Неготинските лозари без пари за предаденото грозје. Некој од нив велат дека освен што не можат да работат на нива, тие едвај и преживуваат. Секојдневно се борат за гола живеачка. „Ништо нема. Што да јадеме? Компири? Ни компири не можеме да си купиме.
Незадоволните лозари од Неготинско вчера не дозволија излез од „Повардарие“ на два шлепера натоварени со по 25 тони вино за Словенија. Превозниците залудно разговараа по мобилен со газдата од Америка, лозарите што си ги бараат своите пари за грозјето не попуштија.
Неготинските лозари очекуваат конкретна владина помош за исплата на парите за грозјето, а не само на збор бидејќи во државата пари има. Откако излегоа на протест, масовно здружени сите лозари, со поддршката која ја добија, го премислија Премиерот.
Во неготинско најголем дел од лозјата, иако почнаа земјоделските работи, седат неизорани. Лозарите без пари, немоќни да ги почнат редовните земјоделски активности. Во посета на Тиквешијата денес беше премиерот Бучковски. Иако мина крај тиквешките полиња, не успеа да ги забележи необработените ...
ЛОЗАРИТЕ СО НОВИ ЗАКАНИ Лозарите од Неготино се заканија дека ако во рок од три дена Владата не ги прифати нивните барања, целосно ќе го парализираат градот. Децата нема да одат на училиште, ќе се затворат дуќаните и ќе се блокираат сите приоди кон општината и на автопатот.
Советот на Општината Неготино вчера ја поддржа идејата на лозарите Владата со пари од државните резерви да им ги плати грозјето што во минатата година го предадоа во „Повардарие“. Советниците бараат и надлежните државни органи да извршат контрола на работењето на винарската визба, а „Повардарие“ да ...
По седум месеци чекање, советниците од општинскиот совет вчера на итна седницасе зафатија со решавање на проблемот на неготинските лозари и веднаш со одбрана на власта - не може Владата да помогне. „И тогаш и сега велам: не можам да одам на барикадите пред капијата на „Повардарие“ бидејќи ...
Ако за три дена не ги добијат парите за ланското грозје што го предадоа во „Повардарие“, лозарите од Неготино ќе преземат порадикални мерки. Овој ултиматум тие вчера и' го поставија на Владата. Лозарите писмено побараа од премиерот Владо Бучковски да издвои 1,8 милион евра од државните резерви за ...
Неготинските трактори наместо да ораат лозја, денеска седеа на блокадите пред винарската визба „Повардарие“. Неготинските лозари масовно протестираа внатре во кругот на визбата. На протестот го повикаа и Велија Рамковски. „Во моментов на жиро-сметка, но во странски банки, има милијарда и пол ...
Уморни од чекање да ги добијат парите од „Тиквеш“ за грозјето што го предадоа пред неколку месеци лозарите во Кавадарци излегоа на протест. Доста им било од игнорирање и потценување, пет до дванаесет е, велат за да кажеме дека сме свесни оти сме изманипулирани, излажани и искористени.