TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во палестински напад ранети 69 израелски војници

Време - 12.09.2007

ГАЗА Палестински герилци со ракета истрелана од областа Газа, која е под контрола на терористичката група Хамас, погодиле израелска воена база, при што 69 војници биле ранети. Четворица од ранетите се во сериозна состојба, јави британската телевизија „Би-би-си“.

60 израелски војници ранети во палестински напад

Вест - 12.09.2007

Тел Авив, 12 септември - Најмалку 60 израелски војници се повредени при ракетен напад изведен од правец на палестинска територија. Ракетите паднале врз израелска воена база, која се наоѓа на еден километар од појасот Газа. Десетина од војниците се сериозно повредени, соопштија медицинските служби ...

Проектил од Газа повреди 69 Израелци

Утрински - 12.09.2007

ГАЗА - Најмалку 69 израелски војници се повредени во експлозија на проектил истрелан од Газа врз армискиот камп во јужниот дел на Израел, соопшти армијата. Повредените, некои со потешки повреди од шрапнели, други само од удари, се пренесени во околните болници.

Ракета од Газа рани 50 Израелци

Дневник - 12.09.2007

Десетици израелски војници се ранети од шрапнели при експлозија на ракета од палестинско производство „касам“, истрелана од Појасот Газа, каде што власта ја контролира палестинското милитантно движење Хамас. Ракетата била истрелана од местото Бејт Ханун и падна во воена база кај ...

Ранети 69 израелски војници во палестински напад

А1 - 11.09.2007

Најмалку 69 израелски војници се ранети, од кои тројца во сериозна состојба, во текот на ноќта откако две ракети испукани од палестинска територија паднаа во Израел. Ракетите, испукани од Појасот Газа, ја погодиле базата Зиким јужно од градот Ашкелон, каде се обучуваат млади војници.

Нов палестински ракетен напад врз Израел од Појасот Газа

Канал5 - 11.09.2007

Најмалку 36 израелски војници се ранети, од кои тројца во сериозна состојба, во текот на ноќта откако две ракети испукани од палестинска територија паднаа во Израел, пренесува МИА. Ерусалим, 11 септември (МИА) Најмалку 36 израелски војници се ранети, од кои тројца во сериозна состојба, во текот на ...