TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сафин е единствен победник на воведниот ден на Ролан Гарос

А1 - 27.05.2007

Дождот го расипа отворањето на вториот годинашен тениски Гренд Слем, Ролан Гарос. Марат Сафин е првиот и единствен победник на воведниот ден, убедливо славеше над Фернандо Висенте. Сите останати мечеви планирани за денеска поради лошото време не почнаа.

Надал фаворит, Федерер гладен

Дневник - 26.05.2007

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е актуелен шампион и најголем фаворит за освојување на титулата на грен-слем турнирот Ролан Гарос, што почнува утре. Годинава Надал (20) успеа да победи на три од четири турнири на земјена подлога, на која е речиси непобедлив.

Сите типуваат на Федерер

Вечер Прес - 26.05.2007

Дури 74 отсто од анкетираните веруваат дека Швајцарецот ќе триумфира на престижниот турнир Ролан Гарос, додека кралот на земјена подлога Надал доби само 27 проценти гласови Само еден ден пред стартот на Отвореното тениско првенство на Франција, најдобриот играч во светот Швајцарецот Роже Федерер е ...

Мартиноски ќе игра на Ролан Гарос

Дневник - 24.05.2007

Повредата на лигаментите од коленото не се сериозни кај Илија Мартиноски, кој ќе игра во квалификациите на јуниорскиот дел на Ролан Гарос (27 мај - 10 јуни). Македонскиот Дејвис-куп репрезентативец го предаде мечот од 2. коло на турнирот во Милано, популарно наречен „Бонфилјо куп“, откако го ...

Мартиноски на Ролан Гарос

Вест - 23.05.2007

ТЕНИС Најмладиот македонски тениски репрезентативец Илија Мартиноски со 6:1, 6:0 го победи третопласираниот на светската јуниорска ранг-листа, Бразилецот Фернандо Ромболи, на турнирот "Трофеј Бонфиљо" во Милано. Во второто коло тој требаше да се сретне со Италијанецот Даниел Алехандро Лопез, но го ...

Роже Федерер му подари на Рафаел Надал маичка со својот потпис

Утрински - 23.05.2007

Најдобриот светски тенисери Швајцарецот Роже Федерер му подари маичка со потпис на Шпанецот Рафаел Надал по нивното финално соочување на Мастерсот во Хамбург. Ова го призна лично Надал кој по поразот во Хамбург побарал сувенир од Федерер, гест што доволно говори за посебниот однос меѓу овие двајца ...

Мартиноски се повреди

Дневник - 23.05.2007

Настапот на Илија Мартиноски (17) во квалификациите од јуниорскиот дел на „Ролан Гарос“ е неизвесен, откако македонскиот Дејвис куп репрезентативец го истегнал мускулот на ногата, играјќи на турнир во Милано. Мартиноски се повредил на почетокот од мечот во рамките на 2.

Многу повредени пред „Ролан Гарос“

Дневник - 23.05.2007

На Мартина Хингис и Марио Анчиќ им се приклучи и Вера Звонарева на листата тенисери што го откажаа учеството на „Ролан Гарос“. Русинката, која моментно е 19. на светот, има повреда на зглобот на левата рака. Во Париз нема да настапат и Ксавиер Малисе, односно Алберто Мартин, а долга е листата на ...

Масовни откажувања за главоболки

Вечер Прес - 23.05.2007

Досега 10 тенисер(к)и нема да се појават на Грен слем турнирот во Париз поради повреди и главоболки со што е скусен списокот на кандидати за трофеите Организаторите на Отвореното тениско првенство на Франција уште пред стартот се соочуват со сериозни проблеми поради откажувањата на тенисерите.

Јанковиќ меѓу фаворитките за триумф на „Ролан Гарос“

Дневник - 22.05.2007

Јелена Јанковиќ (22) ја потврди извонредната форма со триумф на ВТА-турнирот во Рим. Во финалето, пред забревтаната Србинка потклекна руската тенисерка Светлана Кузнецова (7-5, 6-1). Јанковиќ се промовира во редот на фаворитките за триумф на „Ролан Гарос“, со две титули во низа на земјена подлога.

Надал му симнува капа на Федерер

Дневник - 22.05.2007

Роџер е неверојатен. Ако воопшто сакате да загубите од некого, тогаш тој е вистинскиот човек. Не сум тажен по поразот од најдобриот светски тенисер, го коментираше Рафаел Надал дебаклот (6-2, 2-6, 0-6) против Швајцарецот Роџер Федерер, во финалето на турнирот од мастерс-серијата во Хамбург.

Најсрамниот пораз за Рафаел Надал

Вечер Прес - 22.05.2007

По 81 победа на земјена подлога тој доживеа пораз, првпат остана и без освоен гем против големиот Федерер Шпанецот Рафаел Надал го доживеа најсрамниот пораз во неговата кариера, на земјена подлога, по 81 победа во низа на Мастерс турнирот во Хамбург, Германија каде што најдобриот светски тенисер ...

Федерер и' стави крај на победничката низа на Надал

Утрински - 21.05.2007

По 13 освоени турнири и 81 победа на земја, Шпанецот загуби од првиот светски рекет со 2-6, 6-2, 6-0 во финалето на мастерсот во Хамбург Серијата на Рафаел Надал од 81 победа на земјани терени заврши со финалето на тенискиот мастерс во Хамбург, каде што Шпанецот загуби со 2-6, 6-2, 6-0 од првиот ...

Роже конечно го доби Надал

Вечер Прес - 21.05.2007

Швајцарецот Роже Федерер ја прекина доминацијата на најдобриот тенисер на земјена подлога, Рафаел Надал, совладувајќи го во финалето на Мастерс турнирот во Хамбург со 2:6, 6:2 и 6:0. Ова е прва победа за Швајцарецот на земјена подлога и прва титула годинава без тренер.