Вчера напладне Скопје - Вчера во 13,40 часот повторно од косовска страна е нападната караулата ?Стража" на Армијата на Република Македонија, на македонско-југословенската граница во делот со Косово, изјави портпаролот на владиното Координативно тело за справување со кризи, Зоран Таневски.
Изјава на командантот на "лисиците", Хајнц Јорг Кер Скопје - НАТО изрази сомневање во веродостојноста за тежината на инцидент кај караулата "Стража", на границата меѓу Македонија и СРЈ во делот кон Косово, наведувајќи дека инцидентот што се случи доцна во средата не бил со таква димензија и од ...
РАЗЛИЧНИ ВЕРЗИИ ЗА ПРЕСТРЕЛКАТА КАЈ МЕСНОСТА СТРАЖА Не велам дека Министерството за одбрана лаже, но прилично сум сигурен, од фактите на терен, дека немало тежок инцидент како што беше опишан, изјави генерал Хајнц Георг Керл, командант на "лисиците" на НАТО Претставниците на меѓународната заедница ...
НATO изрази сомневање денеска околу прецизноста за димензиите на граничниот инцидент кај караулата „Стража“ на северната македонска граница во делот кон Косово. „Можеби имаше инцидент, но јасно не во таква димензија и вид како што беше соопштено“, им изјави денеска на новинарите во Скопје ...
Остра реакција на министерот за одбрана по завчерашниот инцидент на границата Сашко Димевски "Не го оценувам како обичен инцидент, туку како планиран напад во рамките на една екстремна политичка линија која се манифестира по прашањето на нашата северна граница, на делот со Косово", изјави вчера ...
Граничниот инцидент, во кој вчера попладне од косовска страна на два пати со зољи беше нападната караулата на АРМ Стража во областа Танушевци, не е обичен инцидент. Тоа е планиран напад на екстремистичка политичка линија што се манифестира на северната граница и кој по својата суштина го оспорува ...
Караула на Армијата на Република Македонија на границата со СР Југославија, во месноста Стража, близу до селото Танушевци, е нападната денеска попладне од територијата на СРЈ, односно од Косово, потврдија официјални извори од македонската војска.