TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се' е под (владина) контрола

Утрински - 20.09.2007

ЕДИТОРИЈАЛ МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Владата не сака изненадувања, па затоа решила се' да стави под своја контрола. Најновиот обид е да си го врати она што некогаш и' припаѓало - режимот на девизниот курс на денарот, кој изминатите шест години е во надлежност на централната банка, односно на гувернерот.

Владата сака да го одредува режимот на курсот на денарот

Утрински - 19.09.2007

Во постојното законско решение за режимот на курсот е надлежна Народна банка на Македонија МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Дали денарот ќе има фиксен, раководен, целосно флуктуирачки курс или, пак, ќе дејствува валутен одбор ќе одлучува Владата, а не Народна банка на Македонија.

Славески : Владата ќе го утврдува курсот на денарот

Вест - 19.09.2007

Со измените на Законот за Народната банка што се подготвуваат, Владата ќе земе надлежности во утврдувањето на курсот на денарот. Министерот за финансии Трајко Славески вчера најави корекции во одредбата што дозволува Народната банка да го менува режимот на девизниот курс без воопшто да ја извести ...

И Владата ќе одлучува за девизниот курс

Дневник - 19.09.2007

Владата ќе ја зајакне својата улога во одредувањето на девизниот курс за што ќе бидат извршени мали корекции во Законот за народната банка, соопшти вчера министерот за финансии Трајко Славески. - Постојниот Закон за НБРМ ја исклучува државата од утврдување на режимот на девизниот курс.

Девизниот курс на денарот нема да се чепка

Вечер Прес - 19.09.2007

Меѓународниот монетарен фонд досега нема изнесено забелешки околу промената на формулата за пресметка на пензиите, ниту за тоа е разговарано со неговите претставници, потврдија вчера од Министерството за финансии, по потпишувањето на договорите со Светска банка за три нови заеми.