ПО БЕГСТВАТА ОД ЗАТВОРИТЕ „ДУБРАВА“ И „ИДРИЗОВО“ Огнен Чанчаревиќ Сотир Ристо Вооружени лица предводени од Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа неколку дена патролираат во и околу селото и не им дозволуваат влез на полициските патроли.
Дали најавата за референдум во Танушевци не е дел од добро фингирано сценарио кое одново треба да го застраши регионот: Груевски и Црвенковски на Советот за безбедност Македонија мора да ги елиминира оние кои сметаат дека рецептот со кој Косово е пред независност се применливи и тука Димитар Чулев ...
Состојбата будно се следи на македонската граница, а српската и албанската полиција го зголемија бројот на полицајците Поради бегството на затворениците од затворот „Дубрава“, околните земји ги зајакнаа мерките за безбедност на границите со Косово.
Ваквата одлука наскоро треба да ја донесат жителите на селото на референдум, вели Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа „Танушевци сака да се присоедини кон Косово. Ваквата одлука наскоро треба да ја донесат жителите на селото на референдум“, најавува Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа.
Гордана Јанкуловска Министерката потврдува дека има нелогичности при бегството на Џејми Шеј од „Идризово“ „Во моментов не постојат сериозни безбедносни индикатори што би ја загрозиле безбедноста на Македонија. Со оглед на случувањата во регионални рамки, МВР внимателно ги следи состојбите и доколку ...
Полицијата е присутна секаде каде што проценките кажуваат дека треба да биде, изјави вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по тврдењата на поранешниот пратеник Џезаир Шаќири дека МВР три месеци не смее да влезе во Танушевци.
Ова погранично село подготвува референдум за припојување кон Косово затоа што Владата на Македонија не покажала интерес за тој дел од земјата, изјави за Радио „Слободна Европа“ поранешниот пратеник Џезаир Шаќири Танушевци бара да се припои кон Косово, изјави за Радио „Слободна Европа“ поранешниот ...
Аналитичарите се поделени дали бегството на седумтемина терористи од косовскиот затвор Дубрава и на Џејми Шеј од Идризово безбедносно ќе ја рани Македонија. политикологот Билјана Ванковска се сомнева дека Нацист, Шити и Џејми Шеј во овој момент случајно не се најдоа на слобода.
Како причина за ваквата одлука тој ја наведува незаинтересираноста на македонската влада за решавање на нивните проблеми. Ги малтретирала полицијата и немале струја Дали се повторува приказната од 2001 година? Танушевци, местото од каде започна воениот конфликт во 2001 година, повторно се јавува ...
Од Прешево по телефон, Џемаил Исени алијас Џејми Шеј бара, македонските власти да го затворат неговиот предмет, но не и него. „Зошто да се предадам, јас не сум направил ништо, никаква грешка немам, зошто да одам, немам проблем, но не сакам да ми дојдат дома, зошто да се предадам.Нека ги земат ...
Танушевци бара да се одвои од Македонија и да се припои кон Косово, за што се планира да се одржи и референдум од жителите на ова скопско планинско село, пишува „Факти“. Ова, според денешниот број на весникот „Факти“, го соопшти потпретседателот на Националната Демократска унија, Џезаир Шаќири, ...
БЕГСТВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ ГИ ПОДЕЛИЈА ЕКСПЕРТИТЕ Огнен Чанчаревиќ Сотир Ристо Лирим Јакупи-Нацист и шесте членови на неговата терористичка група се кријат во Македонија, но за Рамадан Шити тоа се уште не е утврдено, потврдуваат безбедносни извори за „Време“.
НИ ТРАГА ОД ИЗБЕГАНИОТ ТЕРОРИСТ Одделот во МВР за потрага го бара избеганиот затвореник Џемаил Исеини (Џејми Шеј), против кого е распишана потерница, а други инспектори ја испитуваат точноста на изјавите на двајцата затворски обезбедувачи, етнички Албанци, кои тврдат дека со оружје биле спречени во ...
