TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во МРТ исплатена една хранарина, од штрајкот не се откажуваат

Утрински - 22.07.2006

Вработените во Македонската радио-телевизија вчера добија една хранарина (3.000 денари). Исплаќањето на надоместокот, според Штрајкувачкиот одбор не значи дека се откажуваат од најавите за штрајк. Тие ќе инсистираат од раководството да им ги намири трите заостанати плати, плус уште петте хранарини ...

МРТВ, наместо јавен, стана партиски сервис

Дневник - 22.07.2006

Владата беше глува за укажувањата од опозицијата и стручната јавност и единствено ја интересираше како да создаде што е можно економски послаби медиуми, кои би биле и политички зависни, а таа преку нив би се одржала на власт.

Во МРТВ добија по 3.000 денари за хранарина

Дневник - 22.07.2006

И покрај исплатата на една хранарина, не отстапуваме од штрајкот ако не бидат целосно исполнети барањата, истакнуваат од синдикатот На вработените во Македонската радио-телевизија вчера им беа поделени по 3.000 денари за хранарина, но тоа нема да го премисли синдикатот да организира штрајк ако за ...

Наместо плата, добија хранарина

Вечер Прес - 22.07.2006

Вработените во Македонската радиотелевизија(МРТ) вчера наместо плата добија хранарина. Како што информираат од Синдикатот на МРТ во вторникот била исплатена една хранарина, а вчера уште една во износ од 3.000 денари. - Ние не отстапуваме од нашите барања што ги доставивме до директорката Гордана ...

Да се сопре конкурсот за управен одбор во МРТВ

Дневник - 21.07.2006

Штрајкувачкиот одбор на МРТВ вчера ја имаше првата средба со генералната директорка на МРТВ, Гордана Стошиќ Владата во заминување преку Советот на Македонската радио-телевизија (МРТВ) да го повлече конкурсот за избор на членови на Управниот одбор на МРТВ, со што треба да престане нанесувањето ...

Владата да го повлече конкурсот за членови на УО

Време - 21.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ за КРИЗАТА ВО МРТ Владата да го повлече конкурсот за избор на членови на Управниот одбор на МРТ, бара ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече Зоран Трајчевски, претседател на партиската комисија за телекомуникации, треба да престане нанесувањето ненадоместливи штети на Куќата и на земјава во целост.

ВМРО-ДПМНЕ: Да се повлече конкурсот за избор на Управниот одбор на МРТ

Вест - 21.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да го повлече конкурсот за избор на членови на управниот одбор на МРТ. "Владата и менаџерскиот тим имаа четири години да го реализираат својот концепт за МРТ, кој за жал ја донесе во очајна состојба, финансиска криза и штрајк.

МРТВ: Плати за 15 дена или штрајк

А1 - 20.07.2006

Почна одбројувањето во Македонската радиотелевизија. Штрајк ќе има за 15 дена ако раководството не ги исплати вработените. Преговорите стартуваа. Синдикалците ја дочекаа Стошиќ да се врати од Турција. Денеска, на првата средба и ги пренеле барањата.

МРТВ ќе штрајкува во август

Вест - 20.07.2006

СИНДИКАТОТ ЌЕ ЧЕКА НА ПРЕГОВОРИ УШТЕ 2 НЕДЕЛИ Нема да има целосен прекин на програмата. Синдикатот дополнително ќе се договора како ќе тече генералниот штрајк во јавниот сервис Синдикатот на МРТВ вчера писмено го извести Управиот одбор и генералниот директор Гордана Стошиќ дека има намера да ...

ОБСЕ очекува МРТ да стане добар јавен сервис за две до три години

Утрински - 20.07.2006

Во МРТ мора да се спроведат клучните реформи ако сака јавниот сервис да застане на нозе ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Македонската радио-телевизија ќе стане вистински јавен сервис во наредните две-три години само ако доследно се применува Законот за радиодифузија.

Ни плати, ни штрајк

Вечер Прес - 20.07.2006

Продолжува агонијата на вработените во Македонската радиотелевизија(МРТВ). Вработените се во паника, исплата на плати сеуште нема, а генералната директорката Гордана Стошиќ наместо да најде пари за лични доходи заминала на службен пат во Турција.

За наплатата на таксата на МРТВ

Дневник - 19.07.2006

Македонската радио-телевизија ни испрати нам, на граѓаните, решение со уплатници за плаќање на радиодифузната такса со напомена дека ова решение има карактер на извршна исправа според законот за извршување (Сл. весник 35/05) со закана: за неплатениот месечен износ МРТВ ќе поднесе барање за присилна ...

