Германскиот канцелар Шредер се радува на победничкиот гол на германската репрезентација на вчерашниот меч против САД СЕВИЛЈА, 22 јуни (АП) - Лидерите на Европската унија, со два дена задоцнување поради одржувањето на Светското првенство, вчера го почнаа дводневниот самит на кој ќе се разговара за ...
Мерките против илегалната имиграција се во центарот на средбата на Европската Унија што денеска и утре се одржува во Севиља во Шпанија. Земјите членки на Унијата треба да договорат подобрување на заедничката работа на нивните гранични полиции против илегалните влегувања.