниот ден ќе биде мирен, ден на разбирање, на државен ангажман во имплементирање на волјата на народот“, изјави Хашим Тачи, премиер на Владата на Косово.
Косово мора да стане независно и тоа мора да го сфати и Србија, изјави специјалниот координатор на Пактот за стабилност за ЈИЕ, Ерхард Бусек. „Со независноста на Косово се прави последниот чекор во новото формирање на Балканот и бескрајната историја на распаѓањето на Југославија конечно се ...
ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА КОСОВО Коле Чашуле Македонија нема да биде меѓу првите земји што ќе ја признаат независноста на Косово и при донесувањето на одлуката државава ќе инсистира таа да биде во пакет со конечно решение за одбележувањето на границата.
СВЕТСКОТО ВНИМАНИЕ НАСОЧЕНО КОН КОСОВО Симеон Серафиновски Косово, според сите најави, в недела, во 17 часот попладне, и официјално ќе се прогласи за независна држава. Косовскиот премиер Хашим Тачи, иако најави, вчера одби јавно да го соопшти датумот за прогласување на независноста.
БРИСЕЛ, 16 февруари (Ројтерс) - Европската унија и Светската банка планираат да одржат меѓународна донаторска конференција за Косово, соопшти вчера Еврокомисијата, два дена пред покраината да прогласи независност од Србија. "Можам да потврдам дека Еврокомисијата заедно со Светската банка подготвува ...
Анкара - Турција нема да биде првата земја која ќе ја признае независноста на Косово, но тоа ќе го стори во рамките на 24 или најдоцна 48 часа, соопшти вчера турскиот весник „Заман“, кој се повикува на извор што посака да остане анонимен.
Безбедноста на регионот во пресрет на најавеното прогласување независност на Косово беше тема на разговорите меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и нејзиниот косовски колега Зенун Бајазити. На вчерашната средба во Скопје, министрите разговарале како да обезбедат квалитетна ...
Вчера попладне македонскиот премиер телефонски разговараше и со српскиот претседател Борис Тадиќ Гордана Дувњак Светлана Унковска На неполни 48 часа пред најавеното прогласување на независноста на Косово, премиерот на привремената косовска влада, Хашим Тачи, дојде во неочекувана посета на Скопје на ...
Белград ќе ги употреби сите свои економски, политички и дипломатски средства за да спречи сецесија на Косово Лидерот на радикалите, Томислав Николиќ, предлага паралелно со прогласување независност на Косово, во Белград да се одржи протестен собир, каде што треба да излезат еден милион Срби БЕЛГРАД ...
Загреб - Претседателот на Хрватска, Стјепан Месиќ, за Хрватската државна телевизија изјави дека Србија не треба да ги прекине дипломатските односи со земјите кои ќе ја признаат независноста на Косово. - „Не би било добро Србија да ги прекине дипломатските односи со земјите кои ќе го признаат ...
Се случи врв на примитивизмот и на неодговорното и антимакедонско однесување, обвини СДСМ Косово ќе прогласи независност внедела,Америка ќе го признае веднаш, но и премиерите Груевски и Тачи се договорија, рече пратеникот Ружди Матоши од владејачката ДПА.
Македонските безбедносни служби разработиле планови за можни сценарија во врска со прогласувањето независност на Косово , велат во МВР Македонија ќе ја признае независноста на Косово во бранот признавања, изјави премиерот на косовската привремена влада Хашим Тачи за скопската телевизија „Алсат-М“ ...
Борис Тадиќ, пак, го почна вториот претседателски мандат со заклетва дека „ќе ги вложи сите напори за да ги зачува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија, вклучувајќи ја и покраината Косово“ Косовскиот парламент утре во 17 часот ќе прогласи декларација за независност на покраината, ...
Околу една половина од земјиштето на Косово им припаѓа на Срби, истакна српскиот државен секретар Душан Пророковиќ, наведувајќи податоци од катастарските документи. Тој истакна дека според податоците на српската влада, до почетокот на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, 58 отсто од имотот на ...
Косовскиот премиер Хашим Тачи потврди денеска дека независноста на Косово ќе биде прогласена утре, денот кога, според него, „ќе биде имплементирата волјата на граѓаните на Косово“, јави АФП. Приштина, 16 февруари (МИА) - Косовскиот премиер Хашим Тачи потврди денеска дека независноста на Косово ќе ...
