TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Притвор за татко и син кои чувале дома оружје

Вест - 12.01.2006

Истражен судија од основниот суд Скопје 1 на Рамадани Н. (50) од скопското село Студеничани му одреди мерка притвор во трење од 15 дена. Полицијата завчера при претрес во неговата куќа пронајде автоматски пушки, пиштол и муниција од различен калибар.

Ранетиот се бори за живот, фатен еден од напаѓачите

Вест - 11.01.2006

ПУКОТНИЦАТА НА БИТ ПАЗАР Е КРВНА ОДМАЗДА МЕЃУ ДВЕ СЕМЕЈСТВА ОД СКОПСКОТО СЕЛО СТУДЕНИЧАНИ 22- годишниот Асан Идризи од Студеничани кој беше погоден од куршуми од пиштол на скопски Бит пазар се бори за живот во Градската општа болница, а осомничени за вооружениот напад се тројца браќа од семејството ...

Не се знае дали ќе преживее жртвата на крвна одмазда

Време - 11.01.2006

ПО ПРЕСТРЕЛКАТА ВО ЧАИР Гоце Михајловски Дваесетгодишниот Асан Идризи од Студеничани се наоѓа во животна опасност по завчерашниот обид за крвна одмазда од неговите соселани браќата Рамадани, кој се случил во близината на поликлиниката „Бит-пазар“.

Тројца браќа осомничени за крвната одмазда пред Бит-пазар

Дневник - 11.01.2006

ПО ЗАВЧЕРАШНАТА ПРЕСМЕТКА Даниела Вељановска Тројца браќа од селото Студеничани се осомничени дека се обиделе да го убијат соселанецот Идризи Асан (21), завчера среде бел ден на Бит-пазар во Скопје. Причина за оружениот напад била крвна одмазда, утврди полициската истрага.

Соседите ја наплатија крвнината

Вечер Прес - 11.01.2006

Двасет и двегодишниот Асан Идризи е на Одделението за интезивна нега во Градска болница, приклучен е на апарати и тој се уште е во животна опасност, информираше д-р. Божин Ефтимов, директор на болницата. Тој, вели Ефтимов, имал две рани, една во градниот кош и една, прострелна, во стомакот.

Уапсен еден од учесниците во престрелката на Бит Пазар

А1 - 10.01.2006

По вчерашната престрелка кај поликлиниката Бит Пазар, уапсен еден од учесниците и неговиот татко. Амет Рамадан и татко му Ниметула од Студеничани, се уапсени откако при претрес на нивниот дом полицијата открила две автоматски пушки, еден пиштол и 100-тина парчиња муниција.

Двајца ранети во престрелка

Време - 10.01.2006

ГАЗИ БАБА Момче од скопското село Студеничани и случаен минувач вчера околу 13 часот биле ранети во обид за крвна одмазда, во скопската населба Гази Баба. Тројца напаѓачи вооружени со пиштоли стрелале од возило во движење и веднаш по нападот избегале во непознат правец.

Двајца ранети во крвнаодмазда на Бит-пазар

Дневник - 10.01.2006

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ Асан Идризи од скопското село Студеничани вчера напладне беше тешко ранет кај Бит-пазар, а еден куршум го погодил и Т.Ѓ., случаен минувач. Тројца напаѓачи пукале од автомобил. Полицијата знае кои се и е во потрага по нив.

Од возило во движење ранети двајца

Вечер Прес - 10.01.2006

Две лица се ранети во инцидент што вчера попладне се случи на улицата "Петре Ѓорѓиев" во Скопје. Повредените Т.Ѓ. (65) од Скопје и Асан Идризи од село Студеничани се пренесени во Градската општа болница. По укажаната лекарска помош старецот кој случајно се затекнал на местото на настанот е пуштен ...

Двајца повредени во престрелка кај поликлиниката Бит пазар

А1 - 09.01.2006

Две лица се повредени од огнено оружје во престрелката која се случи денеска околу 13 часот во непосредна близина на поликлиниката Бит пазар. Три лица од автомобил во движење пукале неколкупати од пиштол кон 20-годишниот Асан Идризи од скопско Студеничани.

Вооружена престрелка во Чаир - двајца повредени

Канал5 - 09.01.2006

Асан Идризи од Студеничани е потешко повреден во вооружена престрелка што се случила денеска попладне на улицата Петар Ѓорѓиев во населбата Чаир. Асан Идризи од Студеничани е потешко повреден во вооружена престрелка што се случила денеска попладне на улицата Петар Ѓорѓиев во населбата Чаир.