TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мешков: Ако не ви одговара намалувањето, одете си

Време - 29.06.2007

ВЛАДАТА И ПРИВАТНИТЕ ПЕНЗИСКИ ДРУШТВА ВО ВОЈНА Поголем прилив пари на сметките на идните пензионери што се осигурени во приватните пензиски друштва е главната причина што ја натера Владата да размислува за законски измени со кои ќе се ограничи висината на надоместокот што двете приватни пензиски ...

Мешков: Провизијата може да биде и помала

Вест - 29.06.2007

Определувањето на горната граница на провизијата што пензиските друштва ја земаат од корисниците не е мешање и интервенционализам на државата во банкарските работи на друштвата, вели министерот за труд и социјални работи Љупчо Мешков.

Oсигурениците се над интересот на пензиските друштва

Утрински - 29.06.2007

Со друштвата не можеле да се договорат за намалување на провизијата и затоа државата ќе стави законска рамка ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Утврдувањето на максималната висина на провизијата што ја наплаќаат пензиските друштва од осигурениците, за министерот за труд и социјална политика, Љупчо Мешков, не е ...

Мешков не гледа државен интервенционизам

Дневник - 29.06.2007

Определувањето на горната граница на провизијата што пензиските друштва ја земаат од осигурениците не е државен интервенционизам, изјави вчера министерот за труд Љупчо Мешков. Оваа негова реакција следува по завчерашните обвинувања од двете приватни пензиски друштва дека утврдувањето на висината на ...

Помала провизија, подебела сметка за осигурениците

Вечер Прес - 29.06.2007

Владата смета дека се создадени реални услови за намалување на надоместокот за пензиските друштва бидејќи со тоа нема да бидат загрозени нивните членови, кои ќе добијат повеќе пари на својата сметка. Кога се формирал вториот, приватен, пензиски столб се предвидувало во него да бидат вклучени околу ...

Владата со аргументи контра пензиските фондови

А1 - 28.06.2007

Владата со аргументи контра приватните пензиски фондови, бара поголемо и подрастично намалување на провизијата, прво, затоа што во двата фонда членуваат поголем број членови од првичните проекции и второ, затоа што за многу пократок период од планираниот почнале да работат со добивка, со што и ...

Владата воведува државен интервенционизам

Време - 28.06.2007

КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО РЕАГИРА Владата воведува државен интервенционизам и испраќа лоша порака до странските инвеститори, бидејќи еднострано го прекршува основниот договор за инвестирање во Друштво за управување со пензиски фонд, обвинија вчера од КБ Прво пензиско друштво.

Пензиските друштва против диктирана провизија

Вест - 28.06.2007

Двете приватни пензиски друштва реагираат на намерата на Владата да го ограничи надоместокот што друштвата го наплатуваат од пензиските придонеси. Во КБ велат дека со претстојните измени на Законот за капитално финансирано пензиско осигурување власта воведува државен интервенционизам.

Владата обвинета дека го уништува партнерството со пензиските друштва

Утрински - 28.06.2007

Се носат еднострани одлуки, со што суштински се менува она што е договорено, велат во пензиските друштва ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Владата го уништува партнерството со приватните пензиски друштва, зашто без да преговара со нив планира да ја намали и ограничи провизијата што тие им ја наплаќаат на своите ...

И КБ Прво пензиско друштво ја намали провизијата

Утрински - 28.06.2007

И КБ Прво пензиско друштво ја намали провизијата што им ја наплаќа на своите членови. Така, од 8,5 отсто, од наредниот месец на своите членови ова друштво ќе им пресметува за 0,6 отсто помала провизија, која ќе изнесува 7,9 отсто.

Пензиските друштва обвинија за државен интервенционизам

Дневник - 28.06.2007

КБ Прво пензиско друштво бара Владата да ги намали провизиите што ги наплаќаат МАПАС, НБМ и Фондот за пензиско бидејќи биле седум пати повисоки отколку во другите земји КБ Прво пензиско друштво бара Владата да ја преиспита одлуката со која планира секоја година законски да го утврдува надоместокот ...

Министерството за труд се брани – провизијата ја намаливме за доброто на осигурениците

Канал5 - 28.06.2007

Нови препукувања на релација Влада – приватни пензиски друштва. Откако двата пензиски фонда обвинија дека државата им се меша во бизнисот, денеска министерот за труд Мешков тврдеше дека воопшто не станува збор за државен интервенционизам. Нови препукувања на релација Влада приватни пензиски друштва.