ЕУЛЕКС новата Европска мисија денеска формално доби зелено светло да замине за Косово но таа ќе стане оперативна дури по 4 месеци откако сегашната УНМИК на ОН ќе биде повлечена, соопшти денеска Советот на Европската Унија. ЕУЛЕКС новата Европска мисија денеска формално доби зелено светло да замине ...
Тачи апелираше до граѓаните да останат дома и да слават во кругот на семејството, да ги избегнуваат јавните собири. Ахмети не оди на Косово, но ќе оди Стоиљковиќ со претставници на својата партија во знак на поддршка на Србите во Косовска Митровица.
Советот на Европската унија официјално го објави испраќањето на мисијата на ЕУ на Косово. - Советот одлучи да биде даден старт на Европската мисија за владеење на законот на Косово - „EULEX Kosovo“, соопшти Советот на ЕУ. Брисел, 16 февруари (МИА) - Советот на Европската унија официјално го објави ...
Велика Британија и другите земји од големата четворка во Европската унија (Франција, Германија и Италија), заедно со САД, веќе во понеделник ќе го признаат Косово како нова независна држава во Европа, објавуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на свои дипломатски извори во Лондон.
Преку граничните премини Јажинце и Блаце, пешки и со автомобили, цели семејства уште денеска заминуваа кон Косово. На покана на своите роднини и пријатели, но и на сопствена иницијатива викендов ќе го минат на Косово каде што ќе го слават прогласувањето независноста. Не се плашат од можни немири.
Република Македонија како непосреден сосед на Косово води сметка за безбедноста - министерката Јанкуловска уверува дека состојбата е под контрола. Протокот на граничните премини и утре ќе биде без пречки - вели Јанкуловска Разработени се различни сценарија за различен развој на настаните.
Косовскиот министер за внатрешни работи Зенун Пајазити не може да гарантира дека викендов ќе нема немири на Косово, за кога е најавено прогласувањето независност. - Не располагам со такви информации, но на функцијата министер сум нешто повеќе од еден месец, изјави Пајазити, по вчерашната средба со ...
Сите министри уште во средата побарале одобрување од УНМИК за доаѓање во Косово. Дури и оваа "дозвола" да не ја добијат, тие за покраината ќе заминат како "приватни лица", без вообичаената безбедносна придружба Српската влада в недела ќе биде во Косово, пишуваат "Вечерње новости" во текстот во кој ...
Според катастарските документи над половината од земјиштето на Косово припаѓа на Србите, затоа во случај на прогласување на независност на покраината некој ќе треба да ги обесштети Србите за загубата, изјави во интервју за Итар-тасс државниот секретар во српското Министерство за Косово и Метохија, ...
Владата будно ја следи ситуацијата во пресрет на најавеното прогласување независност на Косово и ќе постапува согласно интересите на Македонија и нејзините граѓани, изјави премиерот Никола Груевски, по вчерашната неформална средба со косовскиот премиер Хашим Тачи во Скопје.
Ноќеска на полноќ или од утре ЕУ се очекува да го одобри започнувањето на мисија на Косово. Времето исклучително внимателно одбрано, да се даде зелено светло пред прогласувањето на независноста, доколку тоа се стореше во понеделник, на пример ден после, би значело признавање на новата држава.
Новинската агенција Ројтерс во подолг текст анализираше неколку можни сценарија, кои според оценка на агенцијата, се можни во следните неколку дена, објави Б92. Србија, доколку САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија ја признаат независноста што косовскиот Парламент би можел да ја ...
Два дена пред најверојатното прогласување на независноста, инкогнито во посета на Скопје дојде косовскиот премиер Хашим Тачи. Се сретна со својот македонскиот колега, кој пак вели дека станува збор за приватна посета. „Господинот Хашим Тачи во текот на вчерашниот ден замоли за една кратка приватна ...
Србија ја тресе најавеното прогласување на независноста на Косово, во недела попладне. Во длабока сенка на Косово помина полагањето на заклетвата за вториот мандат на претседателот Борис Тадиќ и одбележувањето на денот на државноста на Србија.
