TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Министерот за внатрешни работи на Индија поднесе оставка

Макфакс - 30.11.2008

Индискиот министер за внатрешни работи Шиврај Патил денеска поднесе оставка бидејќи чувствувал „морална обврска“ по исламистичките напади во Мумбаи, соопштено е од владини извори. Патил, силно критикуван од медиумите што не обезбедил внатрешна безбедност, му ја поднесе оставката на премиерот Манмохан Синг, преземајќи морална одговорност за нападите во кои беа убиени близу 200 луѓе.

Њу Делхи: Индискиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

Р.С.Европа - 30.11.2008

Индискиот министер за внатрешни работи Шиврај Патил поднесе оставка поради како што изјави морална одговорност за смртоносните теристички напади во Мумбаи во кои загинаа најмалку 174 лица, а околу 200 беа ранети. Тој беше остро критикуван поради тоа што неговите служби за разузнавање не ги предвиделе нападите.

Крај на терористичките напади во Мумбаи - операцијата завршена

Макфакс - 29.11.2008

Последните вооружени исламисти кои се наоѓале во хотел во Мумбаи, се убиени утрината, а полицијата објави крај на операцијата. во кои загинаа најмалку 195 лица. „Сите операции се завршени. Сите терористи се убиени“, изјави Хасан Гафур, шеф на полицијата во Мумбаи, речиси 60 часа по почетокот на нападите. Тројца исламисти кои се наоѓале во хотелот Таџ Махал се убиени денеска, соопшти Џ.К.

Мумбај сe уште под опсада на терористите

Нова Македонија - 29.11.2008

Индискиот финансиски центар Мумбај вчера сè уште беше под опсада на терористи, кои во дводневниот напад на девет локации убија над 160 лица и ранија повеќе од 370. Заложничката драма во еврејскиот културен центар „Чабад хаус“ заврши трагично со пет мртви заробеници, меѓу кои и лидерот на еврејската заедница во Мумбај, Гаврил Холцберг.

Откриени 24 тела во хотелот Оберои во Мумбаи

Макфакс - 28.11.2008

Дваесет и четири тела се откриени во хотелот Оберои во Мумбаи, над кого денеска полицијата ја презеде контролата, по интервенцијата против оружените исламисти, соопшти денеска началникот на полицијата. „Откривме 24 тела. Операцијата е завршена во хотелот Оберои. Двајца терористи се убиени. Мислиме дека нема повеќе терористи внатре во хотелот“, изјави Хасан Гафур, началник на полицијата.

Индиските специјалци во акција за ослободување на заложниците

Макфакс - 28.11.2008

Индиските специјалци се спуштија денеска од хеликоптер на покривот на индискиот центар во Мумбаи, во кој, како што се претпоставува, исламските терористи заробиле најмалку 10 Израелци. Пред тоа припадниците на специјалните единици отвориле оган врз зградата, со цел да им го одвлечат вниманието од акцијата на покривот.

Ослободени 93 заложници, акцијата на индиската полиција продолжува

Макфакс - 28.11.2008

Ослободени 93 заложници, акцијата на индиската полиција продолжува. Мумбаи /28/11/ 10:25. Најмалку 93 лица, главно странски туристи, се ослободени денеска во хотелот „Оберој-Тридент“ во Мумбаи, повеќе од 36 часа откако хотелот беше нападнат од исламски терористи, соопшти ...

Индија го обвини Пакистан за нападите

Макфакс - 28.11.2008

Индискиот министер за надворешни работи Пранаб Мукерџи изјави денеска дека групи во Пакистан се одговорни за исламистичките напади во Мумбаи. Министерот најави дека индискиот премиер Манмоан Синг ќе разговара со пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари.

Бомбај: Продолжува акцијата на индиските специјалци против терористите

Р.С.Европа - 28.11.2008

Индиските специјалци ја продолжуваат акцијата за окончување на терористичко – заложничката криза во Мумбаи. Според полицијата, досега биле убиени 143 лица. Командосите спроведуваат спасувачка операција во еврејскиот центар, каде што имало заложници, а продолжуваат акциите за извлекување на заложниците и во хотелите Оберои Тридент и Таџ Махал.