Законските измени се неуставни

Вечер Прес - 28.06.2007

Пензиските друштва во земјава ќе добијат помала провизија ако Парламентот ги усвои предложените измени на Законот за капитално финансирано пензиско осигурување, што ги подготви Министерството за труд и социјална политика. Од КБ Прв пензиски фонд сметаат дека треба да се направи анализа која треба ...

Пензиски друштва се жалат, владата им се меша во бизнисот

А1 - 27.06.2007

Остар протест до владата испратиле приватните пензиски фондови. Обвинуваат дека им се меша во бизнисот, спротивно на договорот за нивно формирање. Владата носи измени на законот за вториот столб, со кој ја ограничува на 6% провизијата што фондовите ја наплатуваат од осигурениците.

Нов пензиски фонд ќе работи за помала провизија

Време - 27.06.2007

ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ НЛБ Нов пензиски фонд реши да ги намали провизиите што им ги наплаќа на своите осигуреници од 8,5 на 7,9 отсто, што значи 0,6 отсто повеќе на сметките на осигурениците. Ова е второ намалување на провизиите кај Нов пензиски фонд, а има најави дека и КБ Прво пензиско друштво ќе ...

НПФ ја намали провизијата на 7,9%

Вест - 27.06.2007

Нов пензиски фонд ја намали провизијата и од јули ќе им наплаќа 7,9 отсто провизија на своите членови. Намалувањето значи дека поголем процент од средствата што се издвојуваат за приватниот пензиски фонд ќе оди на личната сметка на членот.

Нов пензиски фонд ја намали провизијата за членовите за 0,6 отсто

Утрински - 27.06.2007

Место 8,5 отсто, надоместот што ќе го зема друштвото ќе биде 7,9 проценти, а намалувањето го повлекла МАПАС Нов пензиски фонд ја намали провизијата што им ја наплаќа на членовите на нивното пензиско друштво, и тоа за 0,6 отсто.

Владата со закон ќе ги намалува провизиите на пензиските друштва

Капитал - 27.06.2007

Владата со закон ќе ги намалува провизиите на пензиските друштва Најавите на двете пензиски друштва дека ќе ја дадат државата на Уставен суд ако со закон им ги намали провизиите е само логична завршница на една лошо дизајнирана реформа.

И КБ прво пензиско друштво реагира на законот со кој Владата им бара да наплатуваат помала провизија

Канал5 - 27.06.2007

Владата ја јакне позицијата на МАПАС, агенција што ја контролира работата на приватните пензиски фондови. Со законските измени кои ги подготви Министерството за труд, Агенцијата во иднина доброволно ќе може да поништува договори кои двете друштва ги склучиле со осигурениците.

Помала провизија за пензиското друштво

Вечер Прес - 27.06.2007

Осигурениците на НЛБ - Нов пензиски фонд ќе добиваат повеќе средства на нивните сметки откако ова пензиско друштво ја намали провизијата од 8,5 на 7,9 проценти на средствата за придонеси што компаниите ги уплаќаат за своите вработени.

Берзанскиот пазар атрактивен за пензиските фондови

А1 - 26.06.2007

Берзанскиот пазар останува атрактивен за приватните пензиски фондови. Речиси сите пари од осигурениците ги вложуваат во домашни акции и обврзници. Иако македонската берзата во моментов бележи негативен тренд, во Нов пензиски фонд велат, тој е очекуван и вообичаен.

Помали провизии во „Македонска берза“

Време - 26.06.2007

ПОРАДИ НЕВООБИЧАЕНИТЕ ПРИХОДИ Во „Македонска берза“ сериозно размислуваат за намалување на провизиите што се наплаќаат за тргување со хартиите од вредност, дознава „Време“. На оваа тема разговарале членовите на Одборот на директорите на берзата на една од последните седници.

Нов закон за провизијата на приватните пензиски друштва

Канал5 - 26.06.2007

Владата со закон сака да ја контролира провизијата на приватните пензиски друштва. Во нацрт законот кој стигнал до Нов Пензиски Фонд стои дека контролната агенција МАПАС ќе биде задолжена еднаш годишно да ја ревидира максималната стапка на провизија која двата фонда ја земаат.