TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Измамените акционери од „Маврово“ избраа нов Надзорен одбор

Утрински - 08.12.2007

Шансите се бараат во продажба на компанијата, за што наводно веќе имало интересирање кај странски инвеститори На потег е државата - побрзо да го расчисти и да го санкционира овој криминал Акционерите на „Маврово“, на вонредното акционерско собрание кое се одржа завчера доцна попладнето, ги ...

Одговорните поднеле лажен извештај

Време - 07.12.2007

„МАВРОВО“ Мнозинскиот дел акционери на АДГ „Маврово“ вчера уште еднаш го разгледуваа финансискиот извештај за работењето на оваа компанија. - Вонредното собрание на акционери е свикано со единствена цел, повторно разгледување на извештајот, кој е позитивно оценет на собранието, кое се одржа на 26 ...

Забраната за Маврово продолжува

Вечер Прес - 07.12.2007

Македонската берза за хартии од вредност од вчера го продолжи прекинот на тргувањето со обичните акции на АДГ Маврово за уште 30 работни дена, по наложба на Комисијата за хартии од вредност. Тргувањето со акциите на Маврово се продолжува по втор пат, откако на Берзата се појави ценовно чуствителна ...

Ќе се бира нов управен и надзорен одбор на „Маврово“

А1 - 06.12.2007

Нов управен и надзорен одбор ќе изберат акционерите на градежната фирма „Маврово“. Целта е да може да влезат во компанијата и да ја скенираат реалната финансиска состојба. Веруваат дека има излез од кризата во која влегоа и акционерите и неколку граѓани, чии станови актуелното раководство на ...

Случајот „Маврово“ не смее да се повтори

Време - 06.12.2007

БЕРЗАТА СЕ ОГЛАСИ Случајот „Маврово“ заслужува да биде предмет на јавна дебата затоа што негативните последици што од него произлегоа, а особено разврската што следува по реакциите на сите надлежни институции ќе имаат големо влијание врз натамошниот развој на македонскиот пазар на хартии од ...

Случајот "Маврово" заслужува јавна дебата

Вест - 06.12.2007

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЧУВСТВУВА ПОСЛЕДИЦИ ОД ИЗМАМАТА Регулатор на пазарот со акции е Комисијата за хартии од вредност, а Македонската берза е само организатор. Берзата штом ги добила ценовно чувствителните податоци за трансформациите во "Маврово", веднаш ги објавила и, согласно надлежностите, го ...

Врвот на Берзата не чувствува одговорност за „Маврово“

Утрински - 06.12.2007

Директорот на Берзата, Иван Штериев, одговорноста ја лоцира кај компанијата НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Првите луѓе на Македонската берза не чувствуваат никаква одговорност во врска со скандалот „Маврово“ кој ги остави измамени инвеститорите што купувале акции од компанијата, додека нејзиното ...

Штериев: Берзата нема вина за „Маврово“

Дневник - 06.12.2007

Негативните последици од случајот, особено разврската што треба да следува по реакциите на сите надлежни институции, ќе влијаат многу врз понатамошниот развој на македонскиот пазар на капитал Берзата се огради од одговорност во случајот „Маврово“.

Вонредно акционерско собрание на Маврово

Канал5 - 06.12.2007

Откако изби скандалот со Маврово акционерите на вонредно собрание ги разрешија членовите на управниот одбор. Избраа нови. Веќе од идната недела најавуваат дека ќе влезат во компанијата и ќе ја разгледуваат финансиската состојба.

Берзата не укажува, туку организира тргувања

Вечер Прес - 06.12.2007

Со случајот Маврово ќе се види дека нашиот пазар не е она што бил пред неколку години, вели Штериев Берзата не може да дава препораки за купување и продавање на хартии од вредност, бидејќи таа може само да дистрибуира берзански информации и да го организира и регулира пазарот на капитал.

„Маврово“ останува на официјалниот пазар на берзата

А1 - 05.12.2007

Компанијата „Маврово“ останува на официјалниот пазар на берзата, бидејќи исклучувањето од котација во овој момент не би ги заштитило акционерите и инвеститорите. Македонската берза се огласи десетина дена откако во јавноста пукна аферата со градежната компанија, со барање надлежните да ги ...

