TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш ја зголеми предноста пред Кери

А1 - 16.10.2004

Американскиот претседател Џорџ Буш,по последното телевизиско соочување на претседателските кандидати, ја зголемил предноста во однос на демократот Џон Кери, покажуваат синоќа објавенитерезултати од анкетата на агенцијата „Зогби“.

Чејни лут на Кери оти споменал дека ќерка му е лезбијка

Вест - 16.10.2004

ВАШИНГТОН (АП) - Дик Чејни и неговата сопруга му се лутат на Џон Кери зашто ја споменал нивната ќерка која лезбијка во последната претседателска дебата. Кери на ова рече дека само сакал да даде комплимент како се ВАШИНГТОН (АП) - Дик Чејни и неговата сопруга му се лутат на Џон Кери зашто ја ...

„Сексуалната определба на Мери Чејни не е изборно прашање“

Време - 16.10.2004

Републиканците го обвинуваат Џон Кери дека претерал со тоа што ја спомнал Мери Чејни, ќерка на потпретседателот Дик Чејни, на третата претседателска дебата. Претседателот Буш и потпретседателот Чејни се противат на хомосексуалците да им се даде право да склопат брак, но притоа Чејни има опозиција ...

Нејдер повторно му го чисти патот на Буш

Време - 16.10.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО САД Анкетите покажуваат дека „Третиот кандидат“ на претседателските избори во САД Ралф Нејдер има потенцијал и годинава, како и во 2000 година, да му го расчисти патот на Буш до Белата куќа. Нејдер е популарен американски активист за правата на потрошувачите, екологијата и ...

Кери ја посочи едната ќерка на Чејни како лезбијка

Утрински - 16.10.2004

Претседателската кампања во САД со ниски удари Од наШиот дописник Соња Крамарска Во трката за Белата куќа во САД првпат се случи да разменат отровни стрели и сопругите на двајцата кандидати за потпретседатели, републиканецот Дик Чејни и демократот Џон Едвардс.

Џорџ Буш и Џон Кери меѓусебно се обвинија за неспособност

Утрински - 15.10.2004

Последната трета јавна дебата на двајцата кандидати за функцијата претседател на САД Буш изјави дека Кери не покажал лидерски способности за време на својата 20-годишна кариера во Сенатот ТЕМПИ - Претседателот Џорџ Буш и демократскиот сенатор Џон Кери се конфронтираа за здравствената заштита, ...

Најбледа од трите дебати

Време - 15.10.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО САД Третиот и последен предизборен дуел на Џорџ В. Буш и Џон Кери не му донел загарантирана победа на ниту еден од кандидатите и само ја продолжил неизвесноста пред изборите закажани за 2 ноември. Ако во првиот дуел Кери извојува убедлива победа, а во вториот двајцата ...

Кери и Буш "флертуваа" со хомосексуалците

Дневник - 15.10.2004

ПОСЛЕДЕН ОБИД на ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ НИЗ ДУЕЛ ДА ПРИвЛЕЧАТ ГЛАСАЧИ - Ако разговарате со ќерката на Чејни, која е лезбијка, ќе ви каже дека таа е тоа што е - изјави демократскиот кандидат Кери На третиот телевизиски дуел и американскиот претседател Џорџ В.

Последна телевизиска дебата меѓу Буш и Кери

А1 - 14.10.2004

Демократскиот претседателски кандидат Џон Кери во синоќешната дебата го обвини актуелниот претседател Џорџ Буш за лошо водената војна во Ирак, за пораст на невработеноста и за зголемување на бројот на лицата кои останале без здраствена заштита.

Буш и Кери го трчаат последниот круг

Утрински - 14.10.2004

Финална дебата меѓу ривалите за иден американски претседател ТЕМПИ - Претседателот Џорџ Буш и демократскиот сенатор Џон Кери се состанаа синоќа на последната дебата која би можела да му даде значителна предност на еден од ривалите за Белата куќа, во последните три недели од трката.

