ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА Мирче Котевски Не излажаа дека многу брзо ќе ни изградат нов пат, откако ни го потопија стариот, а веќе три години не оставија отсечени од светот, велат огорчено жители од поречкиот крај. Некои од нив вчера со протест пред Владата, Собранието и зградата на ЕСМ побараа државата ...
ПО ПРОТЕСТНИОТ МАРШ НИЗ СКОПЈЕ Собранието на седница ќе дискутира за изградба на пат низ резерватот "Јасен", а Јавното претпријатие Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) е подготвено да го изгради. Тоа се ветувањата што Поречани ги добија по вчерашните протести пред ЕЛЕМ, Собранието и Владата.
Стотина поречани вчера пред државните институции Поречани, кои протестираа вчера пред државните институции барајќи да им бидат прифатени барањата за покус пат до Скопје, останаа без конкретен одговор. Претставниците од поречкиот крај, кои се незадоволни поради тоа што до Скопје минуваат и 200 ...
Поречанци вчера чукнаа на вратите на сите институции и компании од кои бараат да им изградат пат низ резерватот Јасен, со што ќе се поврзе Порече со Скопје. Патот што поречанци го користеа до 2003 година е потопен при полнењето на акумулацијата на хидроелектраната "Козјак".
Нова надеж за Поречани, е исходот од вчерашните протести на околу петстотини скопјани по потекло од Порече, кои бараа од Владата и од "Електрани" на Македонија да го доизградат патот од Скопје до Порече, кој беше прекинат со полнењето на акумулационото езеро "Козјак".
Протестот е успешен. Задоволни, поречани си отидоа откако од ЕСМ и Собранието добија поддршка патот до родниот крај да поминува низ резерватот Јасен. Претседателот на Парламентот им ветил дека спорниот пат ќе го ставел на дневен ред пред пратениците.
ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ПОРЕЧЕ НАЈАВИЈА Членовите на здружението „Порече“ најавија дека 20.000 Поречани денеска ќе одржат предупредувачки протест доколку Владата не прифати да се воспостави сообраќајна комуникација од Скопје кон Порече.
Жителите на скопското село Поречје денеска повторно на протест со старото барање, државата да си го исполни долгот кон нив и да им направи пат до главниот град. Протестираа од ЕСМ, потоа пред Собранието, и на крај пред Владата.