Се води истрага за продажбата на акциите

Време - 05.12.2007

МВР РАБОТИ НА СЛУЧАЈОТ „МАВРОВО“ Министерството за внатрешни работи почна истрага за начинот на кој биле продавани акциите на АДГ „Маврово“ на македонската берза. - Доколку има одредени сознанија, ќе бидете информирани - кратко одговараат од МВР.

Македонскиот „Енрон“

Дневник - 05.12.2007

Пропаста на американскиот енергетски гигант „Енрон“ во почетокот на деценијава направи тектонски поместувања во светските економски текови и од темел го раздрма Вол стрит . Ги изнесе на површина сите слабости во глобалниот систем, кои овозможиле на официјален пазар на берзата да изгорат милиони ...

Берзата не чувствува вина за Маврово

Канал5 - 05.12.2007

Раководството на берзата не чувствува вина за скандалот со градежната компанија Маврово – случај сличен на пропаста на големиот Енрон. Не можеле да знаат што се случува во фирмата, ниту пак имале надлежност да објавуваат информации за кои не се официјално известени.

За случајот "Маврово" не сме одговорни

Вечер Прес - 05.12.2007

Македонската берза за хартии од вредност не е несигурна за тргување. Со ваква реакција вчера се огласија првите луѓе на Берзата, кои ги отфрлија обвинувањата на група акционери за одговорноста на директорот Иван Штериев за случајот со фирмата "Маврово".

Случајот Маврово со негативни последици за пазарот на хартии од вредност

Макфакс - 05.12.2007

Скопје Случајот Маврово заслужува да биде предмет на јавна дебата, затоа што негативните последици што произлегуваат од него ќе имаат големо влијание врз натамошниот развој на македонскиот пазар на хартии од вредност. Ова денеска го изјави директорот на Македонска берза, Иван Штеријев, ...

Акционерите бараат кривични за директорите на "Маврово"

Вест - 04.12.2007

ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ БЕРЗАТА ОД НОВИ ИЗМАМИ Мнозинските акционери на АДГ "Маврово" бараат Јавното обвинителство и МВР да ги санкционираат и кривично да ги гонат раководителите на "Маврово", со цел да се спречи да се случи вакво нешто и на друга компанија.

Државата да преземе мерки против менаџментот

Време - 04.12.2007

МНОЗИНСКИТЕ АКЦИОНЕРИ ВО „МАВРОВО“ БАРААТ Македонската влада преку Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи треба да преземе најенергични мерки и активности против криминалот кој е направен во АДГ „Маврово“, велат мнозинскиот дел акционери во оваа македонска градежна компанија.

Измамените бараат да се санкционира криминалот во „Маврово“

Утрински - 04.12.2007

Ако државата не ги преземе соодветните мерки, вредноста на акциите ќе падне до нула НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Оштетените акционери на „Маврово“ бараат државата најенергично и итно да го санкционира криминалот што го правеше раководството во компанијата, отворајќи фирми-ќерки на кои го пренесуваше ...

Државата да го спаси „Маврово“

Дневник - 04.12.2007

Акционерите го обвинија и директорот на Берзата, Иван Штериев, дека оставил четири дена да се тргува со акциите на „Маврово“, иако се појавиле ценовно чувствителни информации Кривично да се гонат директорот на „Маврово“ Ванчо Поповски и другите членови на Управниот одбор на компанијата, бараат ...

Кривично да се гонат директорите во фирмата Маврово

Вечер Прес - 04.12.2007

Мнозинските акционери на скопското градежно претпријатие "Маврово" бараат кривично да се гони раководството на фирмата бидејќи криело информации што се важни за потенцијалните купувачи на акции и на тој начин ги довело во заблуда оние инвеститори што се одлучиле преку Македонската берза да купат ...

Акционерите бараат мерки против „Маврово“

А1 - 03.12.2007

Владата веднаш да преземе мерки против криминалот што го направи раководството во градежната компанија „Маврово“, побараа денеска акционерите кои тврдат дека поседуваат мнозински удел. „Тоа раководство играло на картата ликвидација на „Маврово“ и они тоа го спроведуваат, ден денес тоа го прават и ...

Акционерите во Маврово бараат кривична одговорност за раководството на компанијата

Канал5 - 03.12.2007

Ниту еден странски инвеститор да не купува акции на Македонската берза. Измамените акционери во Маврово со порака до МВР и Јавното обвинителство- кривично да се гони раководството на компанијата и да има завршница скандалот со берзанските малверзации на градежната компанија.