TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Развиените земји ќе влезат во негатива

Време - 08.11.2008

Првпат по Втората светска војна стопанствата на развиените земји во текот на цела една година ќе бележат негативна стапка во својот економски пораст и опаѓање на бруто националниот производ, оценија аналитичарите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

ММФ со полоша прогноза за глобалниот раст во 2009

Утрински - 08.11.2008

ММФ со полоша прогноза за глобалниот раст во 2009. Вашингтон/Лондон - Меѓународниот монетарен фонд ги ревидира проекциите за економски раст за 2009 година во светот на ниво пониско за 0,75 процентни поени, на 2,2 процента, со оцена дека „глобалната активност драстично се забавува“.

ММФ ја намали прогнозата за глобалниот економски раст

Дневник - 08.11.2008

ММФ ја намали прогнозата за глобалниот економски раст. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидира проекциите за економски раст на глобално ниво за наредната година на 2,2 отсто, што е пониско за 0,75 процентни поени од претходно.Според ММФ, најсилните светски економии ќе забележат намалување на економската активност за 0,25 процентни поени.

ММФ со лоша прогноза за глобалниот раст во 2009 година

Алсат-М - 07.11.2008

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидираше проекциите за економски раст за 2009 година во светот. - Изгледите за глобален раст се влошија во текот на минатиот месец, во ситуација која слабеењето на финансискиот сектор продолжува,а опаѓа довербата на произведувачите и потрошувачите, се вели во најновата прогноза за светскиот економски раст.

ММФ со лоша прогноза за економијата

Форум - 07.11.2008

Според експертските анализи на Мeѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), за прв пат по крајот на Втората светска војна, стопанствата на развиените земји во текот на цела една година ќе бележат намалување на економскиот раст за 0.25 процентни поени и намалување на бруто националниот производ.

ММФ ја намали прогнозата за глобалниот економски раст

Макфакс - 07.11.2008

Проекциите за економски раст на глобално ниво за наредната година на ниво пониско за 0,75 процентни поени на 2,2 проценти денеска ги ревидираше Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според ММФ, најсилните светски економии ќе забележат намалување на економската активност за 0,25 процентни поени.

Точка на дебатата

Дневник - 06.11.2008

Извештајот на ЕК, по извештајот Doing Business на Светската банка, претставува уште една потврда од меѓународни институции за тоа дека Македонија на економски план остварила значаен прогрес. Тоа на некој начин става точка на интерните дебати за овие прашања.

Кризата ќе го стопи растот и во Македонија

Утрински - 05.11.2008

Инвеститорите ќе се повлекуваат, а ќе се намали и економскиот раст. Соња Маџовска. Економскиот раст ќе се намалува, инвеститорите ќе се повлекуваат или ќе станат многу повнимателни под влијание на светската финансиска криза. Од 5,5 проценти колку што се очекува да биде годинава растот на домашниот бруто-производ, прогнозите се дека тој наредната година ќе се спушти на 4,5 проценти.

Ставрески: Охрабрувачка прогноза за економски раст

Дневник - 05.11.2008

Ставрески: Охрабрувачка прогноза за економски раст. Во услови кога се предвидува нула стапка на економски пораст во ЕУ и негативна стапка во САД, проекциите на Европската комисија за пораст на македонската економија во 2009 година од 4,5 отсто се всушност многу охрабрувачки, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески.

Прогнозите на ЕК се потврда дека македонската економија се подобрува

Н.Македонија - 05.11.2008

Во услови кога се предвидува нула стапка економски пораст во ЕУ и негативна стапка во САД, проекциите на Европската комисија за пораст на македонската економија во 2009-та од 4,5 отсто се многу охрабрувачки, оцени вчера вицепремиерот Зоран Ставрески, пренесе МИА. Прогнозите на ЕК, според Ставрески, претставуваат најдобра потврда дека економските политики и реформи за подобрување на бизнис-климата ...

Ек со позитивни оценки за економијата

Сител - 05.11.2008

Извештајот на Комисијата утврди зголемен економски раст и подобрувања на бизнис климата. Главни фактори за раст од 6% забележан во првата половина на 2008-та се инвестициите и приватната потрошувачка. Земјата ја задржала макроекономската стабилност, ја зголемила наплатата на даноците, ги намалила бирократските процедури. Пораснале странските инвестиции.

