TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Графитите на јавните објекти ќе станат минато

Утрински - 22.11.2008

Акцијата ќе трае се додека не се исчистат сите графити. Во дваесетина општини низ државава од вчера стартуваше акцијата за бришење графити, прва од таков тип која се реализира по иницијатива на ЗЕЛС. Акцијата има цел бришење на графитите од ѕидовите на јавните објекти и други згради, а истовремено и за подигање на јавната свест кај населението за чиста околина.

Почна чистката на графитите

Н.Македонија - 22.11.2008

Коце Трајановски, градоначалникот на општината Гази Баба и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, вчера го одбележа почетокот на големата акција за чистење на графитите. Таа се одвива во сите општини во Македонија, по иницијатива на претседателството на ЗЕЛС. Нејзината цел е да се елиминира грдата слика со која секојдневно се соочуваат граѓаните.

Акција на ЗЕЛС за отстранување на графитите

Канал5 - 21.11.2008

„Лела мандарините поскапеа, а ти уште си ми скарана“ – култниот скопски графит во центарот на градот денеска куртули во налетот на белите четки за варосување на општинарите кои по инцијатива на ЗЕЛС ги бришеа графитите низ голем број општини. И тој како и групното дело на Градежниот факултет за скопјани веќе добија не само уметничка туку и сентиментална вредност.

Акција за бришење графити во општините

Кирилица - 21.11.2008

Акцијата, како што информираат од ЗЕЛС, има за цел да ја разубави сликата со која секојдневно се соочуваат граѓаните на Македонија, а ќе се спроведе согласно законите за животната средина и за јавна чистота. Акцијата е наменета за подигање на јавната свест кај населението за чиста околина.

Акција за бришење графити во општините

Сител - 21.11.2008

На иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, денеска ќе се одржи акција за бришење графити во која ќе учествуваат општините од Република Македонија. Акцијата, како што информираат од ЗЕЛС, има за цел да ја разубави сликата со која секојдневно се соочуваат граѓаните на Македонија, а ќе се спроведе согласно законите за животната средина и за јавна чистота.

Од 100 до 300 евра казна за нагрдување на фасадите

Вечер Прес - 21.11.2008

Надлежните во секоја општина ќе посочат одредени места со поставување бетонски паноа во одредени димензии каде љубителите на ѕидната уметност ќе можат слободно да ги искажат своите уметнички пориви. За секое останато нагрдување на фасадите следуваат ригорозни казни. Вчера на повеќе локации во Скопје се отстрануваа графити.

Општините ќе бришат графити

Дневник - 20.11.2008

Општините ќе бришат графити. Акцијата за бришење на графитите во организација на ЗЕЛС ќе почне денеска, а ќе се приклучат сите скопски општини. Целта е со акцијата да се подигне јавната свест кај граѓаните за чиста околина. Општините ќе имаат обврска да постават бетонски паноа на кој љубителите за цртање графити ќе може да ги искажат своите уметнички афинитети.

Општинарите ќе бришат графити низ градот

Време - 20.11.2008

Елена Мачевска Со канти поликолор, четки за бојадисување, мрсни бои и средства за бришење хемикалии, скопските општини на големо се подготвуваат за утрешната акција за бришење на графитите, која ќе се одвива на целата територија на градот. Иницијативата е во организација на ЗЕЛС, а на графитарите ќе им бидат одреди локации на кои ќе им биде дозволено да цртаат.

Уметници: ЗЕЛС сака да ја брише единствената урбана уметност- графитите

Алсат-М - 18.11.2008

На иницијатива на ЗЕЛС за во петок е најавено бришење на сите графити насликани низ Македонија. Но, токму ова предизвикува паника и негодување кај графити-уметниците, чии дела не сакаат државата да им ги порамнува со партиските и вандалски чкртаници кои ги има на секој чекор низ градовите. За нивниот проблем, го земаме примерот со графити-уметниците во Охрид.