Собранието не го прифати предлогот на опозицијата на итна седница од затворен тип, Владата да информира за настаните поврзани со очекуваното прогласување на независност на Косово. Случувањата во соседството, членството во НАТО и името, се три клучни работи за кои опозицијата сметаше дека Владата ...
Советот за безбедност на Обединетите Нации не донесе никаква одлука за едностраното прогласување на независност на Косово најавено за 17 февруари. Ставовите на земјите членки, како што се очекуваше и пред седницата, што беше одржана зад затворени врати, беа спротивставени околу потребата ...
ВО ПРЕСРЕТ НА ПРОГЛАСУВАЊЕТО НЕЗАВИСНОСТ НА КОСОВО Албанците во Република Македонија се подготвуваат да ја прослават независноста на Косово, паралелно со прославата во Приштина. Невладината организација „Разбуди се“ за в недела најави концерт на плоштадот кај споменикот на Скендербег, во Старата ...
ПРЕДЛОГ НА ИВАН СТОИЉКОВИЌ Пратеникот на Партијата на Србите, Иван Стоиљковиќ поднесе декларација за почитување на повелбата на Обединетите нации и меѓународниот поредок до Собранието на Република Македонија. Со декларацијата се бара Собранието да осуди секаква употреба на сила и други форми на ...
ПРЕСУДЕН ВИКЕНД ЗА РАЗВРСКА НА КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ Со голема веројатност може да се каже дека во Европа од понеделник ќе има уште една држава, Косово. Едностраното прогласување независност од Србија, по речиси девет години од крајот на војната со српските безбедносни сили, ги заокружува ...
ЛДП ЈА КРИТИКУВА ВЛАДАТА Либерално-демократската партија изразува загриженост од фактот што Владата не прави никакви подготовки за претстојното решавање на статусот на Косово. Владата мора подготвено да ја пречека независноста на Косово, формализирањето на новата држава и својот нов сосед.
ПРЕМИЕРОТ ЈА БОДРИ СРБИЈА БЕЛГРАД, 15 февруари (Ројтерс) - Премиерот Војислав Коштуница вчера преку државната телевизија и порача на Србија да биде храбра и да се спреми за неизбежното отцепување на Косово, што неговата влада нема никогаш да го прифати.
Коштуница: Еднаш и засекогаш да ги поништиме сите акти на албанските сепаратисти БЕЛГРАД – Владата на Србија поднесе барање за свикување итна седница на Собранието на која треба да се потврди одлука на Владата за поништување на противправната независност на Косово.
Пратеникот од ДПС, Иван Стоиљковиќ, предлага Собранието да усвои декларација за почитување на Повелбата на ООН и меѓународниот правен поредок, што фактички значи против едностраното прогласување независност на Косово. На оваа иницијатива покрај Стоиљковиќ се потпишани и пратениците: Владанка ...
Ние сме во третата група земји кои ќе го признаат протекторатот. Македонскиот политички врв со усогласени ставови и без дилеми за независноста на Косово Тамара Грнчароска Соња Крамарска Македонија ќе го признае Косово за најмногу две до три недели по прогласувањето на неговата независност, изјавија ...
Наместо Владата подготвено да ја дочека независноста на Косово, таа е пасивна, без став заснован на долгорочните државни интереси, оцени вчера Јован Манасиевски, претседател на опозициската ЛДП.- Владата треба да подготви договор за добрососедство и пријателство со кој би се поставиле основите за ...
Белград најави дека ќе ги разгледа акциските планови за соодветни безбедносни, дипломатски, правни, економски и социјални контрамерки Србија е соочена со незаконски акт на отцепување на дел од нејзината територија, предупреди вчера премиерот Воислав Коштуница во телевизиското обраќање до јавноста.
Ќе славиме, зашто Албанците од Македонија со пари, лобирање и со учество во војната придонесоа за независноста на Косово, велат во ДУИ Спроти прогласувањето независност на Косово, албанските партии во Македонија подготвуваат прослава, а група пратеници со декларација до Собранието бараат нашата ...
Тензичен ден во Парламентот – косовското прашање отвори арена за надмудрувања. Пратеник на владејачката ДПА излезе со информации кога Косово ќе биде прогласено независно и со поддршка од македонските институции за независно Косово.
