Најавата за средба доаѓа откако Миловановиќ јавно им порача на лидерите да си ја сработат домашната работа Светлана Унковска „Премиерот Никола Груевски ќе ја закаже средбата на лидерите на четирите политички партии во текот на идната недела“, изјави вчера владиниот партпарол Ивица Боцевски.
Ќе биде несреќно решението некој да го отежне спроведувањето на договорот искористувајќи ја позицијата, смета Џилијан Миловановиќ До самитот на НАТО во Букурешт, Македонија треба ја засили борба против корупцијата,да ги заврши реформите и да ги спроведе двете преостанати точки од мајскиот договор, ...
Амбасадорката на САД во Скопје, Џилијен Миловановиќ вчера побара да се довршат реформите и да се реализираат двете преостанати точки од мајскиот договор пред априлскиот Самит на НАТО во Букурешт. "Силно ја охрабруваме Македонија да продолжи и да ги интензивира реформите, борбата против корупцијата ...
Амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ, во пресрет на самитот на НАТО во Букурешт, и' порача на Македонија да ја зајакне борбата против корупцијата, да се завршат започнатите реформи и да се реализираат двете преостанати точки од мајскиот договор.
ЛИДЕРКАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИТНА ЛИДЕРСКА СРЕДБА Лидерката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, бара итно да се одржи откажаната лидерска средба и да се деблокира политичкиот дијалог зашто само неколку недели пред клучната одлука за НАТО и извештајот на Европската унија државава нема време за губење.
Американската амбасадорка, Џилиен Миловановиќ, смета дека власта пред да донесе одлука за предвремени избори, треба да ги има предвид поставените рокови за спроведување на реформите. - Тоа е одлука на македонските граѓани и на политичките лидери.
Лидерска средба ќе се одржи следната недела, најави владиниот портпарол Боцевски, без да прецизира кога и дали Груевски добил уверување од Тачи дека ќе се појави на состанокот. По вчерашниот повик на Милованович да се комплетираат обврските од мајскиот договор пред НАТО, нема најава дека на ...
САД бараат од Македонија да покаже напредок во решавањето на јазикот и прашањето за социјален бенефит на борците на она пред априлскиот самит на НАТО - по изјавите од владеачите ВМРО ДПМНЕ и ДПА дека политичките критериуми за НАТО се исполнети, американската амбасадорка Милованович излезе со ...
ДПА ГИ УСЛОВУВА ЛИДЕРСКИТЕ СРЕДБИ Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нема да оди на лидерските средби, организирани од премиерот Никола Груевски, се додека Али Ахмети не признае дека не го исполнил т.н. мајски договор, тврдат извори од ДПА за „Време“.
ОТКАЖАНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ќе бара поништување на т.н. мајски договор, постигнат минатата година меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврди висок функционер на ДПА. Истиот извор наведува дека токму ова барање, а не наводната презафатеност на ...
Опозицијата се сомнева во објаснувањето на Владата околу причините за пролонгираната лидерска средба Средбата на лидерите на четирите најголеми партии од власта и од опозицијата, што по иницијатива на премиерот Никола Груевски требаше да се одржи вчера, е одложена по барање на претседателот на ДПА, ...
Лидерот на ДПА Мендух Тачи ќе инсистира да се поништи „мајскиот договор“ помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети и за жешките прашања - употребата на албанскиот јазик и статусот на припадниците на ОНА - да решаваат четирите најголеми партии на следната лидерска средба, тврдат партиски извори.
СДСМ се обиде да го исполитизира учеството на Тачи на лидерската средба. Најверојатно утре ќе се обиде да ја исполитизира и метеоролошката состојба во Македонија, вели портпаролот на Владата Ивица Боцевски ДПА ќе побара дел од жешките прашања за Албанците, за употребата на албанскиот јазик и за ...
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, бара поништување на Мајскиот договор меѓу Груевски и Ахмети. Висок функционер од неговата партија тврди дека откажаната лидерска средба е само уште еден сигнал до Груевски дека обврските од Мајскиот договор, законот за јазиците и борците на ОНА, треба да ги решаваат ...
Средбата на лидерите на четирите најголеми партии од власта и од опозицијата, што на иницијатива на премиерот Никола Груевски требаше да се одржи денеска, е одложена на барање на претседателот на ДПА Мендух Тачи заради негово отсуство од државата.
Тактички потег – вака опозицијата го толкува одложувањето на лидерската средба што го побара претседателот на ДПА Тачи. ДУИ вели дека Груевски, а не Тачи, е тој што издејствувал поместување на средбата на лидерите за да избегне разговор за крупни проекти за кои треба да реферира во Брисел.