ЕК: Забавување на економскиот раст на Македонија

А1 - 04.11.2008

Економскиот растеж на Македонија идната година ќе се намали, под индиректно влијание на светската финансиска криза, а се очекува намалување на стапката на инфлација и на невработеноста. Ова се наведува во вчера објавената полугодишна прогноза на Европската комисија за македонската економија, која препорачува „добро владеење“ и „ефикасна фискална политика“.

Еврозоната влезе во рецесија

Време - 04.11.2008

Економијата во еврозоната веќе технички е во рецесија, а економскиот пораст следната година ќе биде практично на нула, соопшти вчера Европската комисија, повикувајќи ги државите од регионот на координирана акција за поддршка на порастот. Економскиот пораст во 15-члената еврозона ќе забави, според процените на Комисијата, на 0,1 проценти следната година.

Брисел предупредува за пад на економијата

Дневник - 04.11.2008

Во текот на идната година, под влијание на глобалното економско забавување,условите за извоз на македонските компании ќе се влош ат, во земјата ќе влегува помалку капитал, што ќе се одрази на инвестициите и потрошувачката на граѓаните. Ова го предвидува Европската комисија во редовната полугодишна прогноза за македонската економија.Според тимот на комесарот за економија Јоакин Алмуња, економскиот ...

ЕК предвидува забавен економски раст за Македонија

Алсат-М - 04.11.2008

Економскиот раст на Македонија идната година ќе се намали, под индиректно влијание на светската финансиска криза прогнозира Европската комисија во својот полугодишен извештај. Комисијата оценува дека економскиот раст на Македонија од 5,5 насто годинава, во 2009 ќе се намали на 4,5 проценти, а во 2010 година ќе достигне 5 насто.

Ставрески: Прогнозите на ЕК се потврда дека македонската економија се подобрува

Алсат-М - 04.11.2008

Во услови кога се предвидува нула стапка на економскиот раст во ЕУ и негативна стапка во САД, проекциите на Европската комисија за пораст на македонската економија во 2009 од 4,5 отсто се всушност многу охрабрувачки, оценува вицепремиерот Зоран Ставрески. Прогнозите на ЕК, според Ставрески, претставуваат најдобра потврда дека економските политики и реформи за подобрување на бизнис климата кои се ...

Ставрески: Прогнозите на ЕК се потврда дека македонската економија се подобрува

Кирилица - 04.11.2008

Прогнозите на ЕК, според Ставрески, претставуваат најдобра потврда дека економските политики и реформи за подобрување на бизнис климата кои се реализираа во изминатите две години ја подобрија конкурентноста и ја зголемија отпорноста на македонската економија и оти таа и во такви тешки околности во светот ќе продолжи да расте со добра динамика.

Владата за растот

Канал5 - 04.11.2008

Економски раст од 4 и пол отсто за Македонија е доволен, особено во услови кога се предвидува економијата во Европа воопшто да не порасне. Ова е ставот на Владата за извештајот што вчера го објави Европската Комисија, а предвидува економскиот раст во Македонија да се забави.

Проекциите на ек ги разгореа страстите на опозицијата и власта

Сител - 04.11.2008

Од Kабинетот на вицепремиерот Ставревски денес пристигна соопштение во кое прогнозата на Европската комисија се оценува како охрабрувачка. - Во услови кога се предвидува нулта стапка на економски раст во ЕУ и негативна стапка во САД, проекциите на Eвропската комисија за пораст на македонската економија во 2009 од 4,5% се всушност многу охрабрувачки.

Прогнозите на ЕК се потврда дека економијата ни се подобрува

Вечер Прес - 04.11.2008

Прогнозите на ЕК се потврда дека економијата ни се подобрува. Во услови кога се предвидува нула стапка на економскиот раст во ЕУ и негативна стапка во САД, проекциите на Европската комисија за пораст на македонската економија во 2009 од 4,5 отсто се всушност многу охрабрувачки, оценува вицепремиерот Зоран Ставрески.

Ставрески: Македонската економија се подобрува

Нетпрес - 04.11.2008

Вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески вели дека во услови кога се предвидува нула стапка на економскиот раст во ЕУ и негативна стапка во САД, проекциите на Европската комисија за пораст на македонската економија во 2009 од 4,5 отсто се всушност многу охрабрувачки.