Новинската агенција Ројтерс во подолг текст анализираше неколку можни сценарија, кои според оценка на агенцијата, се можни во следните неколку дена, објави Б92. Лондон, 15 февруари (МИА) - Новинската агенција Ројтерс во подолг текст анализираше неколку можни сценарија, кои според оценка на ...
Прашањето на Косово доминираше и денеска - на денот на државноста на Србија и на инаугурацијата на претседателот Борис Тадиќ. Српскиот премиер Коштуница ги повика Србите на единство, а претседателот Тадиќ во свечената заклетва во парламентот се заложи дека ќе направи се да го сочува Косово.
Европската унија само ќе го регистрира прогласувањето на независност на Косово, додека секоја земја-членка на Унијата одделно ќе донесе решение за признавање, соопшти денеска во Брисел претставник на словенечкото претседателство со ЕУ.
Министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска денеска ќе го прими министерот за внатрешни работи на Косово, Зенун Бајазити. Скопје, 15 февруари (МИА) - Министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска денеска ќе го прими министерот за ...
Европската Унија утре ќе ја испрати својата нова мисија на Косово, ЕУЛЕКС, најавуваат дипломатите во Брисел. Одлуката се очекува да биде донесена до полноќ денеска, јавуваат неколку европски медиуми. Важно е мисијата да замине за Косово пред прогласувањето независност за да не дојде до внатрешен ...
Случувањата во регионот, со акцент на безбедносниот аспект, особено безбедноста во исчекување на конечното дефинирање на статусот на Косово и поминувањето на граничните премини се темите на кои денеска во Скопје разговараа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот косовски ...
Два дена пред најавеното еднострано прогласување независност на Косово премиерот на привремената косовска влада Хашим Тачи допатува во Скопје на средба со премиерот Груевски. Ги усогласувавме чекорите што ќе ги преземеме како две независни држави во блиска иднина - изјави Тачи по средбата што не ...
Претседателот на Владата на Србија Воислав Коштуница порача денеска дека сите државни институции и сите граѓани на Србија треба да бидат единствени во одбраната на Косово, онака како што Србите биле единствени на Косово во 1389 година и во Орашац 1804 година.
Косовскиот премиер Хашим Тачи на денешната прес-конференција одби да го соопшти датумот за прогласување независност на Косово. - Имаме план и ќе дејствуваме во согласност со него, изјави Тачи, без да даде повеќе детали. Приштина, 15 февруари (МИА) - Косовскиот премиер Хашим Тачи на денешната ...
Подготовката на мисијата што Европската унија треба да ја испрати во Косово е во завршна фаза, изјавија извори од словенечкото ротирачко претседателство, кои сакаат да останат анонимни. Истовремено овие извори ниту ја потврдуваат, ниту демантираат информацијата според која во моментов ( до полноќ) ...
Српската влада во недела ќе биде на Косово, пишува денешното издание на белградски „Вечерње новости“ во текстот во кој се објаснува дека голем број министри решиле во недела да бидат со својот народ во јужната покраина во нивниот најтежок ден, додека Албанците во Приштина ќе ја прогласуваат својата ...
Севкупната атмосфера во Приштина упатува дека тука за в недела се подготвува прослава. Се прават подготовки на плоштадот, се менува уличното осветлување, се лепат постери со пораки за независност. Граѓаните Албанци со нетрпение го очекуваат големиот ден.
Декларацијата за почитување на Повелбата на организацијата на Обединетите нации, што ја поднесе пратеникот на ДПС Иван Стоилковиќ во Парламентот е генерален документ кој не се однесува само на косовското прашање, туку и за неменување на границите на која било друга држава, врз основа на еднострана ...
Хрватска ќе биде меѓу ретките држави кои не се членки на Европската унија, а кои ќе учествуваат во идната мисија на ЕУ во Косово-Еулекс, наведува "Јутарњи лист", повикувајќи се на изјави на високи лица на ЕУ. Меѓутоа се уште не се знае со колку точно луѓе Хрватска ќе партиципира во Еулекс.
