Според делегации на многу земји, „Нинанајна“ е една од најдобрите песни на овој избор, вели Анета Андонова Македонската евровизиска претставничка Елена Ристеска завчера ја одржа првата проба на сцената во „Олимпик индор хал“ во Атина и, според информациите на најпосетената интернет-страница ...
Елена Ристеска, македонската евровизиска претставничка, ја одржа првата проба во „Олимпик индор хол“, салата каде што ќе се одржи годинашниот „Евросонг“. Ристеска во почетокот имала мали проблеми со озвучувањето, но веќе со четвртиот обид техничките недостатоци биле надминати.
Скоцкана од глава до пети во одлична комбинација, една од веќе подготвените за кои се погрижи цел тим од повеќе домашни имиња од светот на модата, Елена изгледаше одлично на првата евровизиска проба во Атина. Но, според новинари кои традиционално се дел од овој европски музички натпревар и пишуваат ...
Евровизиското одбројување почна, а до настанот околу кој вообичаено се крева прав и не само кај нас, остануваат само уште неколку дена. Нашата делегација на чело со Елена Ристеска веќе е во Атина и почнувајќи од вчера веќе наголемо се подготвува на "големата сцена".
Македонската вечер ќе се одржи на 14 мај во резиденцијата на канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина Македонската евровизиска претставничка Елена Ристеска денес ќе отпатува за Атина, а в четврток во 18 часот ќе ја одржи и првата генерална проба на сцената на „Олимпик Индор хал“ во ...
Рано утрово отпатува за Атина нашата претставничка на годинашниот избор за песна на Евровизија, Елена Ристеска. Неа веќе утре вечер ја очекува првата проба на сцената на "Олимпик Индор Хал", каде ќе се одржи евровизијата. По многу размислувања македонската делегација, сепак, одлучи да направи и ...
ЕВРОВИЗИСКИОТ ТИМ ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ЗА АТИНА Натоварен со македонски знамиња, пропагандни материјали од Министерството за економија и со сортни вина од „Сковин“, македонскиот евровизиски тим денеска со луксузно комби ќе отпатува во Атина.
Нашата шеста по ред Евровизиска претставничка, Елена Ристевска, утре патува за Атина. По победата на домашниот избор, Елена со избраниот тим работеа на кореографијата и доусовршување на песната. На сцената, покрај Елена, ќе се појават и пратечките вокали Александра Пилева и Маја Саздановска заедно ...
Елена Ристевска и нејзиниот тим утре патуваат за Атина, каде на 18 овој месец, ќе ја преставуваат Македонија на овогодинешниот Евросонг. Она што засега се знае е дека покрај младата пеачка на сцена како придружни вокали ќе излезат Александра Пилева и Маја Саздановска како и тројца танчери.
- Пред некој ден ми стигна имејл дека телевизијата "Ал Џезеира" бара промотивни материјали од Елена Ристеска. Не знам дали навистина интересот за нашата евровизиска претставничка стигнал до таа географска точка, или, пак, некој друг пратил таква порака, а не официјалната телевизија, но како и да е ...