TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Техеран со своја снимка за инцидентот во Ормутскиот теснец

Време - 11.01.2008

ИРАН ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Иранската државна телевизија вчера емитуваше снимка за инцидентот со американските воени бродови во Ормутскиот теснец, снимена од иранските безбедносни сили во обид да му одговори на Вашингтон за објавениот видеозапис, пренесе МИА.

САД објавија снимка од инцидентот во Ормускиот Проток

Дневник - 10.01.2008

Пентагон објави видео- и аудиоснимка од инцидентот во Ормускиот Проток во неделата, кога пет ирански патролни чамци провоцираа американски бродови и се заканија дека ќе ги потопат. Материјалот од 4 минути и 20 секунди бил снимен од палубата на воениот брод „Хобс“ од Петтата американска флота.

Иран објави своја видео-снимка за инцидентот со воените бродови на САД во Ормунскиот теснец

Канал5 - 10.01.2008

Иранската државна телевизија денеска емитуваше видео - снимка направена од иранските сили за инцидентот со американските воени бродови во Ормунскиот теснец, во обид да му одговори на Пентагон кој вчера објави видео и аудио - снимка за случајот.

САД и Иран избегнаа воен судир

Дневник - 09.01.2008

САД и Иран засега без последици се извлекоа од најсериозниот воен инцидент во последно време - американски воени бродови се воздржаа да отворат оган врз ирански патролни чамци што провоцираа судир во Ормускиот Проток. Три чамци на иранската Револуционерна гарда „агресивно“ тргнале кон пет брода на ...

Инцидент во Ормутскиот теснец

Време - 09.01.2008

САД, ИРАН САД и Иран се наоѓаа пред најсериозната воената конфронтација во последно време бидејќи американски воени бродови беа на чекор да отворат оган врз бродови на Иранската Револуционерна гарда во Ормутскиот теснец, јави лондонскиот весник „Индипендент“.

САД и Иран на работ на војна?

Вечер Прес - 09.01.2008

САД и Иран се наоѓаа пред најсериозна воена конфронтација во последно време - американски воени бродови беа на чекор да отворат оган врз бродови на иранската Револуционерна гарда во Ормускиот теснец, пишува лондонски "Индепендент".

Светскиот печат за вчерашниот инцидент во Ормускиот теснец

Канал5 - 08.01.2008

САД и Иран се наоѓаа пред најсериозна воена конфронтација во последно време - американски воени бродови беа на чекор да отворат оган врз бродови на иранската Револуционерна гарда во Ормускиот теснец, пишува денешен лондонски „Индепендент“.