Ништо не е случајно. Постои поврзаност меѓу бегството од „Дубрава“ и од „Идризово“, како и испишувањето графити за Илирида во Тетовско, сметаат политичарите: Од апсењето на Џемаил Исени МВР треба да одговори кој го пушти Џејми Шеј да избега од „Идризово “ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Наивно би било да се ...
Терористот Џемаил Исени алијас Џејми Шеј, кој е осуден на седум години затвор за бомби на пругата Скопје-Белград кај Ваксинце и во центарот на Куманово, повторно е на слобода, благодарение на неспособноста на затворската и на управата за санкции да проценат кому и под какви услови му дозволуваат да ...
Управата на затворот тврди дека бегството било веднаш пријавено, а МВР соопшти дека била известена дури во следниот ден Полицијата трага по избеганиот затвореник, терорист Џемаил Исени, алијас Џејми Шеј, и истовремено ја испитува веродостојноста на приказната на двајцата чувари од „Идризово“, кои ...
По бегството на Џемаил Исеини, алијас командант Џејми Шеј, од затворот „Идризово“, опозицискиот СДСМ подготвува интерпелација за министрите за правда и за внатрешни работи, Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска, најави вчера потпретседателот Јани Макрадули.
Директорот на затворот Идризово, Александар Донев, вели дека во затворската управа била доставена целокупна документација по што предлогот за неколкучасовното отсуство бил позитивно решен. Донев тврди дека двајцата стражари за настанот ја исвестиле ПС Куманово, а со вооружената група која го ...
Потерница и внатрешна истрага во затворот Идризово, но Џемаил Исени го нема. МВР од вчера го бара, затворската управа испитува зошто осудениот за тероризам добил дозвола за да присуствува на погребот на мајка му и како им избегал на затворските чувари.
ПОТЕРНИЦА ПО ЏЕЈМИ ШЕЈ Џемаил Исеини, познат како Џејми Шеј, кој од седумгодишната затворска казна за тероризам одлежал само две, од завчера не е во затворот "Идризово". Директорот на затворот Александар Донев вчера потврди дека Исеини не е во ќелијата и оти, најверојатно, е дома, чуван од ...
МВР се' уште нема одговор дали во Танушевци се кријат избеганите Јакупи и Шити МВР нема сознанија дали бегалците, по кои се распишани меѓународни потерници, се стационирале околу Танушевци ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА По бегството на Рамадан Шити и Лирим Јакупи - Нацист од косовскиот затвор „Дубрава“, во ...
Лирим Јакупи-Нацист, Рамадан Шити и Џавид Морина алијас командант Дреница, тројца од седумтемина избегани затвореници од косовскиот затвор , се кријат во шумите во околината на Танушевци, тврдат безбедносни извори за „Дневник“.
Според сите индикатори што ги имаме, не случајно избегале од затворот токму тие седуммина и токму сега, велатбезбедносни извори Со поситни инциденти во Македонија и во јужна Србија, избеганите косовски затвореници ќе се обидат да го свртат вниманието на меѓународната јавност кон Косово во ...
Македонскатата полиција нема сознанија дека Рамадан Шити и Љирим Јакупи-Нацист, кои во саботата избегаа од косовскиот затвор "Дубрава", се на територијата на Македонија. Дел од дневниот печат, повикувајќи се на разузнавачки извори од МВР објавија дека затворениците пребегале во Танушевци и ...
Македонското Министерство за внатрешни работи засега нема сознанија дека Рамадан Шити и Љирим Јакупи-Нацист кои избегаа од косовскиот затвор „Дубрава“, се на територијата на Македонија. „Засега нема никакви сознанија дека двајцата се на македонска територија во околината на Танушевци.