Последна дебата пред одлуката

Време - 14.10.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО САД Претседателските кандидати Џорџ В. Буш и Џон Кери вчеравечер ја одржаа третата претседателска дебата, последна пред изборите. Дуелот беше закажан во Државниот универзитет на Аризона, а тема на дуелот беше домашната политика.

БУШ ИМАЛ СУФЛЕР

Вечер Прес - 14.10.2004

Таинственото испакнување на грбот, забележано под костумот на американскиот претседател Џорџ Буш во текот на првата дебата со демократот Џон Кери го привлече вниманието на двата водечки американски весника, "Њујорк тајмс" и "Вашингтон пост", откако неколку дена беше главна тема на Интернет.

Трет ТВ дуел меѓу Буш и Кери

А1 - 13.10.2004

Американскиот претседател, републиканецот Џорџ Буш и неговиот главен противкандидат на претседателските избори, демократот Џон Кери вечерва ќе го имаат третиот и последен телевизиски дуел, што ќе се одржи во Темпи во сојузната држава Аризона.

Кери води за1 отсто пред Буш

Дневник - 13.10.2004

АНКЕТА НА ГАЛУП За претседателскиот кандидат на демократите Џон Кери ќе гласаат 49 отсто од Американците, а за претседателот Џорџ В. Буш би се изјасниле 48 проценти од американските државјани, покажува анкетата на Галуп, јави МИА.

Кери води 1% пред Буш

А1 - 12.10.2004

Демократот Џон Кери води само еден процент пред актуелниот претседател Џорџ Буш во предизборната претседателска кампања, покажува последната анкета на Галуп. За Кери гласале 49, а за Буш 48 проценти од испитаниците. Поголемиот број од анкетираните изјавиле дека Кери појасно се изразува од Буш и ...

Розови очила против Флипер

Дневник - 12.10.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАМПАЊА ВО САД Таборите на кандидатите Џорџ Буш и Џон Кери водат специјална војна Христо Ивановски (Специјален известувач од Дурам, САД) Буш е во предност по втората дебата меѓу претседателските кандидати, оценуваат аналитичарите.

РЕЈТИНГОТ НА ЏОН КЕРИ ЗА ЕДЕН ОТСТО ПОГОЛЕМ ОД ЏОРЏ БУШ

Канал5 - 12.10.2004

За кандидатот на демократите Џон Кери ќе гласаат 49 отсто од Американците, додека за актуелниот претседател Џорџ Буш се изјасниле 48 проценти од испитаниците, во последната анкета на Галуп. Независниот кандидат за претседател на САД Ралф Недер и За кандидатот на демократите Џон Кери ќе гласаат 49 ...

Буш се врати во кондиција, но и Кери не се дава

Утрински - 12.10.2004

Американците проследија уште едно претседателско соочување во трката за Белата куќа На втората дебата Буш и Кери се караа за Ирак, економијата, образованието, здравството и за сў друго што е политички корисно оружје 25 дена пред изборите Од нашиот известувач Соња Крамарска ОКЛАХОМА СИТИ - Втората ...

Кери ги пофали фалсификуваните грчки економски успеси

Време - 12.10.2004

Американскиот претседателски кандидат Џон Кери ја пофали Грција за економските достигнувања, откако се покажа дека Грците ги фалсификувале своите буџетски извештаи за да влезат во Европската монетарна унија. Кери објави порака до грчките Американци, во кои ја фали Грција како сојузник во Втората ...

На Буш му ги шепкале одговорите на дебатата со Кери

Вест - 12.10.2004

ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Што било набабрувањето на грбот на палтото на американскиот претседател Џорџ Буш на претседателската дебата во Мајами минатата недела? Според информациите што се појавија на Интернет оваа недела, коцкастото набабрување што можело да се забележи меѓу плешките на Буш било ...

КЕРИ ВОДИ ПРЕД БУШ

Вечер Прес - 12.10.2004

12 ОКТОМВРИ(МИА). - Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, Џон Кери, води и по вторатата телевизиска дебата пред актуелниот претседател Џорџ Буш, покажуваат резултатите од истражувањето што го спроведе телевизиската компанија Еј-Би-Си.