Во Арачиново и неговата околина ноќеска и денеска се пука. Ова село на 10 километри од Скопје веќе 11 дена е под контрола на самопрогласените борци за слобода, команданти на паравоената ОНА инаку во слободно време по професија дилери на дрога, дрвосечачи и криминалци.
Албанските терористи во регионот на Арачиново ноќеска од 2 до 4 часот ги напаѓале полициските пунктови во селата Страчинце и Брњарци. Полицијата одговорила на провокациите. Портпаролот на министерството за внатрешни работи Пендаровски потврди дека во текот на ноќта терористите стрелале со ...
НАПАДНАТ ПОЛИЦИСКИОТ ПУНКТ ВО СЕЛОТО БРЊАРЦИ ВО БЛИЗИНА НА АРАЧИНОВО На еден од полициските пунктови во селото Брњарци, во непосредна близина на Арачинов, полицијата завчера околу 20,40 часот,отворила жесток оган врз џип "нисан" со бугарски регистарски таблички, испишан со написи УЧК, во моментот ...
КАЈ СКОПСКОТО СЕЛО БРЊАРЦИ Кога се доближил до пунктот на МВР терористот не запрел на знакот на полицијата, туку забрзал и почнал да пука, мислејќи оти ќе успее да се пробие Македонските полицајци од пункт на излез од скопското село Арачиново убиле еден припадник на терористите на ОНА завчера околу ...
ВО ГРАДСКА БОЛНИЦА ОПЕРИРАН 53-ГОДИШЕН АРАЧИНОВЕЦ, ПОВРЕДЕН ВО БОРБИТЕ КАЈ СТРАЧИНЦИ Додека Фахри Селими бил извлекуван од Арачиново, екстремистите жестоко напаѓале врз полициските пунктови Во Градската болница во Скопје, завчера во попладневните часови, со тешка повреда во вратот и образот од ...
Ситуацијата во Арачиново се вжештува. Од таму, вчераноќ, терористите во повеќе наврати ги напаѓале полициските пунктови кај селото Брњарци. Во нападот, покрај автоматско оружје, терористите употребиле и рачни минофрлачи. Но и покрај жестокиот напад, повредени и жртви на страната на безбедносните ...
Од Арачиново кон полициските пунктови во селото не се пука но се уште таму има висока тензија. Во текот на ноќта од крајните куќи на Арачиново и од Страчинце биле нападнати полициските пунктови во Брњарци и Страчинце. Терористите напаѓале со автоматско оружје и со минофрлачи.
Во окупираното Арачиново и вчера беше напнато. Во него не се пукаше и немаше никакви дејства, но затоа во околните села ечело од рафали. На два полициски пункта кај селата Страчинци и Брњарци,во непосредна близина на Арачиново, терористите во два наврата во текот на ноќта отвориле жесток оган, ...
Престрелки каЈ АраЧиново Албанските терористи вчера околу 14 часот стрелаа врз полициските пунктови околу Арачиново. Полициските пунктови кај селата Страчинци и Брњанци биле напаѓани и предминатата ноќ од 23 часот се до вчера изутрина.
2.500 БЕГАЛЦИ ОД АРАЧИНОВСКО "Занималните ги претворивме во спални за бегалците од Арачиново", велат во домот "Сенич" во Автокоманда Ученичките домови "Сенич" и "Ранка Милановиќ" во Скопје од вчера се дом за околу 300 бегалци - Македонци од Арачиново.
"МеЃаши" Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" обезбеди 12 легла за раселените лица од Арачиново, во прифатилиштето во населбата Јане Сандански. Зградата на прифатилиштето се наоѓа наспроти поликлиниката во населбата во поранешната воена зграда.
Околу 14 часот албанските теророристи отвориле оган кон селото Страчинци, во близина на Арачиново. Страчинци беше нападнато и ноќесна околу полноќ, кога албанските терористи отвориле оган на полицискиот пункт. Било пукано од автоматско оружје, на што полицијата одговорила со пушкомитралези.
Во Арачиново и вчера беше мирно. Инсталираните албански терористи во селото не ги провоцирале силите на МВР, кои го држат селото во обрач. С&ицирц; уште, сите влезови и излези од селото се блокирани. Албанските сили кои го држат Арачиново и натаму под контрола, имаат поставено барикади на главниот ...
САД И НАТО ГИ ОСУДИЈА ЕКСТРЕМИСТИЧКИТЕ АКЦИИ САД најостро ги осудуваат екстремистичките акции на ОНА и се спротивставуваат на нејзината насилничка тактика, чија цел е поткопување на демократијата во Македонија и и се заканува на стабилноста во регионот.
АРАЧИНОВЦИ ИЗБРКАНИ НА УЛИЦА ОД БАНДИТИТЕ Приодите кон селото се затворени од полицијата и досега нема посериозни оружени провокации од терористите Црвениот крст на Македонија, во истурениот пункт во населбата Ченто вчера им делеше хуманитарна помош на жителите побегнати од селото Арачиново, кое ...
Сите влезови и излези од Aрачиново и натаму се блокирани од македонските безбедносни сили. Албанските терористи имаат поставено блокади на главниот пат низ ова скопско село. Беспилотните летала на KFOR ги утврдија териториите на терористите.Забележано е и ископување на ровови од страна на ...
Арачиново поделено на четири дела, но не се знае кој е главен од терористите Во текстот на весникот "Дневник" под наслов "Командантите на терористите раскарани, Арачиново поделено на 4 дела", весникот повикувајки се на разузнавачки извори вели дека меѓу командантите дошло до недоразбирање бидејки ...
ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА РАСЕЛЕНИТЕ ЛИЦА ОД АРАЧИНОВО Повеќе од 700 внатрешно раселени лица од Арачиново и од околните села се евидентирани во текот на вчерашниот ден од екипите на Македонскиот црвен крст, а повеќе од 50 семејства, по напуштањето на своите домови, останаа без покрив над главата.
СЕ БЛОКИРА ФОРМИРАЊЕТО НА ЗАЕДНИЧКАТА КОМАНДА НА ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИЈАТА Во МВР, во чија надлежност е окупираното Арачиново, немаат рационално објаснување како се дозволи Арачиново, кое е на неколку километри од главниот град на државата, преку ноќ да биде контролирано од вооружените екстремисти.
Скопското село Арачиново се уште се наоѓа под опсада на албанските терористи, кои во заложништво држат околу 30 Македонци од ова село. Претседателот Трајковски им вети на иселените жители од Aрачиново дека од денеска ќе започне делењето на хуманитарната помош и дека ќе им биде обезбедено привремено ...
Министерот Бошковски без одговор на прашањето зошто е дозволено терористите да влезат да се утврдат во Арачиново со што во заложништво се држи главниот град Во Арачиново, вчера с&ицирц; уште се наоѓаа албанските терористи, додека пак македонските безбедносни сили останаа на пунктовите околу селото.