Не е дома, но не е ниту во затворот Идризово. Веќе едно деноноќие Џемаил Исени, кој себеси се нарекува Џејми Шеј, е во бегство. Затворската управа му дозволила вчера да дојде на погребот на својата мајка. Го донеле двајца чувари, но кога околу 18 часот сакале да го приберат назад, им рекол дека ...
Ниту еден од седумтемина затвореници, кои избегаа од затворот Дубрава кај Исток во Косово, не е фатен. Косовската полиција во меѓувреме уапси девет лица кои се осомничени дека им помогнале на затворениците да избегаат од затворот.
Косовската полиција вети награда од 5.000 евра за секој што ќе понуди информација за седумте затвореници кои во саботата попладне избегаа од затворот „Дубрава“ во местото Исток кај Пеќ. Тамошното МВР соопшти дека во близина на затворот било откриено и запленето огромно количество нелегално оружје, ...
Лирим Јакупи-Нацист требало да подготви терен за дестабилизација на Македонија, ако не успеат преговорите за независност на Косово Рамадан Шити (24) и Лирим Јакупи-Нацист (30), заедно со другите петмина што во саботата избегаа од затворот „Дубрава“ во Косово, се на македонска територија, во ...
Косовската полициска служба уапси уште еден стражар во затворот во Дубрава поради сомневање дека помагал при бегство на седуммината затвореници пред два дена, потврди синоќа портпаролот на КПС за регионот Ветон Ељшани. „Полицијата уапси уште еден стражар во затворот во Дубрава.
ПО СПЕКТАКУЛАРНОТО БЕГСТВО ОД ЗАТВОР Огнен Чанчаревиќ Косовската полициска служба (КПС) веќе и официјално се обратила до своите колеги во соседните земји, вклучувајќи ја и Македонија, барајќи помош за наоѓањето на седумте затвореници што во саботата избегаа од затворот „Дубрава“ во Косово.
Затворот „Дубрава“ Косовските власти се сомневаат дека затворениците се кријат на планините зад затворот во местото Исток кај Пеќ Четворица чувари на косовскиот затвор „Дубрава“ се уапсени поради сомневање дека помогнале при бегството на седумте затвореници во саботата попладне.
КФОР ниту знае ниту трага по бегалците,зашто тоа било надлежност на полиција Македонската полиција ќе им помага на косовските колеги, кои бараат седуммина бегалци од косовскиот затвор Дубрава. Двајца од бегалците, Рамадан Шити и Лирим Јакупи, се бараат за убиства и за обиди за убиства во ...
Косовската полициска служба побара помош од Македонија, Црна Гора и од Албанија во потрагата по седуммината избегани затвореници, осудени за тероризам или тешки кривични дела од затворот Дубрава, кај Исток. Портпаролот на КПС Ветон Ељшани синоќа изјави дека косовската полиција интензивно трага по ...
Лирим Јакупи – Нацист, кого Македонија го бара поради ранување на тројца полицајци во 2004 година во Скопје, е меѓу седумтемина кои завчера избегаа од најголемиот косовски затвор „Дубрава“. Бегството на Јакупи го потврди и портпаролот на косовската полициска служба, Ветон Елшани.
Косовецот Рамадан Шити (24), осомничен за убиство на скопскиот таксист Зоран Трајковски(37) во септември 2004 година во селото Визбегово, вчера избегал од најголемиот косовски затвор „Дубрава“. Заедно со Шити избегал и Косовецот Лирим Јакупи-Нацист, осомничен дека учествувал во престрелка со ...
Косово побара помош од Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија во потрагата по седумтемина криминалци кои спектакуларно избегаа од затворот во Дубрава. Косово побара помош од Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија во потрагата по седумтемина криминалци кои спектакуларно избегаа од затворот во ...
Седуммина затвореници, меѓу кои бил и Лирим Јакупи, викан - Нацист, од Бујановец ,завчера попладне избегаа од најголемиот косовски затвор "Дубрава". Нацист во нашата земја се бара поради ранување на тројца полицајци во 2004 година во Скопје.