СДСМ: Македонската економија со најнизок раст во регионот

Нетпрес - 04.11.2008

Македонската економија во период од 2006 до 2008 година, остварила најнизок раст во регионот. Во 2006 година растот беше под шест отсто, и 2007 беше на исто ново, а годинава ќе биде под шест отсто. Владата не го исполнила ветувањето што им го дала на граѓаните, беше кажано на денешниот прес на СДСМ.

ЕК прогнозира забавување на економскиот растеж на Македонија

Макфакс - 04.11.2008

Економскиот растеж на Македонија идната година ќе се намали, под индиректно влијание на светската финансиска криза, а се очекува намалување на стапката на инфлација и на невработеноста. Ова се наведува во вчера објавената полугодишна прогноза на Европската комисија (ЕК) за македонската економија, која препорачува “добро владеење“ и „ефикасна фискална политика“.

Брисел: Економијата на земјите на Европската Унија ќе стагнира во 2009 година

Р.С.Европа - 03.11.2008

Европската Комисија денеска соопшти дека економијата на земјите на Европската Унија ке стагнира во 2009 и дека извесно мало напредување ке има во 2010 година. Според последното предвидување на Комисијата, во 2009 економијата во 15 те земји на евро зоната ке расте за 0,1 насто а просечно во 27 те земји на Европската Унија ке расте за само 0,2 насто во истиот период.

Годинава економски раст од5отсто

Дневник - 03.11.2008

Годинава економски раст од5отсто. Стапката на економскиот раст годинава не се очекува да биде пониска од околу пет отсто. Ова го најавија вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески и министерот за економија Фатмир Бесими, на вчерашната прес-конференција за постигањата на Владата во економскиот сектор во првите 100 дена од нејзиното работење.

ЕУ очекува економска стагнација

Форум - 03.11.2008

Европската Комисија поради финансиската криза драстично ги намали прогнозите за економскиот пораст во Унијата. Наспроти планираните 1,5% прогнозите се дека во наредната година порастот во евро-зоната ќе изнесува само 0,1%. За целата ЕУ прогнозите се корегирани од 1,8 на 0,2%. Комисијата очекува и стагнација во Германија.

Постигнувањата на Владата во економскиот сектор

Форум - 03.11.2008

Вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески и министерот за економија Фатмир Бесими на прес-конференција одржана во неделата (2 ноември) информираа за досегашните достигнувања на Владата во економскиот сектор, во првите 100 дена од нејзиното работење. Ставрески соопшти дека стапката на економски раст во земјата за 2008г.

И технички во рецесија економијата во еврозоната

Кирилица - 03.11.2008

Економијата во еврозоната е веќе технички во рецесија, а економскиот пораст следната година ќе биде практично на нула, соопшто денеска Европската комисија, повикувајќи ги државите од регионот на координирана акција за поддршка на порастот. - Врз економијата на ЕУ силно влијае сегашната финансиска криза.

Економскиот раст ќе забавува, оцени Европската Комисија

Канал5 - 03.11.2008

Растот на македонската економија ќе се забави. Од 5 и пол проценти колку што се очекува да биде годинава, БДП да се спушти до 4 и пол следната година. Ова се предвидувањата на Европската Комисија, за економските текови во државава. Забавениот раст на БДП се толкува како индиректен ефект од светската криза.

Економијата во еврозоната е веќе во рецесија

Вечер Прес - 03.11.2008

Економијата во еврозоната е веќе технички во рецесија, а економскиот пораст следната година ќе биде практично на нула, соопшти вчера Европската комисија, повикувајќи ги државите од регионот на координирана акција за поддршка на порастот, пренесе МИА. - Врз економијата на ЕУ силно влијае сегашната финансиска криза.

Еврозоната пред стагнација

Макфакс - 03.11.2008

Европската комисија денеска ја објави проценката дека еврозоната идната година ќе забележи минимален растеж од само 0,1 насто, поради глобалната финансиска криза. Најголемите европски економии ќе бидат близу запирање на растежот, смета комисијата, додавајќи дека Германија и Франција нема да имаат растеж,а Велика Британија ќе падне во рецесија со намалување на растот за еден проценти.

Хрватска ја посетиле над 10 милиони туристи

Макфакс - 03.11.2008

Хрватска во деветте месеци од годинава ја посетиле 10,4 милиони туристи, што е за 0,4 насто повеќе во однос на истиот период минатата година. Во истиот период е забележан растеж од 2 насто на бројот на ноќевања. Меѓутоа намалување на бројот на туристите на годишно ниво од 6,2 насто е регистриран во септември.