TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повторно проблеми со визите за аџиите

Алсат-М - 22.11.2008

Иако од ИВЗ ветија дека овој пат нема да има никаков проблем за добивањето на визите и давањето на дозволите на агенциите кои организираат аџилак, пак се случи истата драма од претходните неколку години. 430 аџии се уште не тргнале на пат кон светите арапски градови Мека и Медина.

Тргна втората група аџии

Алсат-М - 20.11.2008

Денеска од Македонија тргна втората група од 120 аџии кон Мека и Медина во Саудиска Арабија. Организаторот на ова патување вели дека се овластени од ИВЗ за да организираат вакво патување за во светите места, а муслиманските верници се задоволни од патувањето што следува. „Многу сум среќен, да даде Господ да ги прими нашите молитви и на сите муслимани“ вели еден од аџиите.

Аџии во Мека ќе се молат и за Груевски

Дневник - 19.11.2008

Аџии во Мека ќе се молат и за Груевски. Премиерот Никола Груевски вчера со поздравно обраќање ги испрати аџиите на аџилак во исламските светлишта Мека и Медина. Тој им посака успешен пат и исполнување на вереските обреди со посветеност на вредностите и начелата што ги проповеда муслиманската религија.

Груевски ги испрати аџиите во Мека и Медина

Алсат-М - 18.11.2008

Денес од Македонија тргна првиот караван со аџии во Мека и Медине во Саудиска Арабија. Еден од организаторите на ова патување изјави дека нема да има неправилности, затоа претходно тие обезбедиле дозвола од Исламската Заедница кое го има ексклузивното право за испраќање на аџиите во светите места.

Муслиманските верници заминуваат на аџилак

Алфа - 18.11.2008

Околу 1.600 муслимански верници од Македонија од денеска заминуваат на аџилак во светите места Мека и Медина. Првиот караван од пет автобуси денеска замина од Скопје. Аџиите стрпливо на дождот го чекаа премиерот, и се поздравуваа со своите роднини. Четириесет минути подоцна од предвиденото, Груевски ги поздрави аџиите, велејќи дека аџилакот е дел од севкупната религиска култура во Македонија.

Заминаа аџиите

Вечер Прес - 18.11.2008

Премиерот Никола Груевски им се обрати на аџиите кои заминаа на аџилак во Мека и Медина. Посакувајќи им среќен пат, премиерот нагласи дека годинава, аџиите кои заминуваат во светите места за муслиманите, ќе имаат постојана медицинска помош, обезбедена од Владата на Република Македонија.