Покраината формира посебно тело на чело со премиерот Хашим Тачи, кој вети дека ќе бидат преземени мерки против оние кои со саботажа сакаат да го остават Косово во темнина во време на независност Косово вчера прогласи енергетска криза и формира посебно тело кое ќе се занимава со решавање на ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја оцени како "неморална и незаконска" секоја поддршка на "еднострана" независност на Косово. Тој изјави дека европските држави кои планираат да ја признаат независноста на Косово треба да се "засрамат" поради воведувањето двојни стандарди.
Вонредната седница на советот за безбедност на ОН се одржува на барање на Србија, која поддржана од Русија побара итно да заседание на извршното тело светската организација, за да се разгледува најавеното прогласување на независност ма Косово.
Додека партиите на Албанците во Македонија со коктел се подготвуваат да го дочекаат денот на независноста на Косово, пратеникот на партијата на Србите Иван Стоиљковиќ до собранието поднесе декларација за почитување на повелбата на ОН.
НЕЗАВИСНОСТ В НЕДЕЛА ИЛИ В ПОНЕДЕЛНИК Прогласувањето независност на Косово ќе се случи в недела навечер или в понеделник наутро, тврди поранешниот косовски премиер и актуелен градоначалник на Косовска Митровица, Бајрам Реџепи.
Мислења Ермира Мехмети Албанците во Македонија ќе ја пречекаат независноста на Косово достоинствено и гордо, што нема да биде заслуга на албанската партија на власт Едно од најчесто поставуваните прашања деновиве е: како ќе се однесуваат Албанците во Македонија по прогласувањето на независноста на ...
ПРИШТИНА - Работната група што ја формира премиерот на Косово, Хашим Тачи, подготви сценарио за прославата за прогласување независност на Косово. Веднаш по прогласувањето независност на седницата на Собранието на Косово, која ќе се одржи на 17 или можеби 18 февруари, ќе следува свеченост во Салата ...
Закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН на барање на Србија Фереро-Валднер, Рупел, Лавров и Солана во Брдо кај Крањ Статус кво на Косово веќе не еодржливо, изјавија вчера претставниците на европската тројка пред почетокот на состанокот со Русија кој се одржува во Брдо крај Крањ.
Рускиот амбасадор во ЕУ, сепак, најави дека ќе се влошат односите меѓу Москва и земјите што ќе го признаатнезависно Косово Русија вчера објави дека не планира казнени мерки ако покраината Косово прогласи независност од Србија.
Косовски Албанци иселени во Австрија закажале организирање јавна манифестација во Виена в недела, од пладне до 17 часот, за да го прослават прогласувањето независност на Косово, јави МИА. Прославата е закажана на плоштадот Хелденплац, во непосредна близина на претседателската резиденција, владата ...
Едностраното прогласување независност на Косово не треба да предизвика дополнителни рестрикции на струја во покраината, објави вчера „Политика“. Според весникот, официјален Белград верува дека на српските домаќинства во Косово, кои сега поголем дел од денот поминуваат во мрак, нема уште повеќе да ...
Во документот се вели дека се поништуваат сите одлуки на косовските власти, со кои се нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија. Рускиот претседател Владимир Путин, на годишната конференција пред новинарите изјави дека Москва знае како да одговори, ако западот ја признае ...
Приштинските печатени медиуми денеска пренесуваат детали од нацрт-уставот на Косово констатирајќи истовремено дека планот на Марти Ахтисари е „над уставот“ и дека во Приштина е ставено до знаење дека „Косово не е независна држава“.
Различни тонови на македонската политичка сцена во пресрет на најавеното еднострано прогласување на независност на Косово. Владата не оговара на хипотетички прашања, ДУИ се подготвува за прослава, демократската партија на Србите ќе собира пратенички потписи против, ЛДП предлага конкретни мерки.
Советот за безбедност при Обединетите нации по барање на Србија за денеска закажа седница на која ќе се расправа за ситуацијата на Косово, јави Танјуг повикувајќи се на извори од ОН. Србија официјално побара денеска да се одржи специјална седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја оцени како „неморална и незаконска“ секоја поддршка на „еднострана“ независност на Косово. Тој изјави дека европските држави кои планираат да ја признаат независноста на Косово треба да се „засрамат“ поради наметнувањето двојни стандарди.