Парите што ги префрлила Владата се заем од Електростопанство

Време - 19.07.2006

И УПРАВНИОТ ОДБОР СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ИЗВРШНАТА ВЛАСТ Мирче Котевски Управниот одбор на Македонската радиотелевизија ја демантираше Владата дека таа изминатава година префрлила 108 милиони денари буџетски средства на сметка на јавниот сервис за исплата на плати на вработените.

Свеќи и посмртен марш пред МРТВ

Дневник - 19.07.2006

Отпуштените возачи, кои со судско решение ќе се вратат на работа, вчера со музика му „посакаа“ скоро заминување на раководството Возачите во Македонската радио-телевизија отпуштени како технолошки вишок со блех-музика и со транспаренти против генералната директорка Гордана Стошиќ вчера ја ...

Посмртен марш и запалени свеќи пред зградата на МРТ

Утрински - 19.07.2006

Некогашните вработени во МРТ вчера ја прославија со оро одлуката на судот да се вратат повторно на работа Со свирење посмртен марш до раководството и со палење свеќи пред главниот влез на Македонската радио-телевизија вчера, некогашните вработени кои беа прогласени за технолошки вишок го прославија ...

Со плех-музика посмртен марш за Стошиќ

Вечер Прес - 19.07.2006

"Гоца амбасадор во Шутка", "Гоца оди си! ... беа паролите што вчера на директорката на Македонската радиотелевизија, Гордана Стошиќ и ги упатија на протестот пред зградата поранешните вработени-возачи во МРТВ, кои пред две години биле прогласени за технолошки вишок.

Ескалира состојбата во државната телевизија

А1 - 18.07.2006

Ескалира состојбата во државната телевизија. Се собраа и отпуштените работници и дел од сегашните вработени. Сите се револтирани. Обвинуваат дека Гордана Стошиќ и нејзиниот менаџерски тим се виновни за распаѓањето на МРТ. „Ја испративме со посмртен марш, од сите телевизии каде досега работела ја ...

Стошиќ ќе добие сценарио за штрајк

Дневник - 18.07.2006

Вработените во (МРТВ) вчера почнаа подготовка за штрајк незадоволни од неисплатените плати, хранарини и придонеси за здравствено осигурување Вработените во Македонската радио-телевизија (МРТВ) вчера почнаа подготовка за штрајк незадоволни од неисплатените плати, хранарини и придонеси за здравствено ...

Ревизорите засега нема да прават контрола во МРТ

Утрински - 18.07.2006

Владата може да иницира ревизија, но последниот збор, сепак, го имаат ревизорите ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Македонската радио-телевизија не е во агендата на Државниот завод за ревизија за годинава. Материјално-финансиското работење на јавниот радиодифузен сервис за годинава би можело да се проконтролира, ...

Се распаѓа системот на МРТВ

А1 - 17.07.2006

Драматично се продлабочува кризата во Македонската радиотелевизија. Системот се распаѓа. Генералната директорка е пред оставка, се распрашувала каде да ја ковертира, до Парламентот, кој ја избра, или до Советот на МРТ, кој сега е директно надлежен за работата на јавниот сервис.

Владата не и' префрлила на МРТВ 103 милиони денари

Дневник - 17.07.2006

Според претседателката на Надзорниот одбор на МРТВ, на сметката на таа куќа легнале 88 милиони денари, од кои само 28 биле од буџетот Претседателката на Надзорниот одбор на Македонската радио-телевизија Соња Чижбановска завчера изјави дека на сметката на МРТВ за 2006 година биле уплатени 88 милиони ...

Љупчо Зиков поднесе оставка во МРТ

Утрински - 17.07.2006

Само еден месец по назначувањето, Љупчо Зиков, одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската радиотелевизија, поднесе неотповиклива оставка. Како основна причина за оставката Зиков го наведува непочитувањето на одредбите од договорот што го потпишал со првите луѓе на јавниот сервис.

Надзорниот одбор на МРТ разочаран од Владата

Време - 17.07.2006

КРИЗА ВО НАЦИОНАЛНИОТ СЕРВИС Љупчо Зиков, одговорен уредник на првиот програмски сервис на МТВ, по само 30 дена работа увиде дека не може да ја спроведе сопствената програма и поднесе неотповиклива оставка од таа функција. „Наместо со моите соработници да разговарам за нови емисии и проекти, во ...

Министрите се скараа за портокаловото студио?

Вечер Прес - 17.07.2006

Владините министри на петочната седница наместо да најдат решение за лошата финансиска состојба во која се најде Македонската радиотелевизија го нападнале јавниот сервис бидејќи студиото за вести било обоено во портокалова боја, што укажувало дека МТВ ја менува својата уредувачка политика, во ...