Политичкиот дијалог што се одвива под покровителство на македонскиот претседател Борис Трајковски продожи и денеска во вилата "Билјана" во Охрид. Централна тема е употребата на албанскиот јазик, за компетенциите на ликалната полицијата сеуште ништо не се збирува.
Политичкиот дијалог што се одвива под покровителство на македонскиот претседател Борис Трајковски продолжи во вилата „Билјана“ во Охрид. На денешната нова рунда разговори под покровителство на Трајковски учествуваа лидерите на четирите политички партии, заедно со олеснувачите на дијалогот, ...
ЕКСПЕРТИТЕ ПОДГОТВУВАА ТЕРЕН ЗА ТЕТОВСКАТА РУНДА ДИЈАЛОГ Одложувањето со цел експертите добро да ја подготват средбата и да се постигне конкретен резултат Политичкиот дијалог на четирите најголеми партии во Македонија, задно со претседателот ...
ДИЈАЛОГОТ ПРОДОЛЖУВА СО НОВ ПРЕДЛОГ "Дневник" дознава дека меѓународните посредници ќе предложат компромис според кој албанскиот јазик ќе се прогласи за службен на државно ниво, но истовремено македонскиот ќе се прогласи за примарен службен јазик Преговорите за надминување на меѓуетничката криза во ...
Слободан Чашуле-Совршен чин Војната ја повикува Џафери, му помага Имери, а ја води во дослух со нив, Ахмети. На нив треба да им се каже да попуштат, да се откажат од војната и да # дадат шанса на демократијата. Македонската држава треба до крај да си ја врши работата и да ги растера фашистите, ...
По неколкудневниот застој поради прекршувањето на прекинот на огнот, политичкиот дијалог продолжува утре, но не во Тетово како што беше најавено туку во Охрид. Ова денеска го соопшти кабинетот на претсеедателот Трајковски, без да ја образложи причината зошто одлуката за местото на продолжуваањето ...
ОНА не врши етничко чистење, туку ги штити Македонците, изјавил лидерот на ДПА Арбен Џафери, а објавува денешен "Дневник". Според Џафери, изјавите на македонските бегалци биле дадени под психоза, а не затоа што навистина биле протерани.
Пратениците на Европската унија и на САД, Леотар и Пердју, се шокирани од обвинувањата дека ја поддржуваат ОНА или дека ги сметаат македонските безбедносни сили за одговорни за борбите во Тетово.
ФРАНСОА ЛЕОТАР Е ОПТИМИСТ ЗА ДИЈАЛОГОТ Експертите бараат модалитети за повеќе прашања, но безбедносната состојба ги оневозможува разговорите, вели Леотар Експертите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ нема да го продолжат политичкиот дијалог Тие тоа го оправдуваат со безбедносната состојба во земјава.
Македонија никогаш нема да дозволи да се спроведува етничко чистење на нејзината територија - рече претседателот Трајковски во неговото обраќање. Во борбата со овие антицивилизациски настојувања, нашата држава ја има подршката од меѓународната заедница.
БЛОКИРАНИ РАЗГОВОРИТЕ ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ Поради нарушената безбедносна состојба, претставниците на политичките партии вчера не разговараа за промена на Уставот. Албанскиот политички блок не отстапува од барањата за официјализирање на албанскиот јазик, а македонскиот вели дека тоа не е можно.
Испратените олеснувачи од ЕУ Франсоа Леотар и од САД Џејмс Пердју, на политичкиот дијалог што се води кај претседателот Борис Трајковски, најавуваат дека ескалацијата на терористичките воени дејствија во тетовскиот регион, сепак, нема да ги ...
БРИСЕЛ ЗА КРИЗАТА Безбедносната ситуација во Македонија стана загрижувачка откако албанската герила сериозно го прекрши прекинот на огнот, но вчера состојбата беше подобрена за нијанса, изјави висок европски дипломат. Според него, најважно е што политичкиот дијалог не е прекинат.
Преговорите меѓу лидерите на политичките партии во Македонија оваа недела продолжуваат со само едно прашање што треба да се реши, а тоа е употребата на официјален јазик, албанскиот, во одредени области и под одредени околности.
ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ПРОДОЛЖУВААТ СО МОДИФИЦИРАН ПРЕДЛОГ Олеснувачите вчера имаа средби со државниот врв. Експертските тимови на четирите политички партии што го водат дијалогот, на претседателот Трајковски и оние од ЕУ и САД, вчера ...
"ОЛЕСНУВАЧОТ" ПЕРДЈУ ЗА БИ-БИ-СИ Меѓународните претставници Франсоа Леотар и Џејмс Пердју вчера ја продолжија својата посредничка мисија. Двајцата "олеснувачи" на политичкиот дијалог вчера се сретнаа со експертите од кабинетот на претседателот Трајковски и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо ...
Во врска со насилствата во Тетово, пратениците на Европката Унија и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју го дадоа следново соопштение: „Многу сме разочарани од избувнувањата на насилствата во тетовскиот реон, и затоа остро ги осудуваме овие напади и каква било друга употреба на сила.
Дијалогот на политичките лидери продолжи и денеска.Утрово Леотар и Пердју се сретнаа со претседателот Трајковски , а потоа со лидерите Црвенковски и Георгиевски. Лидерите на албанските политички партии не отстапуваат од барањето за официјализирање на албанскиот јазик.
„Службената употреба на албанскиот јазик, ќе помогне за интеграција на aлбанската заедница во Македонија и за засилување на државата. Тоа не е разделувачки процес, туку начин да се придобие албанската популација“, изјави aмериканскиот олеснувач на политичкиот дијалог Џејмс Пердју во интервју за BBC.
НЕИЗВЕСНИ ДЕНЕШНАТА РУНДА РАЗГОВОРИ Денеска се очекува да продолжи политичкиот дијалог под покровителство на претседателот Трајковски, за кој минатата недела теренот го подготвуваа експертските тимови на партиите и на меѓународните посредници.
Коментар-Катерина Блажевска Џејмс Пердју и Франсоа Леотар добија слободен викенд, а терористите во Тетовско - работен. Во пресрет на денешното продолжување на дијалогот, припадниците на ОНА вчера од Шипковица, Гајре, Дреновец и Порој рафално потсетија за каков "официјален јазик" се залагаат и од ...