СИНДИКАТОТ ПРОТИВ ОТПУШТАЊАТА Така ли сте навистина блиски? Ова ли е пат до успехот? Телекомот е и наш! Ова го напишале стотината вработени во „Македонски телекомуникации“ на транспарентите протестирајќи вчера пред дирекцијата на компанијата.
синдикатот се жали на притисоци Стотина вработени во "Македонски телекомуникации" под мотото "Доста беше" вчера во Скопје одржаа предупредувачки протест пред управната зграда на компанијата. Протестот го организираше синдикалната организација против најавеното отпуштање на 550 вработени, со ...
Дел од вработените во Телеком вчера одржаа мирен протестен собир пред Управата на компанијата Поддршка на вработените во †Телеком", кои ќе се отпуштат идната година, им даде првиот човек на Сојузот на синдикатите, Ванчо Муратовски "Не земајте ни го лебот од устата", "Не бараме пари, сакаме работа".
ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 550 -ТИНА ВРАБОТЕНИ, ШТО ЌЕ СЕ ПРОГЛАСУВААТ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК, ПРОТЕСТИРАА САМО 100 -ТИНА Стотина телекомци вчера напладне ги исвиркаа унгарските газди, повикувајќи го генералниот директор на компанијата Атила Сендреи 'да не им го зема лебот од уста'.
Стотина вработени во "Македонски телекомуникации" се одѕваа на вчерашниот едночасовен протест пред управната зграда на компанијата што го организираше синдикалната организација на Телеком. Наоружени со транспаренти и свирчиња, овие вработени од кои најголемиот број беа од Битола и Струмица му ...
Вработените во Телеком со протест против отпуштања. Што ќе ни се плати без работа, велат. Дополнително разгневени од заканите на Сендреј дека ќе ги брка од работа сите што ќе протестираат, прашаа, вака ли се влегува во Европа. „Ние не дојдовме овде да рушиме или да имаме деструктивно однесување.
Телекомци на протест ја исвиркаа последната одлука на менаџерите да ги отпуштат вишокот вработени без преговори за висината на отпремнините. Телекомци на протест ја исвиркаа последната одлука на менаџерите да ги отпуштат вишокот вработени без преговори за висината на отпремнините.
ТЕЛЕКОМОТ ДЕМАНТИРА Дарежливи сме кон вработените и не вршиме никаков притисок врз нив, демантираа вчера од „Македонски телекомуникации“ по веста дека Синдикатот на вработените ќе организира протест токму поради односот на менаџерите кон вработените.
ЗАКАНА ОД РАКОВОДСТВОТО на телеком Технолошкиот вишок во Македонски телекомуникации ќе биде отпуштен со отпремнина од само шест плати наместо да добијат 5 или 11 илјади евра, а за тоа ќе биде виновен Синдикатот, кој манипулира со вработените дека не се почитува Колективниот договор.
"Македонски телекомуникации" не верува дека повикот на синдикатот за протест што треба да се одржи денеска пред Управната зграда на компанијата, или, пак, генерален штрајк е во интерес на вработените. Како што истакнуваат од Телеком, во компанијата постои значителен број вработени, односно една ...
Атила Сендреј се закани со откази до сите вработени што утре имаат намера да се појават на протест поради отпуштањата. Денеска со наредба на првиот човек на компанијата - на сите вработени им е забрането да протестираат , мора да бидат на своите работни места, а може да ги напуштат само со ...
По најавата за протестен собир на телекомците закажан за утре ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Синдикатот манипулира со вработените во "Македонски телекомуникации", тврдејќи дека не се почитува Колективниот договор. Ова е краткиот коментар на раководството на "Телеком" по најавата на синдикалната организација ...
Се отпушта според законот, без да се почитува колективниот договор, реагира денеска синдикатот на „Телеком”, две недели по официјално понудените пакети за отпремнини на вишокот вработени. За нив не била спорна потребата од рационализација, туку начинот на кој врвот на компанијата сака да ги отпушти ...
ТЕЛЕКОМОТ НА ПРОТЕСТ Синдикатот на телекомот в петок организира протест поради притисокот што го врши раководството врз вработените што беа прогласени за технолошки вишок, вели Јордан Сандев, претседател на Синдикатот. Протестот поради неморалното и некоректно однесување на менаџерите ќе се одржи ...
ПО НАЈАВИТЕ ЗА ОТКАЗИ Синдикатот на "Македонски телекомуникации" в петок ќе организира предупредувачки штрајк пред управната зграда на телекомот поради притисоците врз вработените со испраќање на принуден одмор и најавите за откази.
Првиот човек на Телеком, Атила Сендреи и синдикалниот лидер во оваа компанија, Јордан Сандев прексиноќа "тет а тет" разговарале околу претстојниот процес за заминување од работа на 550 вработени што треба да се случи на почетокот на идната година.
Синдикатот на „Телеком“ во петок ќе организира протест пред дирекцијата на компанијата. На денешната вонредна седница, синдикалното раководство донело одлука - преку протест да му се спротистави на менаџментот кој го намалува бројот на вработените за нови 550 работници.
Скопје Владата на Република Македонија на денешната седница препорачала „натамошно забрзување на целиот процес на либерализацијата на телекомуникацискиот сектор“ – соопштено е официјално по завршувањето на седницата. Владата, всушност, расправала за „начинот на пресметка на висината на годишниот ...
Со одлука на менаџментот на „Македонски телекомуникации" Вработените во службата "Телеграф" при "Македонски телекомуникации" од минатата недела се испратени на тримесечен принуден одмор. Шеесет и три лица кои работеа во "Телеграф" ќе останат на принуден одмор до 7 февруари идната година, а додека ...
Револт, стрес и голем притисок чувствувале вработените во „Телеком“ по понудата од менаџерскиот тим доброволно да си заминат од работа и тоа со отпремнини од 11 илјади евра. Не се доволни вели синдикатот две недели по официјализирањето на понудата.
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ На бројот 186 од утре може да се нарачуваат телеграми, соопштија вчера од „Македонски телекомуникации“. Според нив, на ваков начин се модернизира начинот на прием и достава на телеграми, а цената останува иста.
(Вест) – среда, 16.11.2005 ДРЖАВАТА ГИ ПРОБИВА РОКОВИТЕ ЗА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ Агенцијата за електронски комуникациии до крајот на годинава ќе ги усогласува цените за користење на мрежата на Телеком од други оператори, што значи дека конкуренцијатра нема да се појави ни на ...
"Македонски телекомуникации" од денеска воведува нов модифициран и современ процес и доставување телеграми за корисниците. Граѓаните ќе можат да нарачаат телеграма преку фиксниот телефонски број 186 или директно во продажните места на Телеком.
Состојбата во "Македонски телекомуникации" се усложнува. Поради намерите за целосно укинување на телеграфскиот сектор што е во рамките на Телеком и негово префрлање во други сектори, 65 вработени од оваа служба во петокот добиле решенија за принуден одмор.