TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Последователни потреси од вулканот во Конго

А1 - 20.01.2002

Силно последователни удари цела ноќ го потресуваа градот Гисени каде се засолнија повеќе од 300 илјади бегалци, три дена по ерупцијата на вулканот Нирагонго во Демократска Република Конго, кој го опустоши градот во непосредна близина на Гома.

Вулканска катастрофа во Конго

А1 - 19.01.2002

На веќе половина милион бегалци од Конго кои ја напуштија земјата поради насилната ерупција на вулканот Нирагонго, во последниве 25 години им се заканува глад. Црвениот крст и хуманитарните организации започнаа со делење храна и вода, но регионот се соочува со огромна катастрофа.

Најмалку 45 лица загинаа во ерупција на вулкан

А1 - 18.01.2002

Најмалку 45 лица загинаа, а илјадници бегаат пред лавата што се слева во Гома, најголемиот град на истокот на Демократска Република Конго, откако вчера еруптираше вулканот Наирагонго, во близината на градот. Повеќе делови на градот се во пламен, а луѓето бегаат во соседна Руанда.