Истражниот судија и обвинителот во иднина ќе бидат гарант за заштитата на приватноста на граѓаните бидејќи тие се единствените органи што ќе можат да го спречат прислушувањето во случаите кога тоа, иако е озаконето, нема да биде целосно оправдано, сметаат експертите по кривично право.
Кој ќе ја врши контролата на МВР во прислушувањето, прашуваат познавачите на кривично право Гордана Дувњак Експертите и' порачаа на Моника Маковеј, владината советничка за корупција, да не заборава дека со либерализацијата на прислушувањето и' прави лоша услуга на Македонија, бидејќи нашата земја ...
УТРИНСКИ ВЕСНИК: Експертите и' порачаа на Маковеј: Македонија не е Романија Експертите и' порачаа на Моника Маковеј, владината советничка за корупција, да не заборава дека со либерализацијата на прислушувањето и' прави лоша услуга на Македонија, бидејќи нашата земја има сериозни проблеми во ...
Товарот за заштита на приватноста од неоправдано прислушување, отсега во целост паѓа на истражниот судија, сметаат експертите по кривично право. Тој ќе мора да прави баланс меѓу почитувањето на човековите права и борбата со корупцијата.
Не може експерти по земјоделски и по енергетски науки да даваат мислење за прашања кои се однесуваат на државната безбедност и на борбата против организираниот криминал.
Полицијата негира дека се прислушува неконтролирано Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вчера ги демантираше обвинувањата во јавноста изречени од експертите дека, по последните законски измени во сферата на следењето на комуникациите, нема контрола во прислушувањето.
МВР остро се спротивстави на тврдењата на домашните експерти дека со новиот закон за прислушување се нарушуваат човековите права и е можна честа злоупотреба. Оттаму тврдат дека овој закон претставува моќна алатка во борбата против организираниот криминал.
Владината советничка Моника Маковеј тврди дека измените во законот за следење на комуникациите се дел од барањата на Европа кои Македонија морала да ги инкорпорира во законот.
Евроамбасадорот Ерван Фуере побарал официјално толкување од Брисел дали измените на Законот за следење на комуникациите, кои стапија на сила од денеска, ги загрозуваат правата и слободите на граѓаните.
Измените на законот за следење на комуникациите, донесени во итна и скратена постапка, се направени транспарентно, уверува министерката за внатрешни работи Јанкуловска. За нив, тврди таа, позитивно се изјасниле надлежните институции и меѓународни експерти.
Владата го донесе Законот за следење на комуникациите, со кој полицијата и одбраната добија одврзани раце да прислушуваат секого за кого имаат и најмало сомневање дека е вклучен во криминални дејства.
Македонската полиција се обидува на срамен начин да ги посочи како поддржувачи на криминалот и на корупцијата сите тие што мислат поинаку од власта и што го креваат својот глас против новиот Закон за следење на комуникациите, реагираат експерти, интелектуалци и претставници на опозицијата по ...
„Отсега, практично, се овозможува прислушувањето или другите електронски средства за следење и снимање да станат правило, а не исклучок во собирањето на потребните докази“, смета Сашо Ордановски, претседател на „Транспарентност Македонија“, по повод измените во законот за следење на комуникациите.
Законот за комуникациите ќе ги штити граѓаните Законот за следење на комуникациите, кој е во сила од завчера, не ги загрозува правата и слободите на граѓаните, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, откако невладината „Транспарентност Македонија“, обвини дека власта сега доби ...
Околу измените на Законот за следење на комуникации кој вчера Собранието ги изгласа со двотретинско мнозинство, се јавија доста реакции за негова можна злоупотреба.
Полицијата сега може да прислушува телефони, да инсталираат специјална опрема во сечиј стан или канцеларија, да поставуваат бубачки за прислушување или камери во домовите.
Прислушувањето нема да се злоупотребува Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера ги демантираше шпекулаците кои се појавија во јавноста околу измените во законот за следење на електронските комуникации.
Законот за следење и прислушување не ги загрозува човековите права на граѓаните. Измените во законот се со цел за прилагодување кон законот за кривична постапка, со што полицијата добива уште една алатка во борбата против организираниот криминал.
Со измените во законот за следење на комуникации што беше изгласан со двотретинско мнозинство во Парламент, ќе се добие еден силен инструмент во борбата, уште една ефикасна алатка во борбата против криминалот и корупцијата, рече денеска,министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Новиот закон за специјални полициски мерки за собирање докази со кој се дозволува некој да се прислушува само врз основа на сомнение, ќе се злоупотребува за политичка дисквалификации критикува невладината Транспарентност Македонија.
Во реакцијата на Министерството за внатрешни работи за донесувањето на Законот за прислушување се вели. „Сега, кога Република Македонија после 15 години конечно почна да добива позитивни оценки за напорите во сузбивањето на корупцијата, очекувано е да се јават поединци и интересни групи кои би се ...