TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

БиХ потпиша Договор за стабилизација и асоцијација

А1 - 04.12.2007

Босна и Херцеговина денеска го парафираше Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Договорот денеска во Сараево го парафираа еврокомесарот за проширување Оли Рен и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина во оставка Никола Шпириќ.

БиХ го парафираше Договорот за стабилизација и асоцијација

Макфакс - 04.12.2007

Сараево Босна и Херцеговина(БиХ) денеска го парафираше Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија(ЕУ). Договорот денеска во Сараево го парафираа еврокомесарот за проширување Оли Рен и претседавачот со Советот на министри на БиХ во оставка Никола Шпириќ.

БиХ денеска ќе го парафира Договорот за стабилизација и асоцијација

Макфакс - 04.12.2007

Сараево Босна и Херцеговина(БиХ) денеска ќе го парафира Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија(ЕУ). Договорот ќе биде потпишан денеска во Сараево, а на потпишувањето му претходеа консултации на еврокомесарот за проширување Оли Рен со политичките лидери во БиХ.

Смирување на балканските тензии

Макфакс - 04.12.2007

Лондон Европската унија(ЕУ) реши да го парафира Договорот за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина(БиХ) со надеж дека ќе ги намали тензиите на Балканот. Ова денеска го пишува весникот „Financial Times“, повикувајќи се на изјави на западни дипломати.

БиХ не е заложник на косовскиот статус

Макфакс - 04.12.2007

Белград Босна и Херцеговина (БиХ) има свои проблеми и предизвици, и не е заложник на идниот статус на Косово. Ова синоќа во Белград изјави високиот преставник на меѓународната заедница за БиХ, Мирослав Лајчак по средбата со српскиот претседател Борис Тадиќ.

Кризата во БиХ е минато

Вечер Прес - 04.12.2007

Високиот претставник во БиХ, Мирослав Лајчак, изјави дека политичарите од Република Српска разбрале дека никој нема да ги прегласа, а тие во федерацијата дека никој нема да им ја блокира работата на институциите на БиХ. Тој најави нов состанок на лидерите на шесте големи партии најдоцна до 15 ...

Босна не е демократска

Време - 03.12.2007

СПОРЕД МИРОСЛАВ ЛАЈЧАК Босна и Херцеговина не функционира како нормална и здрава демократска држава бидејќи во земјата нема единствен став спрема историјата, законот за државните празници и начинот на функционирање на државата, смета високиот претставник за Босна Мирослав Лајчак.

Договор за реформа на полицијата?

Вечер Прес - 03.12.2007

Во спротивно, со етнички поделена полиција нема влез во ЕУ Обединување на етнички поделената полиција во БиХ е една од клучните реформи и услови што ги поставува ЕУ за понатамошната евроинтеграција на земјата која е единствената од републиките на поранешна Југославија, која се уште не ја парафирала ...

Оли Рен во посета на БиХ

Макфакс - 03.12.2007

Сараево Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска ќе допатува во Сараево, каде што ќе се сретне со босанскиот државен врв. Во рамки на посетата, Рен во Сараево ќе се сретне и со лидерите на партиите што ја потпишаа „Мостарската декларација“ за реформа на полицијата, за да се увери дали договорот ...

Лајчак:ЕУ го наградува напредокот

Макфакс - 03.12.2007

Љубљана Процесот на интеграција во Европската унија(ЕУ) е најдобар начин да се обезбеди траен напредок и стабилност во Босна и Херцеговина(БиХ). Ова го изјави високиот и специјален претставник на ЕУ во БиХ Мирослав Лајчак, за време на разговорите со словенечките власти, во рамки на дводневната ...

Лајчак/Рен:Босанските лидери покажаа желба да тргнат на патот кон ЕУ

Макфакс - 03.12.2007

Сараево Лидерите во Босна и Херцеговина(БиХ) покажаа подготвеност да постигнат договор и да тргнат понатаму на патот кон Европската унија(ЕУ). Ова е заедничкиот заклучок на еврокомесарот Оли Рен и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, по нивната денешна средба во Сараево.