Претседателот на Владата на Србија Воислав Коштуница најави дека владата на денешната седница ќе усвои „Одлука за поништување на противправнитеакти на привремените органи на самоуправата на Косово и Метохија за прогласување на еднострана независност“ и веднаш ќе ја проследи до Парламентот за и ...
Претседателот на Европската комисија Жосе Мануел Баросо изрази надеж дека сите членки на ЕУ ќе бидат „обединети“ колку што е тоа можно како одговор на очекуваната декларација за независност на Косово. На прес конференција со шведскиот премиер Фредерик Рејнфелд, Баросо изјави дека „во случај ...
Србија и Русија побараа одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на плановите на Приштина еднострано да прогласи независност на Косово, изјави во Љубљана еврокомесарот за надворешни односи, Бенита Фереро-Валднер.
Годишната конференција за безбедност во Минхен беше одлична можност за собирање на кремот на воениот и политичкиот естаблишмент на НАТО и традиционално добра можност за Европејците и Американците да си кажат некои вистини едни на други, пишува лондонски „Фајненшл Тајмс“.
Косоварите и денеска останаа покуси за датумот кога ќе се прогласи независноста. По средбата што ја имаше со генералот на КФОР Хавиер де Марнак и шефот на УНМИК Јоаким Рикер, косовскиот премиер не го кажа датумот кога ќе се прогласи независноста. Според него, народот на Косово веќе го знае датумот.
Белград, 13 јануари - Српскиот државен врв усогласи позиција во случај на еднострано прогласување независност на Косово, кое сите институции ќе бидат обврзани да го поништат со посебни одлуки. Како што соопшти Владата на Србија, на состанокот меѓу шефот на државата Борис Тадиќ, спикерот Оливер ...
ЖЕНЕВА, 13 февруари (АП) - Русија вчера го предупреди западот да не го признава унилатералното прогласување на независност на Косово велејќи дека тоа може да предизвика домино ефект на сецесионистички движења во Европа и во светот.
АНАЛИТИЧАРИТЕ ЗА НЕЗАВИСНОСТА НА СРПСКАТА ПОКРАИНА Учесниците на собирот во Берлин за исправноста на сецесијата на Косово во организација на Центарот за европска политика, оценија дека напорите на Европската унија за Косово да прогласи независност се неправедни и покажуваат дека ЕУ е опседната со ...
ПО СРЕДБАТА ТАДИЌ - КОШТУНИЦА Претседателот на Република Србија, Борис Тадиќ, премиерот Воислав Коштуница и претседателот на Народното собрание, Оливер Дулиќ по завчерашната средба ја потврдија неопходноста од водење единствена и национална политика за заштита на суверенитетот и националниот ...
Иако денот на прогласување на независност на Косово се уште не е точно определен, во покраината се раѓаат разновидни идеи околу прославата. Една од идеите е таканаречената „торта на независноста“, која ќе биде тешка еден тон и со површина од 25 квадратни метри, а на која ќе биде картата на ...
Српското движење на невладини организации (СПОНА) најави дека во случај на признавањето на независноста на Косово ќе организира протести низ Република Српска (РС) и ќе бара референдум за нејзино издвојување од Босна. - Ако Косово прогласи независност, веднаш ќе бараме независност и за РС.
Српското движење на невладини здруженија најави дека во случај на прогласување независностна Косово, ќе организира масовни собири низ Република Српска со барање за референдум за отцепување на српскиот ентитет од Босна и Херцеговина.
Оваа вонредна состојба ќе биде сериозна, а не онаа, на која се сеќаваме по ќотекот, укажува лидерот на опозициските радикали Српскиот државен врв усогласи позиција во случај на еднострано прогласување независност на Косово, што сите институции ќе бидат обврзани да го поништат со посебни одлуки.
Цивилната мисија на Европската Унија на Косово (ЕУЛЕКС) ќе биде зајакната на 2.200 службеници наместо првично планираните 1.800 полицајци, правници, цариници и финансиски експерти, пишува виенскиот весник „Пресе“. - Цел на ЕУЛЕКС е да го обезбеди јавниот живот во покраината по прогласувањето ...
Србија и Русија побараа одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на плановите на Приштина еднострано да прогласи независност на Косово, изјави денеска во Љубљана еврокомесарот за надворешни односи, Бенита Фереро-Валднер.
