TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонската пченица со најниска цена во регионот

А1 - 23.07.2006

Македонската пченица со најниска цена во регионот. Во Македонија пченицата се откупува по седум денари од поголемите и по шест денари од помалите мелници, што е за 4 до 5 денари пониска цена од Хрватска и за два денари помалку од Србија.

Ниска откупна цена на пченицата

А1 - 23.07.2006

Ни родот ниту откупната цена не ги израдува ова лето производителите на пченица од струмичко. По невремето со град од пред еден месец приносите се значително намалени, па земјоделците како што велат немаат сметка да ангажираат комбајн за кого требаат да платат 500 денари за жнеење од декар.

Руската влада одлучи да почне да откупува пченица

А1 - 23.07.2006

Руската влада одлучи да почне да откупува пченица за да ја одржи цената. Во време на жетва кога понудата е зголемена и цената паѓа со вклучувањето во откупот, руската влада ќе го амортизира очекуваниот пад на цената, така што на земјоделците им гарантира, откуп по стабилни цени.

Жетвата привршува, но два клучни проблема сеуште стојат нерешени

А1 - 22.07.2006

Жетвата привршува, но два клучни проблема сеуште стојат нерешени, денарот премија и исплатата на ланската пченица. Дел од земјоделците ниту ја имаат земено премијата, ниту парите за ланската пченица. Неодамна од скопското село Студеничани земјоделците обелоденија за манипулациите со премијата за ...

„Жито Прилеп“ ќе им ја чува пченицата на земјоделците

Дневник - 21.07.2006

Фирмата „Жито Прилеп“ ќе им ја чува пченицата на земјоделците. Перо Стојкоски, претседател на здружението на земјоделци „Клас“, изјави дека постигнале спогодба со „Жито Прилеп“ за да им отстапи на земјоделците силоси за складирање 5.000 тони жито.

Малкумина од жетварите ќе се офајдат од меѓународниот тендер за пченица

А1 - 20.07.2006

Малкумина од жетварите ќе се офајдат од меѓународниот тендер за пченица. Осумте мелничарски фирми кои ја добија зделката вредна два милиони и 600 илјади евра, сами ќе одлучуваат од кои земјоделци ќе ја откупат пченицата по 8,20 денари, цена која сите ја понудиле на тендерот.

Земјоделците и мелничарите без договор за цената на пченицата

Утрински - 20.07.2006

Жетварите се закануваат дека пченицата ќе ја истураат по плоштадите во градовите БИТОЛА - По две недели задоцнување, жетвата на пченицата во Пелагониско започна. Земјоделците и мелничарите на вчерашната средба не се договорија колкава ќе биде откупната цена за килограм лебно зрно.

Наместо брашно, пченицата ќе стане сточна храна

Дневник - 19.07.2006

Ако мелничарите не понудат повисока откупна цена, битолските земјоделци се заканија дека ќе ја прекинат жетвата и ќе ја остават пченицата да из’рти Ако мелничарите не понудат повисока откупна цена, битолските земјоделци се заканија дека ќе ја прекинат жетвата и ќе ја остават пченицата да из’рти.

Задоцнета жетва и ниски приноси

Време - 19.07.2006

КОЈ ЌЕ ЌАРИ ОД ПЕЛАГОНИСКАТА ПЧЕНИЦА? Пелагониските земјоделци ја почнаа жетвата на пченицата со загриженост, кому ќе ја предадат и под какви услови. - Немаме што да правиме и не сум оптимист дека трудот што го вложивме ќе ни се исплати.

Добитокот ќе се гоштева со пченицата

Вечер Прес - 19.07.2006

Пченицата од струмичкиот регион ќе заврши како сточна храна за добитокот ако не се зголеми откупната цена, се заканија земјоделците од овој крај. Незадоволни од откупната цена на пченицата, која се движи од седум до осум денари за килограм, земјоделците житото го чуваат во амбарите, надевајќи се на ...

Во Струмичко привршува жетвата ─ откупот половичен

Канал5 - 18.07.2006

Жетвата на пченицата во Струмичкиот регион е при крај, но откупот на лебното жито е под очекувањата, така што во екот на главната жетвена кампања силосите на мелничката индустрија се речиси полупразни. Струмица, 18 јули (МИА) ─ Жетвата на пченицата во Струмичкиот регион е при крај, но откупот на ...

Прва рата за пченицата

Дневник - 18.07.2006

„Жито Вардар“ од Велес вчера почна да ја исплаќа првата рата за пченицата што ја откупи по 7,3 денари за килограм. Земјоделците ќе ги добијат парите на четири рати, јави МИА. Производителите што сакаат пари во готово ќе добијат по седум денари за килограм жито веднаш по предавањето.

„Жито Вардар" почна да ја исплаќа првата рата за откупената пченица

Утрински - 18.07.2006

ВЕЛЕС - АД "Жито Вардар" од Велес вчера почна да ја исплаќа првата рата за пченицата откупена по 7,3, денари. Земјоделците ќе ги добијат парите на четири рати. Земјоделците, пак, кои сакаат пари во готово ќе добијат по седум денари за килограм жито веднаш по предавањето.