Се закопаа воените секири, се скроија знамиња, се официјализираа јазици, се создадоа министри, се сменија премиери, претседатели, се промени Устав! Но, за 650 Арачиновци, кои во 2001 година беа избркани од своите домови, се уште нема решение и голем дел од нив живеат во колективни центри во Скопје.
АРАЧИНОВЦИ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА Емил Зафировски Државата ќе загуби околу 4,5 милиони евра за да ги обесштети раселените арачиновци доколку тие го добијат судскиот спор за претрпена штета во 2001 година. Станува збор за 60 македонски семејства што не може да се вратат во некогашните живеалишта.
Средба на премиерот со раселените арачиновци Владата ќе затвори еден проблем но ќе отвори друг со оние што се вратија во Арачиново ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Здружението на раселените арачиновци "Зора" е подготвено на компромис со Владата.
АПЕЛ Македонците и Албанците коишто живеат во Арачиново апелираат до Владата да ги дерегистрира и да го прекине статусот на раселените лица во колективните домови, а средствата што ги трошеше досега за нив да ги пренасочи во Арачиново.
РАСЕЛЕНИте МАКЕДОНЦИ ОД АРАЧИНОВО КАЈ БУЧКОВСКИ Премиерот Владо Бучковски на вчерашната средба со раселените Македонци од Арачиново им предложил да живеат во приватни станови додека не заврши судскиот процес што се води по нивната тужбата против државата заради материјална отштета.
Приватно сместување за раселените Арачиновци, кои немаат услови за враќање во своите домови. Ова е решението што вчера го договориле претставниците на здружението "Зора" на средбата со премиерот Владо Бучковски. "Премиерот ни објасни дека е неизводливо линеарно обештетување за сите раселени и ни ...
Раселените граѓани од Арачиново имаат нова понуда од Владата. Семејствата што повеќе од четири години живеат во колективните центри, сега треба да одлучат дали ќе ги напуштат и ќе заминат во приватно сместување. Раселените граѓани од Арачиново имаат нова понуда од Владата.
УТРЕ КАЈ ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ Раселените арачиновци утре треба да се сретнат со премиерот Владо Бучковски, од кого бараат да каже дали Владата конечно ќе го реши нивниот проблем, а во спротивно ќе штрајкуваат со глад. Според Јана Петрушевска, претседателка на здружението на раселени арачиновци ...