Собранието на Косово, доколку се се одвива според однапред договорениот план, треба да ја прогласи независноста во недела, најави денеска приштинскиот издавач Ветон Сурои, истакнувајќи дека недела е избрана за да се пресретнат акциите на Русија во Советот за безбедност.
Поранешниот косовски премиер и актуелен градоначалник на Митровица Бајрам Реџепи јавно соопшти дека независноста на Косово ќе биде прогласена на 17-ти или 18-ти февруари, јави дописникот на МИА од Тирана. Тирана, 13 февруари (МИА) - Поранешниот косовски премиер и актуелен градоначалник на Митровица ...
Европската унија ќе усвои „Оперативен план“ и формална одлука за испраќање мисија на Косово до крајот на седмицата, изјавија денеска во Брисел високи претставници на ЕУ, јави Танјуг. Неопходниот документ ќе биде донесен по забрзана, пишана процедура, со што мисијата Еулекс ќе може веднаш да почне ...
Можното воведување вонредна состојба во Србија поради најавеното прогласување независност на Косово не би имало ниту еден позитивен ефект за судбината на покраината и само би послужило за внатрешни политички цели. На тој начин Српската радикална странка и ДСС на премиерот Воислав Коштуница би имале ...
Српската Влада ќе ја прогласи за неважечка евентуалната независност на Косово, е пораката од средба на државно владиниот врв. Сите институции треба да ги донесат неопходните одлуки и мерки за поништување на сите противправни акти за едностраната независност.
СРБИЈА ЌЕ ТУЖИ ВО ХАГ Правниот советник на српскиот државен тим во преговорите за идниот статус на Косово, Томас Флајнер, оцени дека Србија има 80 проценти шанси за успех доколку пред Меѓународниот суд во Хаг ги тужи државите што еднострано ќе ја признаат независноста на Косово, пренесува МИА.
БРИСЕЛ, 12 февруари (Ројтерс) - Европската унија оваа недела ќе го финализира овластувањето на големата надгледувачка мисија во Косово, пред најавеното прогласување на независност на покраината од Србија, соопштија дипломати и претставници на ЕУ.
КОСОВО Клучот за иднината на Косово се наоѓа во рацете на британскиот генерал Мартин Ратлеџ, координатор на Косовскиот заштитен корпус, јави „Дејли телеграф“. Ратлеџ, кого британскиот медиум го нарекува де факто министер за одбрана на Косово, во периодот во кој се очекува покраината да прогласи ...
Европа-Балкан Иван Торов Српската влада практично падна - вонредни избори или „нова коалиција“ пoради Косово ќе ја суспендираат демократијата БЕЛГРАД - Само два дена по втората победа на Борис Тадиќ на претседателските избори се покажа дека доминантната светска порака за триумф на европска Србија ...
Ќе пристигнат 1.800 европолицајци пред очекуваното прогласување независност БРИСЕЛ - Европската унија ќе го комплетира овластувањето за големата надзорна мисија на Косово оваа недела пред очекуваното прогласување независност на територијата од Србија, јавија дипломатски и официјални извори на ЕУ.
ЕДИТОРИЈАЛ Димитар Чулев Извесно е дека косовскиот парламент ќе усвои декларација за независност без разлика дали тоа ќе биде на 17 февруари, засега најексплоатираниот датум, или еден ден потоа. Може да се очекува дека официјален Белград експресно ќе реагира со некаков пакет-мерки, чија содржина е ...
Политичката спогодба со ЕУ која го отвoра процесот за независност на Косово е провокација за Србија БЕЛГРАД - Министерот за Косово и Метохија и функционер на ДПС, Слободан Самарџиќ, оцени дека Србија е поблиску до избори. „Спогодбата треба да ја тестира владата, дали премолчано ќе прифати ...
Во „критичните моменти“, најголемата одговорност ќе падне врз британскиот генерал Мартин Ратлеџ, координатор на Косовскиот заштитен корпус, пишува „Дејли телеграф“ Европската Унија се' уште не почнала да распоредува припадници од мисијата ЕУЛЕКС, која треба да го замени УНМИК, но на Косово во ...
