Демократската странка на Србија на претседателот Воислав Коштуница соопшти дека поради одземање на мандати на 21 пратеник на суд ќе бара заштита на законитостите и спречување на изборните кражби. Партијата на Коштуница оценува дека оваа одлука е јасна изборна кражба, која што по својот обем ги ...
Со одлука на Административниот одбор на српскиот парламент Белград - Одлуката на Административниот одбор на српскиот Парламент за одземање на мандатите на 21 пратеник од редовите на Демократската партија на Србија (ДСС) наиде на различни рекции во политичкиот врв на Србија.
Aдминистративниот одбор на парламентот на Србија синоќа со мнозинство на гласови го прекина мандатот на вкупно 21 пратеници од Демократската странка на Србија на Воислав Коштуница. Причина за одземање на мандатот, е нивното нередовно присуство на пратениците на седниците на парламентот.
Потпретседателот на демократската странка на Србија, Драган Маршиќанин изјави дека одлуката на претседателството на ДОС за одземањето на мандатите на пратениците од неговата партија е обид да се направи изборна кражба и да се промени избирачката волја на граѓаните.