Осум странци убиени во терористичките напади во Мумбаи

Макфакс - 28.11.2008

Осум странски државјани се убиени, а други 22 се ранети во терористичките напади во Мумбаи, официјално е соопштено денеска од индиските безбедносни служби. „Тројца од загинатите се Германци, двајца се Американци, а по еден од Јапонија, Канада и Австралија“, изјави М.Л.Кумауат, одговорно лице во безбедносните служби.

Бомбај: Индиските командоси се обидуваат да воспостават контрола, најмалку 119 загинати

Р.С.Европа - 28.11.2008

Индиските командоси се обидуват да воспостават контрола во регионот на Мумбаи по серијата координирани напади од вооружени милитанти во индискиот главен финансиски центар, во кој загинаа 119 лица а над 300 се ранети .Агенциите јавуваат дека индиските сили сеуште работат на отсранување на вооружените лица од луксузните хотели Раџ Палас и Оберои каде киднапиарњата следуваа откако вооружени ...

Командосите ослободија 93 заложници

Вечер Прес - 28.11.2008

Во Мумбај вчера изброаја околу 130 мртви и 315 ранети лица, а ослободените се главно од хотелите Таџ Махал и Тридент-Оберој. Во нападите загинаа најмалку осум странски државјани, а 22 биле ранети. Индиски командоси веќе го контролираат луксузниот хотел Тридент-Оберој во Мумбај, кој средата беше нападнат од исламисти, соопшти Џеј Кеј Дат, началник на индиската елитна Национална гарда за безбедност.

Крвави терористички напади во Индија

Нова Македонија - 28.11.2008

Најмалку 125 лица се убиени, а над 300 се ранети во крвавите терористички напади врз повеќе објекти во индискиот финансиски центар Мумбај, меѓу кои и хотели, железничка станица, болница, ресторан и други туристички објекти. Одговорност за нападите презела досега непознатата група Муџахедини од Декан.

Нов биланс – 125 загинати во нападите во Мумбај

Макфакс - 27.11.2008

Новиот биланс на загинати во терористичките напади во индискиот град Мумбај (поранешен Бомбај) се искачи на 125 лица, пренесоа вечерва западните агенции, повикувајќи се на официјални извори. Вооружени напаѓачи извршија во средата вечер серија координирани напади во финансискиот центар на Индија.

Индиската полиција ги потиснува напаѓачите од хотелите

Макфакс - 27.11.2008

Индиската полиција денеска почна да ја презема контролата врз луксузните хотели во Мумбаи, кои ги завзедоа вооружени лица, јавуваат медиумите. Полицијата и командосите одат од „соба до соба“ во хотелот со пет ѕвездички „Таџ Махал“, соопшти полицискиот комесар А.Н.Рој. „Внатре во зградата се пронајдени телата на убиените, кои ги изнесовме.

Терористички напади во Мумбаи, над 100 загинати

Макфакс - 27.11.2008

Најмалку 101 лице е убиено, а 287 се ранети во координирани напади што се случија синоќа во повеќе делови на индискиот град Мумбаи, а утрово терористите држат уште десетина заложници, јавуваат медиумите. Според истите извори, нападнати се најмалку 10 локации, вклучувајќи и два луксузни хотели „Таџ Махал“ и „Оберои Тридент“, каде што напаѓачите барале американски и британски туристи.

Светот ги осуди нападите и нуди помош, откажани летовите за Мумбај

Макфакс - 27.11.2008

Светот ги осуди нападите и нуди помош, откажани летовите за Мумбај. Скопје /27/11/ 16:17. Остра осуда на терористичките напади во Мумбај во кои загинаа над 100 лица изразија ОН, САД, ЕУ, НАТО, Кина, Русија и азиските земји, а поедини држави понудија помош за индискиот народ.

Убиени најмалку 100, ранети околу 300 лица!

Вечер Прес - 27.11.2008

Индиската престолнина Мумбај од завчеравечер е во хаос: бројките на загинати и повредени не се конечни, а се одвиваше и драматична борба за ослободување на заложниците од двата елитни хотели Таџ Махал и Тридент-Оберој. Вооружени напаѓачи, завчеравечер, во серија координирани напади во индиската административна престолнина Мумбај (порано Бомбај), според последните податоци, убиле 101 лице, а ...