Првата проба на македонската евровизиска претставничка Каролина во „Хартвал арена“ во Хелсинки, мина во знакот на постојаните промени на светлото, пишува веб-страницата „Есктудеј “ . Екипата пробувала разни колоритни шеми, пред да се одлучи за конечниот изглед.
Македонската вечер, која во состав на евровизиското претставување во Хелсинки беше најавена за 7 мај, поместена е за ден порано. Значи, в недела вечер македонската делегација, почесниот конзул во Финска, локалниот клуб на Македонци и, се разбира, Каролина ќе бидат домаќини на националната вечер што ...
БИТОЛЧАНИ ЌЕ ЈА БОДРАТ КАРОЛИНА Луѓе од медиумите се спремаат за изборот на Песна на Евровизија во Хелсинки Битола, родниот град на Каролина Гочева, организира следење на Евровизија на 10 и 12 мај од Хелсинки, Финска, на неколку големи видеобимови на познатиот Широк сокак.
Поголемиот дел од евровизиските претставници само една недела до Евровизија веќе се во Хелсинки каде од денеска почнуваат со првите проби и прес-конференциите. Каролина на сцената ќе се качи во 11 часот, по што ќе се случи и првата средба со новинарите.
„ЕВРОСОНГ“ Нашата претставничка за „Евросонг“, Каролина Гочева, заедно со 25-члената делегација, денеска во попладневните часови ќе замине за Хелсинки, а до 10 мај најдоцна треба да и' се придружат и претставниците на медиумите.
Јас ќе бидам виновен ако не успееме да се пласираме во финалето, зошто сакам да ја заштитам Каролина, изјави вчера на пресот Григор Копров, авторот на текстот на евровизиската "Мојот свет" Поп-пејачката Каролина Гочева денес замина за Хелсинки, Финска каде со песната "Мојот свет" ќе ја претставува ...
ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕТО ЗА ХЕЛСИНКИ Под мотото „Да и посакаме среќа на Каролина“ вчера се одржа последната прес-конференција пред заминувањето на македонската делегација на изборот за песна на „Евровизија“ во Хелсинки, која беше во организација на МТВ.
Македонската претставничка на Евросонг во Финска, Каролина Гочева, на вчерашната прес-конференција во Македонската телевизија истакна дека по две и полмесечните интензивни подготовки, се чувствува максимално подготвена за настапот во Хелсинки.
Завчерашната последна средба со Каролина и дел од авторскиот тим за, како што рече шефицата на делегацијата Татјана Гоговска, среќен пат, мина во прилично релаксирана атмосфера и со соопштување на уште неколку детали за она што ја очекува нашата екипа на првиот ден во Финска.
Каролина утре патува за Хелсинки, а таму веќе задутре ја очекува првата проба и прес. Македонска дваесетчлена екипа тргнуваат со неа. На сцената освен Каролина ќе учествуваат и пратечките вокали Сара, Ана, Стево и двајца балетани.
Мини здолниште во зелена боја кое ќе ги открива долгите нозе на младата и убава Каролина. Ненападна шминка и фризура која ќе се вее со сценски ефект на ветер без традиционални елементи ќе бидат едноставното и контрастно надополнување на песната со етно нишка „Мојот свет“ на Каролина на 10 мај на ...
КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА КАРОЛИНА НА ЕВРОСОНГ ВО ХЕЛСИНКИ Каролина доби пофални зборови за изгледот на годинашниот национален избор за евровизиска песна во Универзалната сала во Скопје Во шиено зелено фраерско и едноставно мини фустанче, без етно елементи, на високи потпетици "Чезаре Паџоти" во пудра розова ...