TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Работнички успешен пред дуелот со Болтон

А1 - 15.09.2007

Победи пред своја публика остварија, денеска, двете водечки екипи во нашата најквалитетна фудбалска конкуренција. Милано против Напредок, Работнички Кометал над Силекс. Актуелниот вицепрвак, Работнички Кометал на Градски имаше успешна увертира пред дуелот од Купот на УЕФА против Болтон в четврток ...

Управата на Болтон ги подготвува фановите пред гостувањето во Скопје

Утрински - 15.09.2007

„Населбите Чаир и Бит-пазар се места во градот Скопје, кои се наоѓаат северно од реката Вардар, кои ние најискрено ви препорачуваме да ги избегнувате“, се вели во дел од соопштението објавено на официјалната веб- страница на премиерлигашот Болтон, во пресрет на гостувањето на оваа екипа во Скопје, ...

Гостинот на Работнички К., Болтон - еден од основачите на Премиерлигата

Утрински - 14.09.2007

Клубот е формиран на 28 август во 1877 година кога го доби и прекарот „вондерерс“ (талкачи) Во 1874 година директорот на училиштето во христијанската црква, Томас Огден, свика состанок со колегите наставници и други млади момчиња за да им ја презентира идејата за прифаќање на фудбалската игра во ...

Дебармаалци подготвуваат спектакл на теренот и на трибините

Време - 12.09.2007

ЗА МЕЧОТ СО БОЛТОН ВО КУПОТ НА УЕФА Никола БогојевскиДвојниот македонски фудбалски првак Работнички Кометал ќе ги користи искуствата од организацијата на мечевите на националната репрезентација на Македонија на дуелите со Англија, во пресрет на пресметката со првиот премиерлигаш, кој ќе гостува во ...

Работнички подготвува изненадување за публиката

Вест - 12.09.2007

ЗА СРЕДБАТА ПРОТИВ БОЛТОН Работнички Кометал подготвува забава за публиката што ќе присуствува на првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА против Болтон, закажан за 20 септември во 20 часот на Градскиот стадион во Скопје.

Работнички К. и Њу момент најавуваат спектакл со Болтон

Утрински - 12.09.2007

Билетите за мечот во продажба од 17 септември по цена од 400 денари за јужна трибина и 150 за исток и за запад САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Забава, навивање, награди и многу изненадувањата за публиката, 15 минутно шоу на полувремето, јакнење на романтичарскиот дух и поддршка за домашниот тим.

Фудбал, забава, шоу и награди на мечот Работнички К. - Болтон

Дневник - 12.09.2007

Македонскиот претставник во Купот на УЕФА, Работнички Кометал, подготвува вистински спортски празник и шоу за мечот против англискиот премиерлигаш Болтон, во рамките од првото коло на најмасовното клупско натпреварување во Европа.

Романтичарите со англиски имиџ

Вечер - 12.09.2007

Стадионот ќе биде обоен во црвено и бело, а на полувремето ќе има шоу програма со многу изненадувања за посетителите Гостувањето на премиерлигашот Болтон во Скопје во редовите на Работнички К. предизвика желба за модерен начин на организирање на натпреварот од првото коло во Купот на УЕФА.

Навивачите на Болтон ги купија сите билети за северна трибина за средбата со Работнички К.

Дневник - 11.09.2007

Навивачите на премиерлигашот Болтон ги купија сите билети за Северната трибина пред гостувањето на нивните миленици во Скопје. Во првата средба од првото коло во Купот на УЕФА, македонскиот вицешампион Работнички Кометал на Градскиот стадион во Скопје, на 20 септември, се среќава со премиерлигашот ...