TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опожарен автомобил на полицаец

Време - 14.09.2006

ШТИП Автомобил на штипски полицаец вчера во раните утрински часови се запалил и целосно изгорел, а огнот потоа се проширил на покривната конструкција на неговата семејна куќа. За среќа, со брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот бил изгаснат и била спречена поголема штета.

Изгоре автомобил на полицаец

Вечер Прес - 14.09.2006

Автомобил "рено клиои, сопственост на полицаец од Свети Николе... Автомобил "рено клиоè, сопственост на полицаец од Свети Николе, вчераутро бил опожарен. Огнот го зафатил и покривот на неговата семејна куќа. Со брзата интервенција на противпожарната бригада, пожарот бил локализиран.

Полицајците станаа редовна цел на насилници

Време - 12.09.2006

ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВРЗ ПРИПАДНИЦИТЕ НА МВР Александар Божиновски Шверцери, бегалци од затвор, криминалци, но и обични спортски навивачи, постојано напаѓаат полицајци, а момците во сино се лутат и на медиумите оти ретко се пишува за маките во нивната професија.

Уапсени кумановци што нападнале двајца полицајци

Дневник - 12.09.2006

Двајца полицајци го извлекле подебелиот крај откако биле нападнати од тројца кумановци додека ги легитимирале во редовна сообраќајна контрола, во неделата ноќта, во Скопје. Полицајците ги совладале и ги уапсиле насилниците. Станува збор за Г.О.(25) од Куманово и К.И. (28) и С.А.

Нападнати полицајци оти сопреле автомобил

Вест - 12.09.2006

НА БУЛЕВАР НИКОЛА КАРЕВ ВО СКОПЈЕ Двајца кумановци вчера, во Скопје, во утринските часови нападнале полицајци оти тие го сопреле автомобилот форд ескорд со кој се превезувале. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Пријава за напад врз полицаец

Вечер Прес - 12.09.2006

Штипското јавно обвинитество поднесе кривична пријава против лицето... Штипското јавно обвинитество поднесе кривична пријава против лицето кое завчера на градскиот пазар нападна полицаец, кој во тој момент не бил на должност.