Цивилната мисија на Европската унија на Косово (ЕУЛЕКС) ќе биде зајакната на 2.200 лица наместо првично планираните 1.800 полицајци, правници, цариници и финансиски експерти, пишува денеска виенскиот весник „Пресе“. Виена, 12 февруари (МИА) - Цивилната мисија на Европската унија на Косово (ЕУЛЕКС) ...
Претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи денеска потврди дека е можно во текот на оваа седмица да биде прогласена независност на Косово. - Да, тоа може да биде точно. Нема да ви кажам ништо ново, изјави Красниќи запрашан дали во текот на неделава ќе биде донесена одлука за прогласување ...
Во превечерието на очекуваното еднострано прогласување независност на Косово, најважна цел на сите државни институции во Србија е да покажат целосно државно и национално единство во заштитата на покраината, порача денеска српскиот премиер Воислав Коштуница.
Правниот советник на српскиот државен тим во преговорите за Косово, Томас Флајнер оцени дека тужбата на Србија до Меѓународниот суд за правда во Хаг против државите кои еднострано ќе ја признаат независноста на Покраината, би имала 80 отсто шанси за успех.
Посебна работна група на привремената косовска Влада изготви сценарио за прослава по повод прогласување на независност на Косово, пишува весникот „Коха диторе“. По седницата на Собранието, која ќе се одржи на 17 или на 18 февруари, на која треба да биде прогласена независноста, ќе биде одржан ...
Дваесет отсто попуст за граѓаните на оние земји што ќе го признаат Косово Аугустин Палокај Дописничко биро на ВАЦ БРИСЕЛ - Многу новинари од Брисел деновиве патуваат за Косово во надеж дека ќе бидат таму за да известуваат за прогласувањето на независност.
Коштуница вели дека „Косово нема цена“, Тадиќ очекува апсолутна воздржаност, особено од соседите Предлогот за декларација за независност на Косово ќе биде завршен идната недела, a првиот состанок ќе се одржи денес во Приштина и ќе го одржи косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.
Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера во Брисел предупреди дека отцепувањето ќе има „несогледливи последици не само во регионот туку и во целиот свет“ Русија вчера ја предупреди Европа дека со признавањето независност на Косово ќе ги прекрши меѓународното право и „ќе ја отвори Пандорината кутија, ...
Клучот за иднината на Косово се наоѓа во рацете на британскиот генерал Мартин Ратлеџ, координатор на Косовскиот заштитет корпус, пишува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“. Ратлеџ, кого Би-Би-Си на српски јазик го нарече „де факто министер за одбрана на Косово“, претстојните денови, во кои ...
Претседателот на Заедницата на српски општини во Косово Марко Јакшиќ изјави дека делови од мисијата на ЕУ веќе почнале да пристигнуваат во Косово. Белград, 11 февруари (МИА ) - Претседателот на Заедницата на српски општини во Косово Марко Јакшиќ изјави дека делови од мисијата на ЕУ веќе почнале да ...
Лидерот на Српската листа за Косово Оливер Ивановиќ изјави дека на Србите во Косово им е важно да им се обратат властите во Белград. Ивановиќ во изјава за српски медиуми, нагласи дека поради најавите за прогласување независност на Косово, Србите се многу загрижени особено оние во енклавите, а ...
Портпаролот на подготвителната мисија на Европската унија на Косово Карин Лимдал изјави денеска дека ЕУ се уште не почнала со распоредување на свои припадници во рамки на идната мисија во покраината, но потврди дека изминатите денови на теренот пристигнале нови членови на тимот за подготовка.
Состојбата на безбедносен план во Македонија во пресрет на решавањето на статусот на Косово засега е стабилна, а надлежните институции го следат развојот на настаните, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Само еден ден по изјавата што косовскиот премиерот Хашим Тачи ја даде во Приштина, дека веднаш по прогласувањето независност новата држава ќе ја признаат над сто држави, стана познато дека САД, Германија, Италија, Франција, Австрија, скандинавските земји и Словенија, како претседавач на ЕУ, ќе ...
Весникот "Зери" пишува дека тоа ќе се случи по иницијатива на српскиот премиер Воислав Коштуница и на министерот за Косово Слободан Самарџиќ Косовските Срби ќе формираат на 15 февруари свој парламент во северниот дел од Митровица по иницијатива на српскиот премиер Воислав Коштуница и на министерот ...