TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

УЈП сака политичка дисквалификација на Црвенковски, обвинува Кабинетот на претседателот

Утрински - 26.07.2008

Оваа постапка е политички мотивирана, тврдат од Кабинетот на Црвенковски Постапката на Управата за јавни приходи да се проверува имотот на претседателот Бранко Црвенковски и на членовите на неговото семејство е политички мотивирана и има намера политички да го дисквалификува, обвини вчера Кабинетот ...

Моминското презиме на Јасмина Црвенковска е Димитровска

Н.Македонија - 26.07.2008

Моминското презиме на г-ѓа Јасмина Црвенковска е Димитровска и нејзините родители не живеат во Република Словенија, соопшти вчера кабинетот на претседателот на Република Македонија, во врска со објавените информации дека Управата за јавни приходи вршела проверка на имотот на извесна Јасмина ...

Наместо Црвенковска, УЈП ја проверувала Јасна Пулсевиќ?!

Дневник - 25.07.2008

Наместо Црвенковска, УЈП ја проверувала Јасна Пулсевиќ?! Моминското презиме на Јасмина Црвенковска, сопругата на шефот на државата, е Димитровска и нејзините родители не живеат во Словенија, соопштија вчера од Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

ЦРВЕНКОВСКИ: ТЕНДЕНЦИОЗНИ ПРОВЕРКИ НА УЈП

Телма - 25.07.2008

Изненадени сме од аматеризмот кој го покажува УЈП, ако се земе во предвид фактот дека за спроведувањето на оваа постапка се ангажирани голем број на луѓе и на средства на даночните обврзници со цел да се прават проверки и во другите поранешни југословенски републики, а со што се бламира ...

УЈП го проверувала имотот на претседателот

Канал5 - 25.07.2008

Кабинетот на шефот на државата реагира по информациите дека Управата за јавни приходи го проверувала имотот на претседателот.

Тенденциозни се проверките на УЈП

Макфакс - 25.07.2008

Постои намера и тенденција за политичка дисквалификација на претседателот Бранко Црвенковски, се вели во соопштението од Кабинетот на македонскиот претседател.

Кабинетот на Црвенковски реагира околу написите за проверка на имотната состојба на претседателот

Нетпрес - 25.07.2008

Кабинетот на Црвенковски реагира околу написите за проверка на имотната состојба на претседателот Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски реагира на последните написи во одредени медиуми за проверката на имотната состојба на претседателот и неговото семејство од страна на Управата за јавни ...

Цел на УЈП не бил Црвенковски, туку неговата сопруга

Н.Македонија - 25.07.2008

Управата за јавни приходи испитувала дали Јасна Црвенковска, сопругата на шефот на државата Бранко Црвенковски, поседува имот и банкарски сметки во странски држави, велат владини извори.

УЈП не коментира за имотот на Претседателот

BBC - 24.07.2008

Дали управата за јавни приходи го испитува имотот на Претседателот? Од Управата велат дека тоа е даночна тајна, а од кабинетот на претседателот повикуваат исти такви проверки да се спроведат и на целата влада.

Црвенковски ќе присуствува на изборот на Владата

Утрински - 24.07.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски ќе присуствува на седницата за избор на новата влада, што е закажана за в сабота, потврдија од Кабинетот на претседателот.

На претрес и децата на Црвенковски

Дневник - 24.07.2008

Владата и Управата за јавни приходи вчера немаа коментар во врска со најновата акција за проверка на имотот на претседателот на државата Бранко Црвенковски и на неговото семејство.

УЈП го чешла имотот на претседателот Црвенковски

Дневник - 24.07.2008

Од претседателскиот кабинет прашуваат дали се проверува и имотот на премиерот и на министрите: Црвенковски со сопругата Јасна Управата за јавни приходи го чешла имотот на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

УЈП не нашла тајни сметки кај Црвенковски

Н.Македонија - 24.07.2008

Управата за јавни приходи не нашла тајни банкарски сметки при проверката на имотот на претседателот Бранко Црвенковски и на членовите на неговото семејство, тврдат владини извори.